The music program of the Ohrid Summer Festival continues tonight with the performance of the Mixed Choir of the Kosovo Philharmonic from Pristina. The concert will be held in the church “St. Sophia” starting at 21:00.

The Kosovo Philharmonic Choir is a professional ensemble of 50 singers. In a way, he continues the work of the former choir of RTV Pristina, which was well known in the region and beyond in the 80s under the leadership of Rafet Rudy. The choir was disbanded in 1990 due to the military conflict, but a decade later, it was re-established in 2003, now as part of the Kosovo Philharmonic, and has been built into one of the best choral ensembles in the region. Their repertoire is wide and includes works from the Baroque and Romantic repertoire to works by contemporary composers: А. Перт, Е. Whitaker, O. Гјело, Е. Eschenwald, W. Tormis et al. The choir’s concert performances in recent years include masses and oratorios by Mozart, Monteverdi, Bach, Vivaldi, Beethoven and Haydn, as well as world premieres of new works by Kosovo composers. The choir performs in important halls and buildings such as: the Cathedral of St. Louis in Paris, the Whitrock Theater in Hastings, the Pontifical Basilica of San Paolo Fouri le Moura in Rome, the Amphitheater in Durres, the Eucharistic Basilica in Poreре and others. Collaborate with guest conductors such as: Marko Vatovec and Damjan Moчниnik (Slovenia), Marcio da Silva (Brazil / UK), Toshio Janagisawa (Japan) and others. With its work, the Kosovo Philharmonic Choir continues the tradition of choral singing that has been present in Kosovo since 1945.

Hajrula Sula is a Kosovo conductor and composer. He studied composition in the class of Mendi Mengiqi at the University of Pristina and conducting in the class of Bajar Berisha. He is presented as a conductor and composer in several countries: Kosovo, Albania, Germany, Bulgaria, Turkey, Belgium, USA and others. He conducts with orchestras including the Kosovo Philharmonic, the Kosovo Youth Orchestra, the chamber orchestra “Rexho Mulici” and others. In 2015, he was the winner of the Berlin Audition organized by Spectrum Concerts, which brought him a concert at the Berlin Chamber Hall in 2016, where his Clarinet Concerto and Chamber Orchestra Concerto were performed. He attends master classes with conductors: Toshio Janagisawa, Rene Gullikers, John Armstrong, Natalie Marin, and participates in conferences in the United States and Lithuania. He has won two scholarships from MM University in the United States. His compositional work includes works for piano trio and piano quintet, works for violin and cello, Overture for orchestra, Concertino for clarinet and chamber orchestra, Concerto for violin and orchestra, as well as numerous works for vocal ensembles. In 2012 he formed the vocal ensemble “Ataka” which consists of 16 professional singers, and the same year he became an assistant to the Kosovo Philharmonic Choir. He works as a teacher in the music school “Prenk Jakova” in Gjakova.

Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва  со настап на Мешаниот хор на Косовската филхармонија од Приштина. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.

Хорот на Косовската филхармонија е професионален ансамбл кој го сочинуваат 50 пејачи. Тој  на своевиден начин ја продолжува работата на поранешниот хор на РТВ Приштина кој беше добро познат во регионот и пошироко во 80-те години под раководство на Рафет Руди. Хорот беше распуштен во 1990 година поради воениот конфликт, но по една деценија, во 2003 година е повторно основан, сега како дел од Косовската филхармонија и  е изграден во еден од најдобрите хорски ансамбли во регионот. Нивниот репертоар е широк и вклучува дела од барокниот и романтичниот репертоар, па сѐ  до дела од современите композитори: А. Перт, Е. Витакер, О. Гјело, Е. Ешенвалд, В. Тормис и др. Концертните настапи на хорот во изминатите години ги вклучуваат мисите и ораториумите од: Моцарт, Монтеверди, Бах, Вивалди, Бетовен и Хајдн, а изведуваат и светски праизведби на нови дела од косовски композитори. Хорот настапува во значајни сали и објекти како: Катедралата Св. Луис во Париз, Театарот „Вајтрок“ во Хејстингс, Папската базилика Сан Паоло Фуори ле Мура во Рим, Амфитеатарот во Драч,  Евхариската базилика во Пореч и др. Соработуваат со гости диригенти како: Марко Ватовец и Дамјан Мочник (Словенија), Марсио да Силва (Бразил/ В. Британија), Тошио Јанагисава (Јапонија) и др. Со својата работа Хорот на Косовската филхармонија ја продолжува традицијата на хорско пеење која на Косово е присутна од 1945 година.

