Дополнителната програма на фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер понуди уште една изложба. Станува збор за фотографии на тема „Кина во моите очи“ организирана во соработка со Амбасадата на Народна Република Кина во Република Северна Македонија и Општина Охрид.

Годинава се навршуваат 70 години од државноста на Кина и по тој повод, Амбасадата на Н. Р. Кина во Република Северна Македонија, ја организираа оваа фотографска поставка на која учествуваат сите граѓани кои ја имаат посетено Кина.

-Во текот на изминативе 70 години, Кина темелно ја спроведе својата развојна филозофија која има за цел интересите на народот да ги постави во Центарот на вниманието и постигна големи достигнувања во политичката, економската, културната и општествената сфера. Кина активно ја промовира и изградбата на меѓународната соработка преку иницијативата „Еден појас, еден пат“ со цел формирање на нов вид меѓународни односи коишто се базирани на соработка со заемна корист и се’ со цел, создавање на заедница на човечката судбина, истакна советникот по политичките  прашања во Амбасадата на НР Кина во Република Северна Македонија, додавајќи дека  секоја година, повеќе од 10 илјади кинески туристи доаѓаат да ја посетата нашата земја, а  над 1000 Македонци  одат во туристичка посета на Кина, или пак да студираат таму.

Во името на Општина Охрид, се обрати претседателката на Советот на Општина Охрид Живка Ангелоска која упати честитки за државноста на, како што рече, нашиот пријателски народ.

-Сметам дека нема подобро место од Охрид во овој период од годината каде меѓу мноштвото културни збиднувања може да се направи една ваква изложба каде можеме да уживаме во убавината на фотографиите кои ни пренесуваат само мал дел од големата магија на Кина. Дотолку повеќе што автентичноста на овие фотографии,  иако не претендира, но поради својот природен, оригинален, специфичен тон, успева да достигне и уметничка вредност. Притоа да не заборавиме дека не се изработени од професионалци, туку од наши граѓани кои со различни поводи ја посетиле Кина, рече Ангелоска.

Претседателот на  Друштвото на македонско-кинеското пријателство Љупчо Маленко рече дека македонско-кинеското пријателство започна пред 25 години, и како што најави ќе трае уште долги години и ќе се продлабочува.

-Друштвото за македонско-кинеска соработка и пријателство е формирано пред 25 години. Со городост го истакнувам моментот дека ревносно се работеше на воспоставување заедничка соработка и на добрите односи, но и на она што значи претставување на нашите културни вредности, рече Маленко.

Изложбата на фотографии „Кина во моите очи“ што ќе биде отворена седум дена, а има цел да ја претстави природата, историјата, развојот и промените во Кина, како и пријателството помеѓу Кина и Република Северна Македонија, преку ретроспективата на македонските граѓани. Многу од авторите на фотографиите од изложбата  студирале, работеле или ја посетиле Кина.  Фотографиите се тематски распределени во четири категории: „Природата и природните богатства на Кина“, „Историски и културни знаменитости во Н. Р. Кина“, „Кинеските градови и нивните значајни обележја“, „Животот на луѓето во Кина“.

 

Во рамките на дополнителната програма на фестивалот „Охридско лето“ синоќа се одржа изложба на слики од Стефан Хаџи-Николов.

Станува збор за Ова ќе биде 77-ма самостојна изложба на Хаџи-Николов и осма во Охрид со што, сликарот  го одбележува тридецениското присуство на охридската ликовна сцена. Претставени се 40 слики од три творечки циклуси на авторот: знаменитостите на Охрид, дела со фигуративна тема и слики од циклусот „Пејзажи на душата“.

-Презадоволен сум од вечерашнот отворање на мојата самостојна изложба која предизвика голем интерес кај  посетителите и љубителите на ликовната уметност.  Големиот интерес, пред се’, се должи на мотивите од Охрид и знаменитостите на градот, но по подолго време во Охрид ги и поставив фигуративните теми, вели авторото на оваа ликовна поставка.

Изложбата на големиот сликар Стефан Хаџи-Николов што „Охридско лето“ ја организира во соработка со Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј од Охрид,  ќе биде достапна за љубителите на уметноста во Куќата на Робевци до 31 јули.

