nikola.ohridskoleto

Целовечерен концерт со македонските уметници Томе Атанасов и Марија Ѓошевска

Во рамките на музичката програма на „Охридско лето“ , во црквата „Света Софија“ вечерва од 21 часот ќе се одржи концерт на македонските уметници, обоистот Томе Атанасов и пијанистката Марија Ѓошевска. Томе Атанасов, првите едукативни насоки во музиката ги добива во средното музичко училиште во Скопје во класата на својот родител и педагог м-р Васил […]

Целовечерен концерт со македонските уметници Томе Атанасов и Марија Ѓошевска Read More »

Концерт „Монастир“  денеска напладне во Предворјето на „Света Софија“

Тринаесеттиот фестивалски ден на 62-то „Охридско лето“ продолжува денеска напладне со проектот „Монастир“ кој во Предворјето на црквата „Света Софија“ ќе спои музичари од Израел, Република Северна Македонија и САД. Тие ќе изведат песни кои во минатото биле омилени кај Евреите од Монастир со тематика што во себе носи носталгија, меланхолија, спасение и слично. Некои

Концерт „Монастир“  денеска напладне во Предворјето на „Света Софија“ Read More »

„Сликам со тебе“ –втора самостојна изложба на д-р Попоска Карче на „Охридско лето“

„Сликам со тебе“-Приказна од душата беше насловот на ликовната изложба на д-р Наташа Попоска-Карче што вчеравечер беше отворена во Предворјето на црквата „Света Софија“ во рамки на фестивалот „Охридско лето“.Како што рече на отворањето на изложбата историчарот на уметност д-р Иван Заров, пред фестивалската публика е претставен нов опус на слики кои го тосликуваат естетскиот

„Сликам со тебе“ –втора самостојна изложба на д-р Попоска Карче на „Охридско лето“ Read More »

„Животот е…“ –приказна за трансформацијата на животот во денешната корпоративна и виртуелна стварност

Музичко – сценско уживање донесе вчерашната вечер на „Охридско лето“ преку Кабарето „Животот е…“  од Наташа Поплавска. Новата приказна напишана од Ристо Вртев, а режирана и сценски визуелизирана од Поплавска се одигра на сцената „Долни Сарај“ на која настапија и извонредните визуелни уметници, видео дизaјнерот Дејан Матиќ и светло дизајнерот Милчо Александров кои ја создадоа

„Животот е…“ –приказна за трансформацијата на животот во денешната корпоративна и виртуелна стварност Read More »

Српската вечер на Охридско лето-Врвно естетско доживување со  виртуозот Миленковиќ и камерниот оркестар „Камерата Нови Сад“

Врвно естетско доживување приредија за бројната публика на „Охридско лето“ виртуозот на виолина со светско реноме Стефан Миленковиќ и камерниот оркестар „Камерата Нови Сад“ од Србија вчеравечер на  Долни Сарај во рамките на Српската вечер на фестивалот. Српската вечер ја отворија директорката на НУ „Охридско лето“, м-р Наташа Поповиќ  и министерот за надворешни работи на Република Србија,

Српската вечер на Охридско лето-Врвно естетско доживување со  виртуозот Миленковиќ и камерниот оркестар „Камерата Нови Сад“ Read More »

Ново музичко-сценско уживање од Наташа Поплавска на Долни Сарај

Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“продолжува  вечерва од 21 часот на сцената „Долни Сарај“ со кабарето „Животот е…“  од Наташа Поплавска. По успешните мјузикли „Чикаго” и „Мама миа” во кои македонската публика уживаше изминатите години, а по двегодишна пауза во која светот застана, Наташа Поплавска на публиката повторно ќе и понуди музичко – сценско уживање

Ново музичко-сценско уживање од Наташа Поплавска на Долни Сарај Read More »

Самостојна изложба на д-р Наташа Попоска-Карче на „Охридско лето“

Во рамките на 62-то „Охридско лето“ вечерва ќе биде отворена самостојна изложба на д-р Наташа Попоска-Карче. Изложбата со наслов „Приказна од  душата-сликам со тебе“ ќе се одржи во Предворјето на црквата „Света Софија“ со почеток во 20 часот. Ликовната поставка e компилација од  дела што одликуваат четири базични емоции и тоа: среќа,љубов, тага и радост.

Самостојна изложба на д-р Наташа Попоска-Карче на „Охридско лето“ Read More »

Миленикот на македонската публика Стефан Миленковиќ вечерва на „Охридско лето“

Српската вечер на „Охридско лето“ вечерва на сцената „Долни Сарај“ од 21 часот ќе го донесе големиот српски виолинист со светско реноме Стефан Миленковиќ и камерниот ансамбл „Камерата“ од Нови Сад со атрактивниот проект „Кармина Бурана“  од Карл Орф, а во режија на Ана Крстајиќ. Директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ на денешната прес-конференција најави

Миленикот на македонската публика Стефан Миленковиќ вечерва на „Охридско лето“ Read More »