Прекрасна концертна вечер во Света Софија приреди синоќа италијанскиот виолинист Франческо Дорацио за љубителите на класичната музика кои имаа ретка прилика да уживаат со звуците на одбраните соло партитури на Бах, Берио, Изаи, Чеса, Дал Онгаро.

Дорацио свири на виолина „Гварнери“ со име „Грофот од Кабриак“ изработена во 1811 година во Кремона, како и на вреден инструмент изработен од францускиот мајстор Жан Баптист Вијом во 1863 година.

Франческо Дорацио  е роден во Бари каде започнува да учи виолина со неговиот татко. Подоцна студира на академијата „Моцартеум“ во Салцбург, под менторство на Денес Зигмонди и на Академијата „Рубин“ во Тел Авив, во класата на Јаир Клес. Како солист настапува во Европа, САД, Јужна Америка, Австралија, Кина и Јапонија. Снима за издавачките куќи Дека, Хиперион, Опус 111/ Наив, Страдивари и Амадеус. Настапите го носат Франческо Дорацио на сцените на некои од најпрестижните светски концертни сали и аудиториуми, како миланската „Скала“, салата на Берлинската филхармоинја, Академијата „Санта Чечилија“, лондонските „Ројал Алберт хол“ и „Кадоган хол“, Центарот за барокна музика во Версај, како и на фестивалите во Буенос Аирес, Истанбул, Мито во Торино, Монпелје, фестивалите во Равена, Равело, Урбино, Салцбург, Стразбур, Стреса, Танглвуд и на Венециското биенале.

Репертоарот на Дорацио е огромен и вклучува дела од барокниот репертоар кои ги изведува со ансамблот за барокна музика „Астре“ од Торино, па сè до дела од романтичната и современа музичка литература. Неговиот особен афинитет кон современата музика го препознаваат повеќе композитори, па така тој премиерно изведува дела од некои од најзначајните композитори на денешницата, меѓу кои Брет Дин, Тери Рајли, Иван Феделе, Мајкл Ниман, Мишел дал Онгаро и многу други. Повеќе години соработува со Лучијано Берио чии дела често ги изведува премиерно и се дел од неговиот постојан репертоар. Франческо Дорацио настапува како солист со Лондонската филхармонија, симфонискиот оркестар на театарот „Ла Скала“, oркестарот на Би-би-си, оркестарот на Академијата „Санта Чечилија“, оркестарот на Мексико Сити, Шангајската филхармонија, симфонискиот оркестар на Берлин, Националниот оркестар на РАИ, oркестарот на градот Нагоја, под диригентските палки на Лорин Мазел, Лучијано Берио, Инго Мецмахер, Сакари Орамо и многу други. Во 2010 година, Италијанската асоцијација на музички критичари на Дорацио му ја доделува наградата „Премио Абиати“за солист на годината.

Во преполната сала во Центарот за култура „ Григор Прличев“ синоќа, во рамките на драмската програма на Охридско лето,  НУ Театар Комедија- Скопје со претставата „ИМЕ“  приреди вистинско театарско уживање. Публиката, која во еден здив ја изгледа претставата со бројните комични заплети, ги наградуваше акретите со бројни аплаузи.

Атанас Атанасовски (Виктор),  Јелена Жугиќ (Бети),  Роберт Ристов (Петар),  Илија Илиоски (Тони) и Кристина Ласовска (Ана) фасцинираа на сцената со одличната актерска игра. Нивната оргиналност, динамичност и комичност беше само потврда за големината на фестивалот  кој со години е сцена само за најдобрите театарски креации.

Претставата „Име“ работена според  современите француски писатели, драматурзи, режисери и продуценти, Александар де ла Пателие и Метју Делапорт, во режија на Ненни Делместре , прикажа ситуации на „непотребните“ расправии во едно семејство, на пет другари од детството кои се заедно од деца.