Стефан Хаџи-Николов е добитник на 16 награди меѓу кои и државната награда „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања за Република Северна Македонија во областа на културата и уметноста како и наградата „13 Ноември“ на град Скопје за долгогодишни високи остварувања во областа на сликарството.

Уметникот Хаџи-Николов  е роден  во Скопје, 1955 година. Педагошка академија- група ликовно воспитување завршил во 1975 година во Скопје.Член е на Друштвото на ликовни уметници од 1984 година.

Вечерен концерт со музика за гудачки инструменти приреди гудачкиот квартет „Асасело“ од Германија синоќа на фестивалот „Охридско лето“.

Младите и талентирани уметници, виолинистите  Ростислав Кожевников, Барбара Штрајл, челистката Јустина Шлива и Тееми Мјоханен на чело, со својата извонредна изведба на одбраните композиции ја воодушевија публиката во црквата „света Софија“.

-Вечерта ја започнавме со музиката од Бетовен, потоа ја отсвиривме Дисонансата на Моцарт. Тие  се едни од најлесните, но многу убави композиции, и на крајот свиревме музика од Шуберт. Ние како гудачки квартет настапуваме постојано заедно. Го основавме во Келн и следната година ќе одбележиме 20 години од нашето постоење што значи дека работиме прилично долго време, изјави виолинистката Барбара Штрајл.

Според неа, плановите на овој гудачки состав по настапот на „Охридско лето“

-Имаме план по нашиот концерт на фестивалот „Охридско лето“да ќе настапиме на концерт за германски композитори. Потоа ќе гостуваме на Музичкиот фестивал во Турку, Финска,  каде што се собираат многу познати уметници, а потоа ќе имаме изведба на програма со унгарски дела. Исто така планираме и соработка со танчери, како и обработка на современа музика.

Значајни настапи за квартетот „Асасело“ се концертното деби на сцената на  филхармонијата во Келн,  2017 година, како и нивната соработка со Ричард Сигал и Стефани Тирш на проекти со танц како на пример: „Бронза од Злато“ која ја изведуваат на Фестивалот посветен на Бетовен во Бон.  Преку различни награди и спонзорства, квартетот успева да развива проекти и да создава музички пријателства со бројни уметници меѓу кои: Кристоф Дежардин (Париз), Хаим Тауб (Тел Авив), Јурген Геизе (Салцбург) и Дејвид Алберман (Лондон). Ансамблот добива значајно уметничко водство работејќи заедно со некои од најзначајните композитори на нашето време: Томас Адес, Александра Грука, Михаел Џарел, Хелмут Лахенман, Хајнц Марти, Сергеј Невски, Матијас Пинчер, Волфганг Рим, Каја Саријахо и др.  Во 2016 година квартетот ги сними сите квартети на Арнолд Шенберг со сопранот Ева Реш за издавачката куќа Џенуин (Genuin). Во текот на оваа 2019 година ќе го изведат целиот циклус квартети на Шенберг во Келн, а се враќаат и на „Бетовенфест“  во Бон со нов танцов проект од Стефани Тирш.

Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со концерт на гудачкиот квартет „Асасело“ од Германија.

Ќе настапат виолинистите Ростислав Кожевников и Барбара Штрајл, Јустина Шлива на виола и Тееми Мјоханен на чело. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.

Квартетот „Асасело“ е формиран во Базел во 2000 година, уште  додека неговите членови биле студенти на отсекот за камерна музика на тамошниот факултет. По дипломирањето квартетот се сели во Келн каде членовите продолжуваат да работат и да студираат под менторство на познатиот квартет „Албан Берг“.

Членовите на „Асасело“ кариерата ја започнуваат со победата на натпреварот „Мигрос Културпроцент“ во Цирих по што следат турнеи и интернационални концерти во Унгарија, Русија, Холандија и Велика Британија.

