Спектаклот Болеро вечерва на Охридско лето

Во рамките на музичката програма на Охридско лето вечерва ќе се одржи гала концерт и премиера на спектаклот Болеро во изведба на Националната опера и балет.

На сцената на Долни сарај со почеток од 22 часот ќе настапат солистите Сандра Митровска- сопран, Катерина Стојановска-сопран, Ѓорѓи Цуцковски- тенор, Владимир Саздовски-бас заедно со оркестарот на НОБ под диригенската палка на  Бисера Чадловска. Женскиот балетски ансамбл ќе го изведе балетскиот спектакл Болеро во кореографија на  Саша Евтимова.

Танцот е прослава на животот. Танцот е уметност на простор и време,едно бесконечно патување,една форма на медитација која живее низ векови.

Танцот е аранжман или патерн во простор и време,исто како и музиката,и привлекува временски ритам,како и музиката. Танцот носи ритам и во двете сфери-звучен и визуелен.Танцот е уметност во временскиот простор и како таква е единствена.

Музиката мора да биде поврзана со движењето,магнетни сили кои обединуваат групи,а силите на ритамот го носат телото низ просторот.Имајќи ги овие овие цитати како референца за делото,темата со која се занимаваме е многу комплицирана и ограничена,но сепак ни дава една слобода на изразување. Имајќи ја оваа идеја,ги гледам играчите како музички ноти кои патуваат низ времето и просторот,музиката е основата,а телото е инструментот.Како што сликарот ја користи четката на платно,скулпторот ги користи своите раце или писателот користејќи ги празните страници,пополнувајќи ги со секоја буква.Танцот ги поврзува уметноста и културата,што ги обединува сите нации низ целиот свет.Танцот е универзален јазик.