Акордите на гитарата од шпанскиот мајстор Игнасио Родес синоќа одекнуваа во црквата „Света Софија“. Публиката на „Охридско лето“ имаше можност да ужива во романтичната вечер што ја приреди маестро Родес кој со своето музицирање успеа да ги задржи вниманието и концентрацијата кај гледачите до крајот на концертот. Доказ дека публиката што ја наполни црквата навистина уживаше, беа и двете бис-изведби.

– Многу добро се сеќавам на моментите кога првпат свирев во црквата „Света Софија“ во Охрид. Бев импресиониран од акустиката на амбиентот, од убавината на градот и еве ме повторно, во прекрасната црква и прекрасниот град. Навистина е големо задоволството да се биде овде, изјави шпанскиот мајстор на гитара, Игнасио Родес.

Иако, вели, поминаа 23 години од неговиот прв солистички концерт на „Охридско лето“, сепак, чувството да се настапи на еден ваков фестивал со огромно реноме е прекрасно.

На синоќешниот репертоар беа композициите „Танго“, „Арапско капричо“ и Гранд Валс“ од Франциско Тарега, Прелудиумот и Танцот од Хулиан Баутиста, Прелудиум, Интермецо и Паспје од Салвадор Бакарис, Омажот –Гробот на Дебиси од Мануел де Фала, како и композиции од
Квентин Ескембре, Едуардо Лопез Чавари и Хоакин Турина.

Родес е еден од најголемите и најталентирани мајстори на гитарата што се потврдува и со неговите настапи во најпрестижните концертни сали ширум светот. Свирел во најпознатите концертни сали меѓу кои Операта во Франкфурт, салата на филхармонијата во Санкт Петербург, концертната сала во Сан Франциско, театарот во Каиро, Шопеновиот музеј во Варшава, Палатата на музиката во Барселона, Центарот за современа музика во Анкара, концертната сала во Мексико и многу други. Настапува со Англискиот камерен оркестар, симфониските оркестри во Галиција и Мадрид, оркестарот Хо Ши Мин, оркестрите на Тенерифе, Анталија, филхармониите во Белград и Барселона итн.

Зад себе има пет компакт-дискови за различни издавачки куќи меѓу кои и ЕМИ класикс.

Игнасио Родес е професор на Конзерваториумот во Аликанте и редовно одржува мајсторски курсеви низ целиот свет.

Музичарите од Камерниот оркестар ЕЛК од Кина кои поминаа илјадници и илјадници километри за да настапат на фестивалот „Охридско лето“, ја добија надалеку познатата жолта ракија „ВС“ од винарската визба „Тиквеш“ како подарок од фестивалот.

Во април 2014 година, жолтата лозова ракија со ознака “ВС” на винарската визба “Тиквеш” беше наградена со златен медаљ за виок квалитет на меѓународниот натпревар на вина и жестоки пијалоци одржан во Пловдив. Оваа ракија, со јачина од 45 степени, се произведува на природен начин, од гроздов дестилат кој стареел повеќе од пет години, чуван во дабови буриња.

На винарската визба „Тиквеш“ и’ припаѓа голем удел во создавањето, негувањето и промоцијата на македонското вино и ракија.

На програмата на фестивалот „Охридско лето“ вечерва е концерот на шпанскиот гитарист Игнасио Родес.

На репертоарот се делата „Танго“, „Арапско капричо“ и Гранд Валс“ од Франциско Тарега, како и друг композиции од Квентин Ескембре,
Салвадор Бакарис, Мануел де Фала, Хулиан Баутиста, Едуардо Лопез Чавари и Турина Хоакин Турина (1882-1949)

Победникот на пет интернационални натпревари меѓу кои „Андрес Сеговија“, „Франциско Тарега“ и „Хозе Рамирес“, Игнасио Родес е признат како еден од најталентираните гитаристи на неговата генерација.

По брилијантното деби во „Вигмор хол“во 1986 година во Лондон, неговите настапи го водат низ целиот свет, во повеќето европски земји, но и во САД и Јужна Америка. Свирел во најпознатите концертни сали меѓу кои Операта во Франкфурт, салата на филхармонијата во Санкт Петербург, концертната сала во Сан Франциско, театарот во Каиро, Шопеновиот музеј во Варшава, Палатата на музиката во Барселона, Центарот за современа музика во Анкара, концертната сала во Мексико и многу други. Настапува со Англискиот камерен оркестар, симфониските оркестри во Галиција и Мадрид, оркестарот Хо Ши Мин, оркестрите на Тенерифе, Анталија, филхармониите во Белград и Барселона итн.