Во 2009 година квартетот „Асасело“ ја освојува втората награда на првиот натпревар за  камерна музика во Хамбург, а следната година ја добиваат годишната награда која ја доделува Асоцијацијата на концертни агенции на Германија.  Значајни настапи за квартетот се концертното деби на сцената на  филхармонијата во Келн,  2017 година, како и нивната соработка со Ричард Сигал и Стефани Тирш на проекти со танц како на пример: „Бронза од Злато“ која ја изведуваат на Фестивалот посветен на Бетовен во Бон.  Преку различни награди и спонзорства, квартетот успева да развива проекти и да создава музички пријателства со бројни уметници меѓу кои: Кристоф Дежардин (Париз), Хаим Тауб (Тел Авив), Јурген Геизе (Салцбург) и Дејвид Алберман (Лондон). Ансамблот добива значајно уметничко водство работејќи заедно со некои од најзначајните композитори на нашето време: Томас Адес, Александра Грука, Михаел Џарел, Хелмут Лахенман, Хајнц Марти, Сергеј Невски, Матијас Пинчер, Волфганг Рим, Каја Саријахо и др.  Во 2016 година квартетот ги сними сите квартети на Арнолд Шенберг со сопранот Ева Реш за издавачката куќа Џенуин (Genuin). Во текот на оваа 2019 година ќе го изведат целиот циклус квартети на Шенберг во Келн, а се враќаат и на „Бетовенфест“  во Бон со нов танцов проект од Стефани Тирш.

 

Во организација на фестивалот „Охридско лето“ и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј од Охрид, вечерва во Куќата на Робевци со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложба на сликарот Стефан Хаџи-Николов.

Ова ќе биде 77-ма самостојна изложбва на Хаџи-Николов и осма во Охрид со што, сликарот  го одбележува 30-годишното присуство на охридската ликовна сцена.

На изложбата ќе бидат претставени 40 слики од 3 творечки циклуси на авторот:знаменитостите на Охрид, дела со фигуративна тема и слики од циклусот „Пејзажи на душата“.

Стефан Хаџи-Николов е добитник на 16 награди меѓу кои и државната награда „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања за Република Северна Македонија во областа на културата и уметноста како и наградата „13 Ноември“ на град Скопје за долгогодишни високи остварувања во областа на сликарството.

Уметникот Хаџи-Николов  е роден  во Скопје, 1955 година. Педагошка академија- група ликовно воспитување завршил во 1975 година во Скопје.Член е на Друштвото на ликовни уметници од 1984 година.

Неговата изложба на „Охридско лето“ ќе биде отворена за љубителите на сликарството до 31 јули.

 

„Кина во моите очи“ е темата на изложбата што ќе биде отворена вечерва во 19 часот во  малиот изложбен салон на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, во рамките на фестивалот „Охридско лето“.

Годинава се навршуваат 70 години од создавањето на Народна Република Кина и по тој повод, Амбасадата на Н. Р. Кина во Република Северна Македонија, организира изложба на фотографии на која учествуваат сите граѓани кои ја имаат посетено Н. Р. Кина.

Изложбата на фотографии има цел да ја претстави природата, историјата, развојот и промените во Кина, како и пријателството помеѓу Кина и Република Северна Македонија, преку ретроспективата на македонските граѓани. Многу од авторите на фотографиите од изложбата  студирале, работеле или ја посетиле Кина.  Фотографиите ќе бидат тематски распределени во четири категории: „Природата и природните богатства на Кина“, „Историски и културни знаменитости во Н. Р. Кина“, „Кинеските градови и нивните значајни обележја“, „Животот на луѓето во Кина“.

Иницијативата за оваа изложба како и нејзината организација е на Амбасадата на  Н. Р. Кина, Општина Охрид и „Охридско лето“.

Маестрален настап на фестивалот „Охридско лето“  синоќа приреди Националната Опера и Балет на Република Северна Македонија поставувајќи ја балетската претстава „Либертанго“ на музиката на еден од најекспонираните претставници  на тангото, Астор Пјацола.

Публиката се воодушеви од мајсторските изведби на Александра Мијалкова, Васил Чичијашвили, Марија Кичевска Шокаровска, Наташа Јосифовска, Саша Евтимова, Игор Веланоски, но и на сите уметници кои совршено владееја со сцената.

„Либертангото“  ја долови приказната за создавањето и патот на тангото на кое токму Пјацола му даде нови жанровски димензии и го доведе до совршенство.