 

Дејството во претставата, кое е адаптирано за едно македонско современо семејство, се одвива во станот на сопружниците Бети и Петар каде секојдневието тече со „нормално“ темпо на живеење, сè до моментот, кога братот на Бети, Виктор како иден татко, свечено, но „зајадливо“ ќе го објави името на својот нероден син. Токму луцидната постапка со изборот и најавувањето на фамозното име доведува до недоразбирања во семејството, во кое расправијата за тоа кое име е прифатливо за детето на Виктор и Ана, доведе до уште поголеми комични заплети. Во претставата како дел од семејството се и Тони, нивниот пријател од детството и сопругата на Виктор, Ана.

Драмската програма на 57.„Охридско лето“ продолжува со изведбата на претставата „Име“ на НУ „Театар Комедија“, на авторите Александар де ла Пателие и Метју Делапорт, во режија на Нени Делместре.

Станува збор за комедија на ситуации, во чиј центар е филигранската вивисекција на „непотребните“ расправии во едно семејство.

„Име“ како драмски текст има доживеано и успешна екранизација на филмското платно во Франција. Дејството во претставата е адаптирано за едно македонско современо семејство. Дејството се одвива во станот на сопружниците Бети и Петар каде секојдневието тече со „нормално“ темпо на живеење, сè до моментот, кога братот на Бети, Виктор како иден татко, свечено, но „зајадливо“ ќе го објави името на својот нероден син. Токму луцидната постапка со изборот и најавувањето на фамозното име ќе нè воведе во канонада од недоразбирања во конкретното семејство, во кое расправијата за тоа кое име е прифатливо за детето на Виктор и Ана, ќе доведат до уште поголеми комични заплети. Во претставата како дел од семејството се и Тони, нивниот пријател од детството и сопругата на Виктор, Ана.

Нени Делместре е родена во Сплит, каде што живеела до своите осумнаесет години. Дипломирала технологија на комуникации на Меѓународниот универзитет на Флорида, САД, во 1981 година, а на истиот универзитет во 1984 година дипломирала и театарска режија. Оттогаш режира во Хрватска, Словенија, Венецуела, Мексико, Италија и Македонија. Меѓу другото, преведува драмски текстови од англиски, шпански и италијански јазик, а објавува и есеи од областа на театарот. Од 1997 година работи како режисерка во Народниот театар во Сплит, а во сезоната 2002/2003 беше директорка на ХНТ „Сплит“. Од 2002 до 2004 год. беше директор на драмската програма на „Сплитско лето“.

Улогите во претставата ги толкуваат Атанас Атанасовски, Јелена Жугиќ, Роберт Ристов, Илија Илиоски и Кристина Ласовска.

Поради неповолните временски прилики претставата што требаше да се изведува на отворената сцена на Предворјето на „Света Софија“ ќе се игра на Големата сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток од 21 часот.

За вљубениците во музичката уметност вечерва сцената на Катедралнта црква „Света Софија“ е резервирана за солистичкиот концерт на италијанскиот виолинист Франческо Дорацио, кој ќе изведе одбрани соло партитури на Бах, Берио, Изаи, Чеса, Дал Онгаро.

Маестро Дорацио е дипломец на академиите „Моцартеум“ во Салцбург, под менторство на Денес Зигмонди и на „Рубин“ во Тел Авив, во класата на Јаир Клес. Како солист настапува во Европа, САД, Јужна Америка, Австралија, Кина и Јапонија. Негови изведби се запишани на носачи на звук на издавачките куќи „Дека“, „Хиперион“, „Опус 111/ Наив“, „Страдивари“ и „Амадеус“. Настапите го носат Франческо Дорацио на сцените на некои од најпрестижните светски концертни сали и аудиториуми, како миланската „Скала“, салата на Берлинската филхармоинја, Академијата „Санта Чечилија“, лондонските „Ројал Алберт хол“ и „Кадоган хол“, Центарот за барокна музика во Версај, како и на фестивалите во Буенос Аирес, Истанбул, „Мито“ во Торино, Монпелје, фестивалите во Равена, Равело, Урбино, Салцбург, Стразбур, Стреса, Танглвуд и на Венециското биенале.