Хајрула Сула е косовски диригент и композитор. Студирал композиција во класата на Менди Менгиќи на Универзитетот во Приштина и диригирање во класата на Бајар Бериша. Како диригент и композитор се претставува во повеќе земји: Косово, Албанија, Германија, Бугарија, Турција, Белгија, САД и др. Диригира со оркестри меѓу кои Косовската филхармонија,  Косовскиот Младински оркестар, камерниот оркестар „Реџо Мулиќи“ и др. Во 2015 година е победник на Берлинската аудиција организирана од Спектрум концерти што му носи концерт во Берлинската камерна сала во 2016 година на кој се изведени неговиот Концерт за кларинет и дело за камерен оркестар. Посетува мајсторски курсеви кај диригентите: Тошио Јанагисава, Рене Гуликерс, Џон Армстронг, Натали Марин, а учествува и на конференции во САД и Литванија. Добитник е на две стипендии од ММ-Универзитетот во САД. Неговиот композиторски опус содржи дела за клавирско трио и клавирски квинтет, дела за виолина и виолончело, Увертира за оркестар, Кончертино за кларинет и камерен оркестар, Концерт за виолина и оркестар,како и бројни дела за вокални состави. Во 2012 година го формира вокалниот ансамбл „Атака“ кој го сочинуваат 16 професионални пејачи, а истата година станува асистент на Косовскиот филхармониски хор.  Работи како наставник во музичкото училиште „Пренк Јакова“ во Ѓаковица.

Нова креативна возбуда донесоа на „Охридско лето“ вчеравечер големиот руски виолончелист Кирил Родин и бугарската пијанистка Жени Захариева.

Публиката во црквата „Света Софија“ имаше можност да ужива во виртуозноста и префинетоста на двајцата уметници, како и во нивната маестрална изведба на дела од Бокерини, Брамс, Шуберт и Чајковски.

Пијанистката Жени Захариева музицира на светските концертни подиуми повеќе од шест децении и вели дека музиката е спас за човекот што го води во еден нов, волшебен свет каде нема стресови како во секојдневието.

-Музиката е нашиот спас, особено музиката создадена од генијалните композитори пред двесте или триста години која секој исполнител ја доловува различно. Таа е иста, но во суштина различна. Тоа е и мисијата на музиката, да нѐ прави подобри, да сфатиме колку сме духовно богати, какви чувства имаме. Во животот сите имаме многу стресови и не секогаш можеме да се почувствуваме како вистински луѓе, но кога слушаме музика одиме во еден друг волшебен свет смета пијанистката Захариева.

Со големиот виолончелист Родин не свират често заедно, но како што вели, се радува секогаш кога настапуваат како дуо.

-Голем емоционален предизвик е да се свири со извонреден челист како Кирил Родин. Тогаш  можеш да го покажеш најдоброто од својата индивидуалност. Тоа  е еден разговор помеѓу двата инструмента во кој секој инструмент го покажува најдоброто што може да го даде, додава Захариева.

Маестрото на виолончело Кирил Родин, првиот рецитал на „Охридско лето“  го имаше пред 22 години, токму на истото место, во акустичниот амбиент на катедралата „Света Софија“.

-Премногу  сум возбуден што сум тука, особено бидејќи мојот прв концерт на „Охридско лето“  беше пред 22 години, а уметник како уметник, се чувствува најубаво на сцената, во концертни сали пред публиката.  Овојпат свиревме специјално одбрана програма исполнета со многу романтизам, италијанска музика од Бокерини, потоа Шуберт, Брамс, Чајковски. Се надевам дека ѝ беше интересно на публиката, не само на онаа која е запознаена  и е љубител на овој тип музика, туку и на онаа која доаѓа само да слуша класична музика, вели Родин.