Дискографијата на Родес вклучува 5 ЦД-а за различни издавачки куќи меѓу кои и ЕМИ класикс. Игнасио Родес е професор на Конзерваториумот во Аликанте и редовно одржува мајсторски курсеви низ целиот свет.

Голем рок концерт се случуваше синоќа во рамките на фестивалот „Охридско лето“. Просторот „Долни Сарај“ беше претесен за да ја прими бројната публика кој уживаше во проектот „РОК СИМФОНИЈА“ на Камерниот оркестар од Битола заедно со виртуозот на гитара  Влатко Стефановски и солистите Михајло Трајковски-Сак, Жарко Јакимоски и Боби Мојсовски.
.
– Јас сум многу задоволен што сум дел од овој проект. Ме поканија да учествувам заедно со овие млади. Верувам дека ова е само почеток на една соработка која може и да потрае затоа што највистина се многу вешти, многу подготвени, многу талентирани, и гудачите, и ритам секцијата а посебно пејачите кои се навистина фантастични. Материјалот  е рок-ен рол, Рок-ен рол лектира и Рок-ен рол литература која е добро позната на сите така што навистина уживав, вели македонскиот гитарист со светско реноме, Влатко Стефановски.
.
.
 Задоволството да се настапува на „Охридско лето“ според Стефановски е огромно, зашто како што додава, оваа манифестација ја збогатува културната понуда на Охрид во лето.
– Имам голем респект кон фестивалот Охридско лето“ што трае шеесеттина години и се труди да ја збогати културната понуда во Охрид. Без „Охридско лето“ не знам како би изгледал Охрид во лето. Знаеме што е туризам ама ова е нешто друго. Со задоволство бев дел од оваа голема манифестација, вели Влатко Стефановски.
.
Охриѓанецот Боби Мојсовски кој успешно ја гради својата музичка кариера смета дека настапот на „Охридско лето“ е големо искуство.
– Преубаво искуство. Не ми е прв ваков концерт. Пред тоа имав два мои концерта во Минск, Белорусија каде што исто така настапував со оркестар, но ми е прва соработка со Камерниот оркестар од Битола и навистина ми е мило што ја делев оваа сцена со Влатко Стефановски, вели Мојсовски.
.
.
„РОК СИМФОНИЈА“  ја обедини публиката од сите генерации која уживаше во познатите рок песни.
.
.
.
.
.
.
.

Камерен оркестар на Битола и македонскиот виртуоз на гитара Влатко Стефановски вечерва ќе настапат на „Охридско лето“ со проектот „Рок симфонија“.

Диригент на вечерта е Владимир Димоски, а солисти ќе бидат Михајло Трајковски – Сак, Жарко Јакимоски и Боби Мојсовски.

Концертот ќе се одржи на сцената „Долни Сарај“ со почеток во 21 часот, а ќе може да се следи во живо на веб-страницата на фестивалот „Охридско лето“. Видео-преносот ќе биде достапен до пошироката публика и преку најавените линкови на фејсбук, како и на веб-порталите на медиумските спонзори на оваа најзначајна културна манифестација.

Камерниот oркестар на Битола е основан пред неколку децении и претставува значаен сегмент во музичкото живеење на Битола. Во почетоците бил составен од група ентузијасти, најчесто со мала музичка наобразба или без неа, но нивниот ентузијазам бил толку голем што за тоа време и во тие услови направиле одлични концерти.

Денес Камерниот oркестар на Битола е составен од професионални музичари кои со многу жар ја продолжуваат работата на нивните претходници. Зад себе оркестарот има многу успешни концерти низ државата, учество на сите реномирани фестивали за класична музика и соработка со врвни солисти и диригенти од државата и странство како: Алесандрo Д’Агостини, Анатолиј Крастев, Борис Спасов, Иван Кожухаров, Зоран Станисавлевиќ, Саша Николовски – Ѓумар, Сашо Татарчевски, Бисера Чадловска, Ле Фи Фи и др.

На репертоарот на Камерниот оркестар на Битола се наоѓаат дела од сите епохи – од раниот барок, па сè до современа класична и популарна музика. Со неговите најпопуларни и најбарани проекти од публиката „Рок Симфонија“ (“Rock Symphony”) и „Џејмс Бонд Симфонија“ (“James Bond Symphony”) станаа бренд препознатлив низ цела Македонија.

Неверојатен спој со публиката на „Охридско лето“ имаа кинеските музичари од Камерниот оркестар ЕЛК кои одржаа концерт синоќа во црквата „Света Софија“.