Франческо Дорацио свири на виолина „Гварнери“ со име „Грофот од Кабриак“ изработена во 1811 година во Кремона, како и на вреден инструмент изработен од францускиот мајстор Жан Баптист Вијом во 1863 година.

Љубителите на класичната музика синоќа во акустичната црква Света Софија, во рамки на фестивалот „Охридско лето“, имаа вистинско уметничко доживување со пијано звуците на Канадското дуо Бергман.

Светски познатите уметници  кои заедно функционираат од далечната 1989 година и изведуваат мешавина на класични и современи дела, вклучувајќи ги и нивните оригинални композиции и аранжмани приредија неповторлива музичка вечер.

Повеќе од две децении – Елизабет и Марсел Бергман се присутни на светската музичка сцена. Нивните рецитални настапи и концерти со оркестар ги водат насекаде низ светот- во САД, Италија, Германија, Холандија, Грција и Канада каде настапуваат на значајни интернационални фестивали меѓу кои оние во Сан Франциско, Калгари, Ванкувер, Мајами, Драмштад и др. Носители се на награди и признанија во Каталанисета (Италија,) како и на специјалниот натпревар  за дуо пијано „Мареј Дреноф“ во Мајами, чии уметнички директори се во 2004/2005 година.

Поради неповолните временски услови театарската претстава „Име“ на НУ „Театар Комедија“ закажана за денеска на програмата на „Охридско лето“, наместо на отворена сцена на Предворјето на Света Софија ќе се игра на Големата сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид со почеток од 21 часот.

Одлуката за преместување на местото на изведбата на претставата „Име“ е донесена поради временски неприлики невообичаени за овој период од годината, ниските температури, ветерот и можноста за врнежи од дожд.

Инаку на програмата на 57-то издание на „Охридско лето“покрај театарската претстава за денеска  е предвиден и солистички концерт на италијанскиот виолинист Франческо Дорацио, што ќе се одржи на сцената во Катедралната црква „Света Софија“ по почеток од 20:30 часот.

СООПШТЕНИЕ:

Поради временските неприлики невообичаени за овој периот од годината, ниските температури, ветерот и можноста за врнежи од дожд, кои деновиве ја зафатија Македонија, Ве известуваме дека театарската претстава „Име“ на НУ Театар Комедија, Скопје, која беше закажана за утре во 22:30 во Предворјето на црква Св. Софија ќе се игра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток од 21 часот.

Жалиме за временските неприлики кои не само што го зафатија Охрид, туку и поширокиот дел од земјава, а воедно, уште еднаш упатуваме извинување до публиката за настанатата промена со која утрешната претстава „Име“ се префрла во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид со почеток од 21:00 часот.

Ви благодариме за разбирањето.

Со почит,
Н.У Охридско лето

Со концерт на модерниот џез-квартет „Форплеј“ утре на Античкиот театар во Охрид свечено ќе биде отворено 57-то издание на фестивалот Охридско лето.

Колективот од џез -музичари денеска на прес-конференција најави невиден спектакл заедно со оркестарот на Македонската филхармонија под диригентската палка на Емин Џијан.

Највозрасниот член на групата, Боб Џејмс, изрази одушевеност од Македонија, каде ќе настапат првпат.

– Како најстар член на групата можам да кажам дека сме одушевени од вашата земја. Имаме настапувано скоро во целиот свет, но првпат сме тука, во Македонија. Чест и задоволство е што ќе настапиме со вашиот национален оркестар. Само на тој начин можеме да го почувствуваме духот на овој народ, изјави Џејмс.

Музичарот Харви Мејсон ја нарече Македонија библиска земја.

– Оваа земја е спомната во Библијата и ми причинува особена чест што имам прилика да дојдам тука, рече Мејсон.

