nikola.ohridskoleto

Воодушевена публика и бурни овации за вчерашната претстава „Секс, лаги и љубомора“

Народниот театар Охрид вчеравечер ја отвори драмската програма на фестивалот „Охридско лето“  со премиерата „Секс, лаги и љубомора“ од Марк Камолети, во режија на Коле Ангеловски. Професионалните актери Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ –Тодороска, Елизабета Стефановска,Билјана Билаловиќ – Вељаноска и Марија Новак покажаа извонредна игра и не го криеја задоволството што работеа со еден […]

Воодушевена публика и бурни овации за вчерашната претстава „Секс, лаги и љубомора“ Read More »

Прекрасна вечер со врвните пијанисти од пијано-дуото Кањацо

Прекрасна атмосфера вчеравечер приреди пијано-дуото АнАнтонио“ музицирајќи во црквата „Света Софија“. Извонредните уметници Ана Јосимовска –Кањацо и Антонио Кањацо изразувајќи ја својата виртуозност на пијаното донесоа дела од А. С. Аренски, Брамс, Рахмањинов, како и композиција од македонскиот композитор Томислав Зографски. -Првпат на „Охридско лето“ настапив пред 19 години сама, а овојпат  настапувам во дуо

Прекрасна вечер со врвните пијанисти од пијано-дуото Кањацо Read More »

Охридскиот народен театар ја отвора драмската програма на 62-то „Охридско лето“

Драмската програма на годинешното 62 издание на фестивалот „Охридско лето“  ќе биде отворена со премиера на  театарската претстава „  „Секс, лаги  и љубомора“ од  Марк Камолети, во режија на Коле Ангеловски, а во изведба на Народниот театар Охрид. Претставата ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“  вечерва со почеток во 21 часот. Улогите

Охридскиот народен театар ја отвора драмската програма на 62-то „Охридско лето“ Read More »

Пијано дуетот „АнАнтонио“ вечерва ќе музицира на „Охридско лето“

Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“  вечерва  во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот ќе донесе концерт на словенечкото пијано дуо „АнАнтонио“. „АнАнтонио“ пијано – дуетот го сочинуваат пијанистите Ана Јосимовска Кањацо и Антонио Кањацо. Двајцата признати музичари со македонско и италијанско потекло кои живеат и творат во Љубљана, Словенија. Нивниот врвен пијанистички

Пијано дуетот „АнАнтонио“ вечерва ќе музицира на „Охридско лето“ Read More »

Крената фестивалската завеса на 62-то „Охридско лето“

Извонредните вокални гласови на италијанските тенори Алесандро Косентино Де Акриса, Федерико Сера, Џовани Мариа Палмиа и Уго Тарквини придружувани од Оркестарот на Националната опера и балет на Република Северна Македонија и под диригентската палка на Лоренцо Бицари вчеравечер на Античкиот театар го означија почетокот на 62-ро „Охридско лето“ . Прогласувајќи го фестивалот за отворен, покровителот

Крената фестивалската завеса на 62-то „Охридско лето“ Read More »

Започнува 62-то „Охридско лето“

Шеесет и второто издание на фестивалот „Охридско лето“ ќе биде отворено  вечерва на Античкиот театар во 21 часот со четирите светски познати тенори од Италија, Алесандро Косентино Де Акриса, Федерико Сера, Џовани Мариа Палмиа и Уго Тарквини. Италијанските уметници ќе настапат  под диригентската палка на Лоренцо Бицари придружувани од Оркестарот на Националната опера и балет на Република

Започнува 62-то „Охридско лето“ Read More »

Високи претставници на ЕФА дел од свеченото отворање на 62 „Охридско лето“

Високи претставници на Европската Асоцијација на Фестивали (ЕФА) предводени од  претседателот на асоцијацијата Јан Бриерс,генералната секретарка Кетрин Девентер и Томас Хумел, член на Бордот на директори вечерва ќе присуствуваат на свеченото отворање на 62 издание на фестивалот „Охридско лето“ што ќе се одржи на Античкиот театар со четирите врвни италијански тенори Алесандро Косентино Де Акриса,

Високи претставници на ЕФА дел од свеченото отворање на 62 „Охридско лето“ Read More »

Свежина и млад дух  донесе „Подиумот на млади уметници“ 

Изминатите три вечери како предвесник на фестивалот „Охридско лето“, во црквата „Света Софија“ се одржа „Подиумот на млади уметници“. Идеен творец и организатор на овој проект е Музичката Младина на Македонија, а во негови рамки настапија младите уметници Богдан Дугалиќ од Србија, Андреј Поповски од Македонија, чешките млади музички надежи Камил Ел-Ахмадиех и Сара Једличкова,

Свежина и млад дух  донесе „Подиумот на млади уметници“  Read More »

„Подиум на млади“ како предвесник на 62-то „Охридско лето“

Неколкумина млади и исклучително талентирани музичари годинава ќе бидат дел од „Подиумот на млади уметници“  што се одржува од 9 до 11 јули  како предвесник на фестивалот „Охридско лето“ . Во катедралната црква „Света Софија“ вечерва од 19 часот  ќе настапи српскиот пијанист Богдан Дугалиќ кој ќе изведе дела од Фредерик Шопен и Сергеј Прокофјев.

„Подиум на млади“ како предвесник на 62-то „Охридско лето“ Read More »