Громогласниот аплауз и бурните овации беа награда за нивниот извонреден настап. Насмеани лица заминуваа по едночасовниот концерт разменувајќи ја меѓусебе возбудата и позитивните коментари за она што го видоа и слушнаа на овој музички настан.

– Не е првпат со моите студенти да настапуваме во странство. Не знаат ниту студентите како би реагирала публиката која не е од Кина затоа што, сепак, станува збор за специфична, традиционална музика и традиционални инструменти. На крајот испадна дека поради аплаузот што го добивме од македонската публика, нашите земји воопшто не се далечни. Иако сме со илјадници и илјадници километри физички оддалечени, сепак, ние сме толку блиски. Од друга страна, прекрасната организација на фестивалот „Охридско лето“ им овозможи на студентите да свират толку опуштено и да се чувствуваат како дома, вели професорот Лиу Шун.

Кинеските студенти, додека музицираа на своите инструменти истовремено играа и со своите тела на подиумот, покажувајќи дека го доживуваат ритамот.

– Овие не се какви било студенти, туку тие се професионалци затоа што ги свират своите инструменти од три-четиригодишна возраст што значи дека најмладите од нив веќе имаат најмалку 10-годишно искуство и затоа систематски се научени да уживаат во ритамот и во она што го свират, додава Шун.

Кинеските учесници на „Охридско лето“ приредија вистинско изненадување со македонските композиции, „Македонско сирто“ и „Чамче“. Иако, според нивниот професор Шун, им било потешко да влезат во шема со македонската музика бидејќи не се научени на ваков ритам, сепак, тие со задоволство ги отсвирија избраните дела.

Дел од студентите, како што појаснува професорот, до нивното доаѓање во Охрид немале претстава за високото реноме на „Охридско лето“, но министерството за култура на Кина и професорите по музика биле добро запознаени со фестивалот.

-Бевме поканети од „Охридско лето“ и од Министерството за култура на Република Македонија да одржиме концерт на фестивалот и ова беше извонредна прилика младите студенти од нашата земја да се дружат со младите студенти и идни професионалци од Македонија. Повеќето од нив можеби не слушнале за овој реномиран фестивал се’ до настапот, но професорите, а исто така и нашето Министерство за култура се добро запознаени со високото реноме на „Охридско лето“. Овој фестивал е точно во согласност со она што ние го промовираме во областа на културата во нашата земја, истакна професорот Лиу Шун.

Камерниот оркестар ЕЛК е еден од најквалитетените музички ансамбли и токму затоа е избран од страна на Министерството за култура на Кина да ја промовира кинеската култура во светот.

Part of the events of this year’s edition of the program at the renowned Ohrid Summer Festival will be broadcast live online.

The concerts of the Chamber Orchestra of Bitola and Vlatko Stefanovski, ROCK SIMFONIJA, which is on the stage “Dolni Saraj” on August 16 and the evening of romantic music for Viola with Blerim Grubi and Marija Vrskova on August 19 in the church “St. Sophia”, will be able to Are being watched live on the website of “Ohrid Summer” www.klinika.unet.mk.

The video transmission will also be monitored through the announced facebook links, as well as on the web portals of the media sponsors of this most important cultural manifestation.

Live Streaming is a novelty practiced at all world festivals. “Ohrid Summer” in cooperation with the general sponsor T-Home has introduced such a practice of web production in order for the festival to get closer to the most modern technological IT achievements.

– For several years now, for the satisfaction of our audience, we have successfully implemented this kind of transmission. What is particularly pleasing is the reaction of art lovers who for whatever reason are not able to be in theaters. That’s why in this way we approach the art and allow them to enjoy the concerts of the festival program, say “Ohrid Summer”.

They add that this way of monitoring the program of the most prestigious manifestation in us, as a novelty, will be constantly updated, but it will cover a large number of events.

Дел од настаните на годинешното издание на програмата на реномираниот фестивал „Охридско лето“ ќе бидат пренесувани во живо преку интернет.

Концертите на Камерниот оркестар на Битола и Влатко Стефановски, РОК СИМФОНИЈА, кој на сцената „Долни Сарај“ е на 16 август и Вечер на романтична музика за виола со Блерим Груби и Марија Вршкова на 19 август во црквата „Света Софија“, ќе може да се следат во живо на веб-страницата на „Охридско лето“ www.klinika.unet.mk.

Видео-преносот ќе може да се следи и преку најавените линкови на фејсбук, како и на веб-порталите на медиумските спонзори на оваа најзначајна културна манифестација.