Музичкиот селектор Ѓорѓи Цуцкоски рече дека огромна е честа да се најави светски познатиот состав на музичари, современиот џез-квартет „Форплеј“, кои повеќе од две децении ужива уметнички и комерцијален успех на светската сцена, креирајќи музика која имплементира елементи на аренби, поп и други стилови во нивниот веќе препознатлив џезерски стил.

Низ годините, нивните повеќе од 12 албуми се искачуваат на врвот на Билбордовата листа на современи џез-албуми, а групата и понатаму ги истражува неисцрпните димензии на џезот, изнаоѓајќи начини да се доближи и до пошироката публика.

– Нивните албуми доживуваат фантастичен успех кај јавноста и критиката. Во 2015 година со албумот „Силвер“, кој содржи нов и навистина разновиден звук, групата прослави 25 години на сцената. Бендот во јавноста е познат како бестрашен кога станува збор за експериментирање и поместување на границите на современиот џез, рече Цуцковски.

Во претстојните 40 фестивалски денови, директорот на Фестивалот Оливер Арсовски најави рекордни 57 настани.

– Првпат во историјата на Фестивалот на свеченото отворање ќе имаме џез-настан, кој предизвика невиден интерес кај публиката. За утрешниот концерт пристигнуваат љубители на џезот буквално од целиот регион, рече Арсовски.

Новина на Фестивалот, додаде тој, се џез-вечерите на 19-ти, 21-ти, 22-ри и 23 јули, а на програмата има 33 врвни концерти, девет театарски претстави, две балетски претстави, филм за охридскиот бисер, изложби…

– Имаме една целокупна програма која изобилува со врвна уметност и атрактивни нови содржини благодарение на новите селектори, музичкиот Ѓорѓи Цуцковски и селекторот за драма Зоран Љутков, истакна Арсовски.

Потенцираше дека е голема возбудата, но и обврската да се реализира годинашното издание, кое ја носи тежината на 56-успешни години.

– Како Фестивал со големи вредности на светската културна сцена, кој е под капата на Министерството за култура, а под покровителство на Претседателот на Република Македонија, посакуваме традицијата на успешни фестивалски изданија да продолжи и во иднина, изјави Арсовски, кој во оваа пригода му заблагодари и на главниот спонзор Македонски телеком, како и на сите останати спонзори, помагатели и пријатели на фестивалот.

Од „Охридско лето“ оптимистички најавуваат дека настапите на големите светски уметници и врвните театарски изведби, кои ќе бидат вистинско уметничко доживување за публиката, ќе го одбележат ова фестивалско издание како едно од најпосетените.

Охрид од утре до 20 август ќе живее со уметноста. На сцените на Античкиот театар, Долни Сарај, црквата „Св. Софија“, нејзиното предворје, Центарот за култура „Григор Прличев“, но и други интересни локации низ градот, ќе се случуваат извонредно атрактивни културни настани, во кои можност да уживаат ќе имаат сите вљубеници во уметноста, на она што претставува врв во уметноста во светски рамки.

Програмата нуди неповторливи настапи на светски познати имиња и ансамбли од музичката, драмската уметност, програма за сите вкусови и генерации, сето вклопено во неповторлив природен и духовен амбиент каков што е Охрид.

Започнува online продажбата на влезниците за овогодинешното фестивалско издание на Охридско лето на www.mktickets.mk.

Online постапката за купување влезница може да се реализира и преку нашата web страна www.klinika.unet.mk од каде автоматски може да се поврзе на интернет продажбата за настанот кој корисникот го има избрано од фестивалската програма.

Физичката продажба на влезниците пак ќе стартува наскоро. Продажни места  и оваа година се Дирекција на Охридско лето- Охрид  и Билетара на кеј.