Синоќешниот концерт на „„Охридско лето“ го проследи и Амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Сергеј Баздникин.

Целовечерен концерт во рамките на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ вечерва во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот  ќе имаат рускиот виолончелист Кирил Родин и бугарската пијанистка Жени Захариева.

Кирил Родин е роден во Москва.Учи во музичката школа „Гнесин“ по што следат студиите на Московскиот конзерваториум во класата на Наталија Шаховскаја. Во 1984 и 1986 година е добитник на први награди и златни медалји на натпреварите на Музичка младина во Белград и на VIII Интернационален натпревар „П. И. Чајковски“. Неговата кариера како солист ја гради со настапи со врвни светски оркестри и диригенти: Гергиев, Федосеев, Дутоа, Горенштајн, Овчиноков и многу други, а настапува во повеќе од 40 земји во светот. Како камерен музичар е член на триото „Брамс“ и на ансамблот „Пјацола студио“. Неговите бројни снимени материјали вклучуваат  дела од:  Бах, Бетовен, Хајдн, Григ, Паганини како и од руските композитори: Рахмањинов, Аренски, Римски-Корсаков, Шостакович и многу други. Кирил Родин е член на жири комисии на интернационални натпревари во Русија и ширум светот, а денес напоредно со солистичката кариера е и  професор на конзерваториумот „П. И. Чајковски“ и редовен гостин-професор на Конзерваториумот во Пекинг, Р. Кина.

Пијанистката Жени Захариева е присутна на светските концертни сцени повеќе од 60 години. Кариерата ја води во бројни концертни сали во Европа, САД, Азија и Африка, а за нејзините уметнички достигнувања и придонес кон културата носител е на голем број исклучителни признанија како „Кристална лира“ за врвни уметнички достигнувања, Државната награда на  Р. Бугарија доделена за заслуги кон нацијата и државата, наградата „Златен век“ за придонес во бугарската музика и култура, највисокиот француски орден доделен за достигнувања во културата и уметноста, како и признанија од  Јапонија и  други земји. Настапува со голем број светски оркестри и диригенти меѓу кои: оркестрите во Хаг, Амстердам, Лиеж, Москва, Сингапур, Софија и многу други под диригентската палка на: Вероника Дударова, Томас Зандерлинг, Инго Мецмахер и бројни други бугарски и  странски уметници. Нејзините изведби се снимени на повеќе носачи на звук за компаниите “Carousel” – Лондон, „EMS“ – Брисел, „AVM Classics“ – Лондон, „Veton“ – Ротердам, „Gema“ – Берлин, „Heritage Society“ – САД и „Балкантон“ – Софија.

 

Српскиот народен театар од Нови Сад во копродукција со  Младинската престолнина на Европа(ОПЕНС) од овој град  ја збогатија драмската програма на фестивалот „Охридско лето“ со театарската претстава „Кој ја уби Џенис Џоплин“ во режија на Соња Петровиќ.

Преку убедлива и енергична игра на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“, младите актери донесоа драма мошне успешно испреплетена со музика од времето на Џенис Џоплин.

Последиците да заврши животот на оваа 27-годишна рокенрол ѕвезда од 60-тите години на минатиот век во хотелска соба се познати, но преку одмотување на приказната наназад, од почетокот на нејзиниот живот, од нејзиното раѓање до смртта, низ театарска игра беа доловени и причините до кои дошло Џоплин да биде зависник од хероинот, да биде осамена и да наиде на отпор на патот кон остварувањето на нејзината лична слобода.

Според режисерката на претставата, Соња Петровиќ, приказната за Џенис Џоплин им ги отвора очите на луѓето, низ нејзиниот животен пат и пример да ја согледаат борбата за себе која не е лесна и честопати води кон создавање ѕид помеѓу поединецот и општеството. Токму и славната рокенрол ѕвезда го завршува животот со неисполнета желба, да го сруши тој ѕид.