Преку животниот пат на семејството Пјацола, приказната поставена на Долни Сарај  предизвика силни емоции, ја донесе љубовта, страста,желбата, љубомората…

Кореографијата за балетската претстава „Либертанго“ ја работеше познатата италијанска кореографка и поранешна балерина, Сабрина Боско со асистентите-кореографи Горан Божинов и Олга Панго, а либретото за животна приказна на композиторот Пјацола и режијата се на Наташа Поплавска.

„Либертанго“  е една од најпопуларните танго-композиции на 20-от век.

  

Традиционалната вечер на фестивалот „Охридско лето“ синоќа донесе концерт на финскиот пијанист Оли Мустонен.

Публиката во црквата „Света Софија“ уживаше во звуците од пијаното со кое беспрекорно владееше познатиот пијанист Мустонен преку Сонатата за пијано во А-дур од Лудвиг ван Бетовен, Шесте мазурки на Фредерик Шопен, Сонатината во фис-мол од Јан Сибелиус, Сонатата за пијано бр. 7 Б-дур од Сергеј Прокофјев, како и Соната за пијано „Јехкин ливана“ напишана од самиот пијанист кој со своето музицирање ја воодушеви публиката, но и преку извонредниот настап и‘ ги пренесе и своите впечатоци од фестивалот „Охридско лето“ каде настапува првпат и од градот.

-Воодушевен сум од Охрид и од езерото кое е вистински рај. Исто така ме фасцинира и црквата каде што настапив.Вечерта ја започнав со соната од Бетовен и моментално сум на средина од свирење на сите негови сонати.Исто така застапени беа и фински композитори. Репертоарот е правен специјално за мојот настап на „Охридско лето“, вели пијанистот Мустонен.

Вечерта на Европската унија се одржува традиционално на фестивалот „Охридско лето“ под покровителство на Амбасадата на Европската унија во Република Северна Македонија. Вчерашниот концерт го следеше и Амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија, Самуел Жбогар кој  како добар домаќин  ја пречекуваше публиката на влезот од црквата.

– Морам да кажам дека „Охридско лето“ е прекрасен фестивал со многу долга традиција.Им носи радост на охриѓани, но се разбира и  на туристите. Квалитетот на фестивалската програма е одличен и горди сме што секоја година сме дел од „Охридско лето“. Годинава, бидејќи Финска го презеде претседавањето со Европската унија, во оваа величенствена  црква донесовме одличен фински пијанист, изјави евроамбасадорот Жбогар.

Оли Мустонен во светот е познат по неговите врвни интерпретации на пијаното, а во родната Финска е многу ценет како композитор.

 

“China in My Eyes” is the theme of the exhibition that will be opened tonight at 7 pm in the small exhibition hall of the Center for Culture “Grigor Prlicev” in Ohrid, within the frames of the festival “Ohrid Summer”.

This year marks the 70th anniversary of the establishment of the People’s Republic of China, and on this occasion, the Embassy of the Republic of China. R. China in the Republic of Northern Macedonia, organizes an exhibition of photographs on which all citizens who have visited N. R. China.

The photography exhibition aims to present the nature, history, development and changes in China, as well as the friendship between China and the Republic of Northern Macedonia, through the retrospective of the Macedonian citizens. Many of the photographers from the exhibition studied, worked or visited China. The photos will be thematically divided into four categories: “China’s Nature and Natural Treasures”, “Historical and Cultural Landmarks in N. R. China “,” Chinese cities and their significant landmarks “,” People’s lives in China “.

The initiative for this exhibition as well as its organization is at the Embassy of N. R. China, the Municipality of Ohrid and “Ohrid Summer”.

Семинар по пијано со интернационалниот професор по пијано Коли Карл Андреас од Швајцарија се одржа во текот на изминатите седум дена во рамките на фестивалот „Охридско лето“ а со поддршка на Музичката младина на Република Северна Македонија.

Извонредниот професор по пијано Коли Карл Андреас им го предаде своето искуство на средношколци и студенти кои се усовршуваат на пијано од Германија, Швајцарија, Косово и Република Северна Македонија.

Во текот на семинарот што се одржа во Основното музичко училиште „Методи Патче“,  младите и талентирани пијанисти ја покажаа и својата досегашна стекната практика, а ги усовршуваа и техниките  на изведба и избор на дела. За стекнатата обука кај реномираниот професор, тие добија и дипломи.