Во тек се резервациите кои можат да се направат на тел +389 46 262 304 / +389 46 261 304

 

Прв пат програмата ќе понуди рекордни 38 музички настани во чија изведба ќе учествуваат повеќе од 270 уметници, рече Цуцковски кој е избран за нов селектор на музичката програма …

Музичкиот спектакл на џез квартетот „Форплеј“ ќе го отвори годинашното 57. издание на најреномираната културна манифестација во Македонија – фестивалот „Охридско лето“, кој ќе се одржува под мотото „Патот до магијата“ и со ново лого.

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска на денешната прес-конференција истакна дека „Охридско лето“ низ своето безмалку шестдецениско постоење прерасна во своевиден бренд на Република Македонија, манифестација која силно ја промовираше и афирмираше нашата држава во меѓународен контекст и ги градеше нашите релации со светот.

– Во последните 10 години, со изразената поддршка на Министерството за култура,  во рамките на фестивалот „Охридско лето“ се реализираа преку 500-тини културни настани  меѓу кои со посебно внимание ќе ги издвојам настапите на големите Елина Гаранча, Дмитриј Хворостовски, Лео Нучи, Џеси Норман, Енио Мориконе,… како и исклучителните претставувања на култните театри како „Вера Комисаржевскаја“ од Санкт Петерсбург, Словенско народно гледалишче, Националниот театар од Турција, „Сфумато“ од Бугарија, „Хабима„ од Израел и мн. други. Не помалку значајно е што на фестивалот „Охридско лето“ се  претставија и голем дел на реномирани македонски уметници и ансамбли, рече Канческа Милевска.


Таа подвлече дека Република Македонија и нашата културна престолнина, градот Охрид годинава ќе бидат домаќини на над 300 врвни уметници, изведувачи и автори од 20 земји од целиот свет, од Кина, Индонезија, САД, Холандија, Италија, Руската Федерација, Австрија, Канада, Полска, и други земји и со задоволство го најави   музичкиот спектакл на  џез квартетот „Форплеј“, кој во својата интерпретација вклучува елементи на Ар-енд-Би и поп музика, а со кој фестивалот свечено  ќе биде отворен.

– Квартетот кој во последните години ја воодушевува светската јавност со своите  истражувања во откривањето на безграничните димензии и пермутации на џезот, на Антички театар ќе настапи заедно со оркестарот на „Македонската филхармонија“  под  диригентската палка на Емин Џијан. Уверена сум дека на 12 јули на Античкиот театар ќе бидеме сведоци на едно несекојдневно уметничко доживување, кое ќе ја освои и стручната јавност и македонската публика, рече министерката за култура.


Директорот на фестивалот Оливер Арсовски истакна дека годинава имаат подготвено атрактивна, квалитетна и возбудлива програма со над 50 настани – музички, драмски и балетски претстави, но и новитети со кои ќе се обидат да го задржат епитетот на високо реномиран евроспки фестивал. Тој го претстави и новото лого на фестивалот кое го сочинуваат четири елементи – Самоиловата тврдина, маската, брановите и харфата изработено од уметникот Томе Колев од Агенцијата „Оватион Адвертаизинг“, како обид за осовременување на фестивалот.

– Од оваа година со професионалноста и умешноста на новите селектори внесовме свежина во програмата и убеден сум дека тоа ќе го препознае стручната критика и нашата верна публика, нагласи Арсовски.

Тој се заблагодари на Министерството за култура кое помогна за уредување на фестивалските сцени во Долни Сарај, Античкиот театар и предворјето на Света Софија, со што рече, Охрид како град на културата ќе понуди комплетно доживување за публиката и врвните уметници.

Новиот селектор на драмската програма на Охридско лето, Зоран Љутков истакна дека годинава ќе понудат четири претстави од домашни театтри, од кои три премиери и четири претстави од меѓународната сцена, при што акцентот ќе биде ставен на трите премиери на македонските театри.

