Новости

Вечер на сефедарската музичка традиција

Во Предворјето на црквата „Света Софија“ публиката на фестивалот „Охридско лето“ вчера уживаше во сефардската музичка традиција преку концертот на кларинетистот Даниел Елиас, контрабасистот Марко Брем, Скот Вилсон на уд и канон и Кејси Бонд на думбек (тарабука). Ансамблот „Елиас Ладино“ ја враќа музиката на македонските Евреи дома. Од 1976 години овој ансамбл свири сефардска […]

Вечер на сефедарската музичка традиција Read More »

Полска вечер на „Охридско лето“  со Емануел Салвадор и Емилија Гох Салвадор

Традиционалната Полска вечер на фестивалот „Охридско лето“ вечерва во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот ќе донесе концерт на виолинистот Емануел Салвадор и виолистката Емилија Гох Салвадор. Емануел Салвадор според стручниот магазин „Страд“ е еден од најдобрите виолинисти од  неговата генерација. Настапувал како солист, камерен музичар и концерт-мајстор на концертните сцени во В.

Полска вечер на „Охридско лето“  со Емануел Салвадор и Емилија Гох Салвадор Read More »

Дино Имери – Блесок на концертниот подиум во Св. Софија

Современата пијанистичка уметност во Македонија бележи значаен подем во дваесет и првиот век. Низа млади уметници се достоен репрезент на нашата култура на интернационалните подиуми. Меѓу нив, веќе е сосем извесно, името на Дино Имери е запишано со златни букви. Дино Имери е комплетен музичар што од најмала возраст цврсто гради концертна кариера како извонреден

Дино Имери – Блесок на концертниот подиум во Св. Софија Read More »

Префинето музицирање на магионичарот на пијаното Дино Имери

Неверојатен и рафиниран квалитет на звукот, беспрекорна техника,инструментална култура и фасцинантна слобода со неверојатен интерпретациски квалитет во изведбите донесе вчеравечер на „Охридско лето“ македонскиот виртуоз на пијано, Дино Имери. Во црквата „Света Софија“ пред бројната и воодушевена публика, овој реномиран пијанист ги изведе композициите „Балада бр. 1“ оп. 23 во g-moll и „Херојска Полонеза” оп.

Префинето музицирање на магионичарот на пијаното Дино Имери Read More »

Уметници од Израел и Грција ќе музицираат на „Охридско лето“

Музичката програма на 63. „Охридско лето“ продолжува вечерва со настап на ансамблот „Елиас Ладино“ од Израел, а потоа и со Грчка вечер на гудачкиот квартет „Емилиос Риадис“. Ансамблот „Елиас Ладино“ ќе одржи концерт во Предворјето на црквата „Света Софија“ со почеток во 19 часот. Овој состав  ја враќа музиката на македонските Евреи дома. Од 1976

Уметници од Израел и Грција ќе музицираат на „Охридско лето“ Read More »

Немања Радуловиќ и „Дабл сенс“ – Harmonia Mundi на „Охридско лето“

Да се пренесе со зборови музички чин што успева да го покрене и најрамнодушниот слушател и да предизвика возбуда кај секој човек, речиси е невозможна мисија. Тука, обидите за детални анализи и согледувања кон аспектите на изведбата се беспредметни. Најлесно е да се каже: „спектакуларно“, „извонредно“, „блескаво“. Но факт е: кога го имате Немања Радуловиќ

Немања Радуловиќ и „Дабл сенс“ – Harmonia Mundi на „Охридско лето“ Read More »

Истенчен моќен звук и виртуозност во изведбите со „Пијано Трио“

Музичкиот репертоар на фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер продолжи со концерт посветен на истакнатиот македонски уметник, флејтистот Илија Зимбо. Во негова чест тројцата етаблирани музичари, обоистката Татијана Петрушевска – Караскаковска, фаготистот Марјан Милошевски и пијанистот Петар Макариевски обединети во „Пијано Трио“ во црквата „Света Софија“ на публиката и доловија сонати од Блаве, Пуланк и Сен Санс,

Истенчен моќен звук и виртуозност во изведбите со „Пијано Трио“ Read More »

Целовечерен концерт на македонскиот пијанист Дино Имери на „Охридско лето“

Дино Имери, еден од најреномираните македонски пијанисти денеска ќе одржи целовечерен концерт на „Охридско лето“  во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. На програмата се дела од Фредерик Шопен и Сергеј Рахмањинов. Со огромен успех, Имери настапува на престижните сцени низ светот, како гостин на врвни оркестри, како уметник – изведувач на  рецитали и како

Целовечерен концерт на македонскиот пијанист Дино Имери на „Охридско лето“ Read More »

Виртуозно музичко патување со Немања Радуловиќ и „Double Sense“.

Концерт за паметење донесе вчеравечер фестивалот „Охридско лето“ во рамките на Српската вечер на фестивалот на која настапи извонредниот српски виолинист Немања Радуловиќ во придружба на камерниот оркестар „Double Sensе“. Под ѕвезденото небо на Долни Сарај и пред бројната публика, Радуловиќ со неговата уникатна енергија и искреност во изведбите, како и со возбудливата виртуозност, длабочина

Виртуозно музичко патување со Немања Радуловиќ и „Double Sense“. Read More »

На „Охридско лето“ концерт посветен на флејтистот Илија Зимбо

Концерт посветен на прерано починатиот уметник, флејтистот Илија Зимбо ќе се одржи вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“ како дел од музичката програма на фестивалот „Охридско лето“. Ќе настапи „Пијано Трио“ составено од тројца етаблирани музичари Татијана Петрушевска – Караскаковска – прва обоа во оркестарот на НОБ, Марјан Милошевски – прв фаготист во

На „Охридско лето“ концерт посветен на флејтистот Илија Зимбо Read More »