-Глумците од сцената ѝ порачаа на публиката да се ослободи од сите зададени форми, формалности и окови, да се осободи од каков било социјален контекст кој ни е наметнат на сите нам, кој дури и по 50 години од смртта на Џенис Џоплин е еднакво силен и доминантен.Тоа се чувствува особено кај жените кои одбиваат да бидат во формите на зададените родни улоги во одреден период од својот живот, но претставата не е наменета само за жените, туку кон сите луѓе, зашто сите ние некогаш се чувствуваме напнато во смисла на остварувањата на тоа што општеството го очекува од нас. Пораката е дека треба да бидеме тоа што ние сакаме да сме, вели Петровиќ.

„Кој ја уби Џенис Џоплин“ не е психолошка драма, ниту мјузикл иако изобилува со музика, туку социјална драма базирана врз вистинска животна приказна што го критикува конзервативното општество.

-Претставата не може жанровски да се оквалификува како мјузикл, но содржи голем процент на музика, можеби и повеќе отколку во мјузиклите, така што и нам ни е чудно на кој начин се посматраат ваквиот вид претстави. Самиот факт што темата се занимава со животот на пејачката која во музиката ја видела својата слобода и се открила себеси низ музиката, едноставно беше невозможно да се направи драма без начинот на кој таа ги изразувала своите емоции и страста, додава младата режисерка Петровиќ.

Претставата „Кој ја уби Џенис Џоплин“ е работена според текст на Тијана Грумиќ а улогите ги играа Бојана Милановиќ,Соња Исаиловиќ, Стефан Вукиќ, Димитрије Аранџеловиќ, Вукашин Ранџеловиќ, Петар Бањац, Филип Грубач и Игор Сакач.

   

Фестивалот „Охридско лето“ ја продолжува драмската програма вечерва со театарската претстава „ Кој ја уби Џенис Џоплин“ ? на текст од Тијана Грумиќ, во режија на Соња Петровиќ, а  во изведба на Српскиот народен театар од Нови Сад.

Претставата ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот.

Улогите ги играат актерите: Бојана Милановиќ,Соња Исаиловиќ, Стефан Вукиќ, Димитрије Аранџеловиќ, Вукашин Ранџеловиќ, Петар Бањац, Филип Грубач и Игор Сакач. Драматург на претставата е Николина Стјепановиќ, костимограф: Сенка Раносављевиќ, а сценографијата е на  Жељко Пишкориќ.

Се работи за своевиден драмски омаж на една жена која дошла до својот крај за да се случи нов почеток.

-Кога размислував да направам претстава за лицето, кое ми беше пример и инспирација во текот на тинејџерскиот период, секогаш за неа мислев како да се работи за две личности. Несомнено нејзиното двојство е евидентно; нејзините два лика и нејзините две приказни. Едната е приказна за несигурна, нежна, неприфатена и незаштитена девојка, а другата е за храбра, агресивна основачка на нова листа на критериуми за жените. Едната поради која живеела, а другата поради која починала. Едната која одеше кон својот крај за другата да започне . Дури подоцна наидувам на податокот дека Џенис го добила името по богот Јанус. Се работи за римскиот Бог на крајот и почетокот. Обично е прикажан со две лица, едното гледа на почетокот, а другото на својот крај, вели режисерката Петровиќ.

