Високи претставници на ЕФА дел од свеченото отворање на 62 „Охридско лето“

Високи претставници на Европската Асоцијација на Фестивали (ЕФА) предводени од  претседателот на асоцијацијата Јан Бриерс,генералната секретарка Кетрин Девентер и Томас Хумел, член на Бордот на директори вечерва ќе присуствуваат на свеченото отворање на 62 издание на фестивалот „Охридско лето“ што ќе се одржи на Античкиот театар со четирите врвни италијански тенори Алесандро Косентино Де Акриса, Федерико Сера, Џовани Мариа Палмиа и Уго Тарквини.

Претставниците на ЕФА  вчеравечер во Охрид одржаа Конференциска средба  на членовите на Бордот на директори на Асоцијацијата. Се дискутираше за новите пристапи за организирање на фестивалите после ковид периодот, како и за подготовката на претстојниот Самит   и Генералното собрание што ќе се одржат во Ереван, Ерменија во септември годинава. Како тема на дневен ред на оваа средба беше и зајакнувањето на соработката помеѓу фестивалите, посебно во Југоисточна Европа и Туркије, а стана збор и за поддршката на уметниците и нивната потесна соработка и настап на фестивалите.

Фестивалот „Охридско лето“ е значаен партнер на Европска Асоцијација на Фестивали. Како нејзин член од 1994 година, овој фестивал секогаш давал голем придонес кон мисијата на ЕФА и нејзините проекти.