Лајв-стримингот е новина што се практикува на сите светски фестивали. „Охридско лето“ во соработка со генералниот спонзор T-Home ја воведе ваквата практика на веб-продукција со цел фестивалот да се доближи до најсовремените технолошки ИТ достигнувања.

-Веќе неколку години на задоволство на нашата публика, успешно го спроведуваме ваквиот начин на пренос. Она што посебно не’ радува е реакцијата на љубителите на уметноста кои од какви било причини не се во можност да бидат во гледалиштата. Токму затоа на овој начин им ја доближуваме уметноста и им овозможуваме да уживаат во концертите од фестивалската програма, велат од „Охридско лето“.

Оттаму додаваат дека овој начин на следење на програмата на најпрестижната манифестација кај нас, како новина, постојано ќе се осовременува , но и ќе опфати поголем број настани.

Внимателно одбрани композиции на руските уметници, виолончелистот Александар Рам и пијанистката Ана Одинцова беспрекорно се вклопија во амбиентот на црквата „Света Софија“ а публиката на фестивалот „Охридско лето“ уживаше во синоќешниот концерт.

Рам и Одинцова ги отсвирија Сонтата за виолончело и пијано од Ц.Франк, Свитата за соло виолончело од Г.Касадо и Сонатата за виолончело и пијано од Б.Бритен.

– Навистина премногу уживавме во амбиентот и во вниманието на публиката. Црквата е фантастична и не можев да замислам дека била изградена во 11-от век и сите овие фрески се правени токму во тоа време. Посебно уживав кога ја свиревме Сонатата на Франк затоа што тој бил многу религиозен човек. Затоа чувствував огромна топлина во мене, но и одговорност кон публиката. Сакам повторно да свирам за публиката на фестивалот „Охридско лето“ која е фантастична, изјави виолончелистот Рам.

За уметницата Одинцова фестивалот „Охридско лето“, црквата „Света Софија“, Охрид и Охридското Езеро оставаат силен впечаток.

– И јас како и мојот колега не можев да замислам дека луѓето во 11-от век изградиле вакво здание. Акустиката на црквата е фантастична. Се изненадив кога влегов првпат во неа, рече пијанистката Одинцова.

Александар Рам е еден од најнадарените и најбараните виолончелисти на неговата генерација. Неговиот стил е комбинација на виртуозност, длабока проникливост во авторската мисла, емотивен набој, јасна артикулација и индивидуалност.

Рам е носител на сребрен медаљ на Интернационалниот натпревар „Чајковски“ (Москва, 2015 година), како и на бројни награди на други музички натпревари како Третиот интернационален натпревар во Пекинг, Првиот национален натпревар во Москва (2010) и до денешен ден е единствениот руски виолончелист кој стасал до финалето и бил лауреат на престижниот натпревар за виолончелисти „Пауло“ во Хелсинки (2013).

Александар Рам настапувал во бројни градови во Русија, Англија, Германија, Литванија, Шведска, Австрија, Финска, Јужна Африка, Јапонија, Франција и Бугарија, во едни од најубавите концертни сали во светот. Тој соработува со значајни диригенти на денешницата, како Владимир Спиваков, Валериј Гергиев, Владимир Јуровски, Михаил Јуровски, Александар Сладковски и Валериј Полјански. Оваа сезона ќе настапи во Филхармонијата во Париз, ќе дебитира во Кадоган хол во Лондон со Валериј Гергиев и ќе го изведе Вториот концерт од Шостакович во Белград под диригентската палка на Михаил Јуровски.

Ана Одинцова е родена во 1990 година во Москва, а дипломира на Московскиот конзерваториум „П. И. Чајковски“ во класата на Наталија Трул во 2014 година. Носител е на повеќе награди и признанија, како Втора награда на Германскиот натпревар за пијано во Ерланген и награди на натпревари за млади пијанисти во Вилнус и Москва. Во 2012 година заедно со виолончелистот Александар Рам победува на натпреварот за камерно дуо во Шведска, а во 2015 година е наградена како најдобар пијано-соработник на натпреварот „Чајковски“ во Москва. Како солист, претставник на Куќата на музиката во Санкт Петербург, има настапувано низ Русија, Шведска, Австрија, Шпанија, Италија, Финска, Франција и Бугарија. Настапите со оркестар вклучуваат соработки со Естонскиот симфониски оркестар, Литванскиот симфониски оркестар, Филхармонијата во Самара и Московскиот камерен оркестар.