…Имаше целосна симболика во првата „Концертна пиеса“ што ја слушнавме на синоќешниот концерт, која Феликс Менделсон ја создал заедно со неговите пријатели, кларинетистите Хајнрих и Карл Баерман, инаку татко и син… Оваа светла и ведра салонска композиција од раниот романтизам го наговести карактерот на концертот што го приреди нашиот прочуен кларинетист и саксофонист Стојан Димов на годинешново Охридско лето, со гостување на неговиот син Нинослав Димов а во придружба на заедничкиот пријател и колега, пијанистот Дино Имери. Тројцата музичари, секој за себе високо профилиран уметник на својот инструмент покрај камерното музицирање, ги спојува и евиднтно дефиниран вкус за исти жанрови и начин на интерпретација, а сето тоа очигледно произлегува од взаемното разбирање и пријателство. Концертот – мозаик од разнолики стилови, комбинации од кларинети, саксофони и пијано, дополнет со еуфорична и шармантна интерпретација на низа нагласено виртуозни и сложени композиции во целост го потенцира уметничкиот лик на исполнителите, и отворено ја покажа супериорноста со која ги владеат своите инструменти. Оттука, а имајќи ја дополнително на ум богатата концертна дејност на уметниците, навлегување во некаква детална анализа на техничките изведбени аспекти е беспредметна.

Она што го обележа концертот несомнено беше програмскиот концепт кој во голема мера го одразува сензибилитетот на уметниците и целта што сакаат да ја постигнат кај публиката. Во случајов Стојан Димов, музичар со светска кариера, следен од помладите но не помалку уверливи Нинослав Димов и Дино Имери, замислија „Летна музичка фантазија“ која ќе ја релаксира публиката на Охридско лето, а во исто време ќе ја фасцинира со нивните изведувачки „вратоломии“ на кларинет, сопран, тенор и алт саксофон и пијано. И наполно успеаја во тоа. Ќе потенцираме дека ваков атрактивен и допадлив концерт воопшто не ја намалува вредноста на уметничкиот чин. Но се разбира, исклучиво кога станува збор за посебно креативни уметници, кои покрај музичкиот дар поседуваат високо изграден виртуозитет. Покрај Менделсон, слушнавме три чудесни и брилијантни „арабески“ од унгарскиот современ композитор Бела Ковач и самиот извонреден кларинетист.  Во „омажите“ на Де Фаља, Штраус и Гершвин со директни алузии на нивните специфики, фламенко, валцер и блуз, во изведба на Стојан Димов на кларинет тоа што ни се наметна како импресија е фасцинацијата на уметникот од духовитите, скерцозни композиторски решенија. Тој со изразита сугестивност учествува во креацијата на пиесите, зашто очигледно целосно соодветствуваат на неговиот динамичен темперамент. Во сличен, а сепак доволно автентичен манир, Нинослав Димов неверојатно прецизно и експлозивно ги изведе исклучително комплексните и атрактивни композиции „Пчели“ од италијанскиот композитор Антонио Паскули и „Раг“ од туниско-францускиот композитор Жан Матитиа, создавајќи еуфорична енергија која не ја остави рамнодушна публиката во Св. Софија. Во камерните трио-нумери, уметниците дополнително донесоа медитативност и меѓусебно тонско прелевање на импресионистичкиот колорит во уникатниот „Фаун“ од Дебиси, но и инвентивни импровизации во стилот на „smooth jazz“ во Сонатината од американскиот саксофонист и композитор Фил Вудс, со што пак целосно навлегоа во сферата на џезот. Понесени пред сé од сопствениот творечки занес и еуфоричниот одзив на публиката, уметниците на крајот од овој „галоп – концерт“ ни подарија два биса во доследен стил – фолклорните  „Поздрави од Балкан“ на Ковач без чиј призвук веселата ревија немаше да биде комплетна и сосема за крај, „Сентименталната Хабанера“ која ни го дополни впечатокот за извонредниот пијанист Дино Имери, овој пат во улога на автор.

Тоа беше енергично претставување на нашите, а светски уметници после принудната речиси двегодишна концертна пауза на сé она што тие го умеат и сакаат.

Ја поздравуваме идејата на уметничкото раководство на фестивалот Охридско лето да им остави простор на уметниците инвентивно да го осмислат својот настап, да создадат лична творечка визија која внесува свеж здив во програмските содржини на Охридско лето а со тоа го проширува составот на фестивалската публика.

Викица Костоска Пенева – музиколог

Летна музичка фантазија  со саксофон, кларинет и пијано приредија вчеравечер извонредните македонски уметници Стојан Димов, Дино Имери и Нинослав Димов со нивниот настап на „Охридско лето“.