Станува збор за претставите „Човек, ѕвер и крепост“ (18 јули) од Луиџи Пирандело на Театарот Комедија во режија на Нени Делместре, „Кралот Лир“(30 јули) од Шекспир во изведба на Турскиот театар од Скопје во режија на Диего де Бреа, како и „Сон на летната ноќ“(5 август) исто така од Шекспир во режија на американскиот режисер Вон Блондел а во изведна на Битолскиот театар. Театарот од Велес Ј.Х.К- Џинот“ репризно ќе ја изведе претставта „Ана Комена“(20 јули) од Сашо Димоски.

Од гостувањата тоа се настапите на Камерниот театар 55 од Сараево со  претставата „Жаби“ (15 јули) која е приказна за луѓето и времето во кое живееме, „Отело“ во продукција на Театарот на бугарската армија од Софија, концертното шоу „Меџик нешнл“ во режија на Јон Карамитру  во продукција на Националниот театар од Романија. Публиката ќе има можност да ја види и претставата „Пијани“ од Иван Вирипајев, еден од најизведуваните современи руски и европски писатели во режија на Борис Лијешевиќ, кој се издвојува меѓу најактуелните балкански режисери, во продукција на Ателје 212.

Во музичкиот дел програмата ја селектираше Ѓорги Цуцковски, кој истакна дека фестивалот ќе ја задржи сериозната музика како главен печат, но ќе понуди и жанровско збогатување, светски мега спектакли и ансамбли кои премиерно гостуваат на балканските простори. Покрај џез спектаклот за отворањето на фестивалот, се воведуваат и џез вечери, потоа гостувањето на Рок Симфони и Влатко Стефановски, како и ЕЛК Камерен оркестар од Кина.

Фестивалската публика ќе има можност да проследи и настапи на домашни реномирани уметнички институиции и солисти (Оркестарот на Македонска филхармонија, Камерниот оркестар на МММ, виолинистите Блиерим Груби, Климент Тодоровски, Костадин Богдановски,…)

– Прв пат програмата ќе понуди рекордни 38 музички настани во чија изведба ќе учествуваат повеќе од 270 уметници, рече Цуцковски кој е избран за нов селектор на музичката програма.

Инаку, програмата на Охридско лето годинава се соопштува три месеци пред почетокот на фестивалот, а тоа е како што нагласи директорот Аросвки, дел од неговите заложби за поголема домашна и  меѓународна промоција, со цел потенцијалните туристи и гости од Европа и регионот кои ќе го посетат Охрид да бидат навремено запознаени со програмските содржини за да можат да ги проследат.

Според организаторите на фестивалот, годинава предвидена е и офф-програма со концерти и изложби која дополнително ќе биде соопштена.

 

Ѓорѓи Цуцковски: Немам чувство дека работам, туку дека го живеам својот животен сон

 

Пр­ве­не­цот на Опе­ра­та при Ма­ке­дон­ска­та опе­ра и ба­лет, Ѓор­ѓи Цуц­ков­ски, е но­ви­от му­зич­ки се­ле­ктор на фе­сти­ва­лот „Охрид­ско ле­то“. Тој до­а­ѓа на ме­сто­то на Гор­да­на Јо­си­фо­ва-Не­дел­ков­ска, ко­ја де­сет го­ди­ни ус­пеш­но ја во­де­ше оваа функ­ци­ја.

 

Цуц­ков­ски дип­ло­ми­ра­ше на Фа­кул­те­тот за му­зич­ка умет­ност во Скоп­је со нат­про­сеч­на оцен­ка (cum laude), во кла­са­та на про­фе­сор­ка­та Бил­ја­на Ја­ки­мов­ска. Тој е и сти­пен­дист на Фон­да­ци­ја­та „Му­зич­ки те­а­тар” од Ви­е­на и уште од вто­ра­та фа­кул­тет­ска го­ди­на ста­нал со­лист во Ма­ке­дон­ска­та опе­ра и ба­лет. Се вра­бо­ту­ва во МОБ, ка­де што, ка­ко што ве­ли, му се по­ну­ди­ла шан­са да се стек­не со го­ле­мо сцен­ско и опер­ско искус­тво, а по­доц­на ста­ну­ва и умет­нич­ки ди­ре­ктор на оваа ин­сти­ту­ци­ја. До­се­га на­ста­пу­вал во Ав­стри­ја, Ита­ли­ја, Гер­ма­ни­ја, Швај­ца­ри­ја, Ср­би­ја, Ал­ба­ни­ја…

Вие сте но­ви­от се­ле­ктор за му­зич­ка про­гра­ма на Фе­сти­ва­лот „Охрид­ско ле­то“. Што прет­ста­ву­ва за Вас овој из­бор? Да­ли е нов пре­диз­вик?