Тројцата врвни уметници кои имаат впечатливи интернационални солистички кариери, како трио одлично се вклопија во амбиентот на црквата „Света Софија“ и на публиката ѝ подарија прекрасно музичко патување со специјално одбран репертоар.

-Бидејќи фестивалот се одржува во летен период, решивме да направиме програма што ќе биде поприфатлива за поширок круг луѓе, слушлива, певлива и не е нешто што бара претходно знаење и внесеност во класичната музика. Со еден збор, програма што задоволува поголем број на вкусови. Имаме светски автори, во еден дел се запазени посериозните класични автори како Феликс Менделсон, потоа од импесионистот Клод Дебиси свиревме една многу позната композиција која е практично оркестрација, „Попладнето на еден Фаун“, а доминираа  и автори од поновото време како Дјук Елингтон, Бела Ковач, Жан Матитиа…За самиот крај го оставивме најдоброто, композиција што за нас специјално ја направи Дино Имери, вели уметникот Стојан Димов кој кој на фестивалскиот подиум свиреше на кларинет и саксофон.

 

Извонредниот пијанист Дино Имери имаше солистички настап на фестивалот „Охридско лето“ во 2012 година, потоа концертираше заедно со виолинистот Климент Тодороски, а беше дел и од класата на професорот Борис Романов  чиј завршен концерт се одржуваше токму на фестивалот во Охрид. Соработката со неговите колеги, како што вели, е дотолку инспиративна, што компонирал и дело за триото насловено како „Сентиментална хабанера“ кое беше изведено синоќа како еден од бисевите заедно со  „Поздрави од Балкан“ на унгарскиот композитор Бела Ковач.

-Композицијата „Сентиментална хабанера“ е  специјално напишана со посвета на професорите Стојан  Димов и Нинослав Димов, мои драги колеги со кои веќе неколку години имаме одлична соработка, а за мене и многу инспиративна, дотолку инспиративна што нѐ изостанува оној композиторски момент. Самите тие, индиректно без никакви разговори, исклучиво преку нивната уметност и со своето свирење придонесоа некако сосема спонтано на пробите за концерти да настане таа „Сентиментална хабанера“ којашто на мое големо задоволство им се допадна многу, вели Имери.

И за саксофонистот Нинослав Димов, голем е предизвикот да се музицира во камерен состав, зашто, како што вели, уметниците се надополнуваат едни со други.

-Едно е солистичкото свирење, друго е камерниот состав. Кога се свири соло, посветен си на својата партија којашто со клавирот повторно е дел од  камерна музика, но не си оптоварен со тоа како свири другиот уметник и дали добро вежбал. Едноставно клавирот се труди сето тоа да го испрати, иако не е пратење во висинска смисла зашто на сцената се двајца уметници. Камерното музицирање за мене отсекогаш е предизвик бидејќи треба да се надополниме еден со друг, да се слушаме едни со други, и многу добро да го познаваме туѓиот штим, туѓата музика и тоа е она што го прави задоволството поголемо, смета Нинослав Димов.

Фестивалот „Охридско лето“ вечерва на љубителите на уметноста им ја нуди театарска претстава „Кој ја уби Џенис Џоплин“? во изведба на Српскиот народен театар од Нови Сад, а  музичката програма продолжува утре, со целовечерен концерт на рускиот виолончелист Кирил Родин и бугарската пијанистка Жени Захариева.

Заради временските неприлики, театарската претстава „Кој ја уби Џенис Џоплин “? наместо на предвидената сцена „Долни Сарај“  вечерва ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, со почеток во 21 часот.

Претставата работена според  текст на Тијана Грумиќ, а во режија на Соња Петровиќ, на годинешното 61-во издание на фестивалот „Охридско лето“ ќе ја донесат актерите на Српскиот народен театар од Нови Сад, Р.Србија.

Драмата не се препорачува за лица помлади од 16 години.

Мисијата на Европската унија во Македонија петнаесет години реализира концертни вечери во рамките на фестивалот „Охридско лето“ со организирање гостувања на реномирани музички уметници од земјите членки на унијата. Таа веќе традиционално убава пракса од фестивалската публика е препознаена како можност да се присуствува на квалитетен музички настан кој носи некоја симболика за промоција на европското заедништво и просперитет.

Така беше и вчеравечер на концертот на словенечките уметници, флејтистката Ирена Графенауер и кларинетистот Мате Бекавац на кој присуствуваше евроамбасадорот во Република Северна Македонија, Дејвид Гир, како претставници на повеќе дипломатски претставништва во земјава. И двајцата уметници со завидни концертни кариери, пред публиката за „Охридско лето“ одбраа Бахова, барокна и мошне сериозна програма. Многу соодветно за европска вечер, зашто токму музиката на Бах како столб на целокупното музичко творештво од епохата на барокот па сé до денес, ја има таа базична и обединувачка сила од која произлегуваат сите подоцнежни правци и стилови во европската класична музичка уметност.

Софистициран и внимателно избран концепт на програмата – беше првиот впечаток за концертот. За почеток, Свитата за виолончело во Ес – дур, низ флејтата на Ирена Графенауер го исполни просторот во црквата Св. Софија. Со нескриена и видлива воодушевеност од акустиката, искусната уметница ги обликуваше разноликите барокните игри со благороден звук мајсторски доловувајќи ја полифонијата во повеќеслојната линија на флејтата. При тоа во оваа подеднакво сложена партитура како за виолончело така и за флејта, Ирена Графенауер го претстави својот изразит и богат музикалитет.

Со видно задоволство, во продолжетокот публиката ги проследи познатите четиринаесет двогласни инвенции од Бах. Вообичаено инструктивно четиво, во секоја школа за пијано, слушани и изведувани безброј пати од невешти прсти на многу „мали пијанисти“, а заради тоа често доживеани како здодевни. Но овој пат, Баховите двогласни ремек-дела низ интарпртацијата на Ирена Графенеуер и кларинетот на Мате Бекавац ги слушнавме во потполн сјај. Природната звучна и темброва сроднoст на флејтата и кларинетот уметниците ја надополнија со истенчено чувство за динамичко нијансирање кое се движеше во суптилниот опсег на „мецопијано“ и мецофорте“. Тие свиреа со воздржаност прикладна за Бах, со леснотија и мек тон кој наспроти вообичаено ритмичната асоцијација врзана за двогласните инвенции отсвирени на пијано, создаде комплетно поинаков брановиден импулс создавајќи мелодична „лебдечка“ полифонија.

Во соло-настапот кој следуваше, кларинетистот Мате Бекавац ја изведе втората Партита во де-мол за виолина, уште едно ремек-дело од опусот на Бах. Тоа беше само потврда за податливоста и универзалноста на неговиот гениј кој постојано го реоткриваме во боите на сите инструменти, овој пат во кадифениот звук на кларинетот на Бекавац. Уметникот ги изведе игрите од Партитата, изоставувајќи ја сепак завршната Шакона и со префинета експресија уште еднаш нé пренесе во врвниот дострел на барокниот свет.

Во дуетот за флејта и кларинет и особено во варијациите од познатата транскрипција на норвешкиот композитор Јохан Халворсен на Хендловата Пасакаља  уметниците покрај тоа што пред восхитената публика ја потврдија вештината и усогласеноста во камерното музицирање,  овој пат покажаа и поотворена и јасна бравурозност. Непретенциозно, но со елегантен виртуозитет Графенауер и Бекавац нé водеа низ комплексните варијации остварувајќи складен „разговор“ меѓу флејтата и кларинетот преку фини тонски микро-нијансирања, својствени за големи уметници.

Концертот протекна во свечена атмосфера и забележлива радост кај публиката и уметниците. Деликатно осмислен еднородно конципиран програм, притоа со ваква врвна стилска изведба, секогаш е подарок за музичките сладокусци.

Викица Костоска Пенева – музиколог