Цуц­ков­ски: Пред сѐ ми прет­ста­ву­ва осо­бе­на чест и за­до­волс­тво да би­дам му­зич­ки се­ле­ктор на еден од нај­ре­но­ми­ра­ни­те му­зич­ки фе­сти­ва­ли, Фе­сти­ва­лот „Охрид­ско ле­то“. Исто­вре­ме­но ми го­ди но­ва­та по­зи­ци­ја, но мо­рам да истак­нам де­ка се чув­ству­вам на­ви­сти­на од­го­во­рен за на на­ша­та, но и на ту­ри­стич­ка­та и на му­зич­ка­та јав­ност да им овоз­мо­жи­ме вр­вен ква­ли­тет на умет­нич­ки збид­ну­ва­ња, да го за­др­жи­ме ни­во­то што го има Фе­сти­ва­лот на­ви­сти­на дол­ги го­ди­ни и, се раз­би­ра, да да­де­ме сопс­твен при­до­нес и да овоз­мо­жи­ме што по­го­ле­мо збо­га­ту­ва­ње на про­гра­ма­та за во ид­ни­на. Мо­рам да истак­нам де­ка мо­е­то искус­тво ка­ко умет­нич­ки ди­ре­ктор на Ма­ке­дон­ска­та опе­ра и ба­лет, т.е. на Ма­ке­дон­ска­та опе­ра ми овоз­мо­жу­ва не­кои по­го­ле­ми еду­ка­ции од ти­пот на ме­на­џи­ра­ње и на упра­ву­ва­ње со умет­ни­ци и со ре­сур­си, та­ка што мис­лам де­ка имам до­бра ос­но­ва за на­та­мо­шен раз­вој и де­ка на­ви­сти­на ќе при­до­не­сам за уште по­го­ле­ма афир­ма­ци­ја на овој фе­сти­вал.

 

Ка­ква про­гра­ма да оче­ку­ва­ме за след­но­то из­да­ние на Фе­сти­ва­лот? Има ли ве­ќе не­кои до­го­во­ре­ни на­ста­пи? До­а­ѓа­ат ли ѕвез­ди во Охрид?

Цуц­ков­ски: Мо­рам да истак­нам де­ка ре­чи­си осум­де­сет про­цен­ти од про­гра­ма­та за след­на­та се­зо­на на „Охрид­ско ле­то“ е ве­ќе за­вр­ше­на и на ма­ке­дон­ска­та пуб­ли­ка, но и на по­ши­ро­ка­та му­зич­ка и умет­нич­ка јав­но­ста, мо­жам да ѝ га­ран­ти­рам спе­кта­ку­ла­рен фе­сти­вал, спе­кта­ку­лар­но отво­ра­ње, спе­кта­ку­лар­но за­тво­ра­ње… Сѐ уште сме во пре­го­во­ри со го­лем број умет­ни­ци, зна­е­те умет­ни­ци­те се за­фа­те­на му­зич­ка фе­ла, но ка­ко Ѓор­ѓи Цуц­ков­ски ќе се тру­дам да да­дам еден ли­чен пе­чат на фе­сти­ва­лот, мо­же­би во збо­га­ту­ва­ње на про­гра­ма­та за­тоа што сме­там де­ка фе­сти­ва­лот тре­ба да ги оп­фа­ќа ши­ро­ки­те на­род­ни ма­си, а тоа зна­чи да дој­дат нај­ре­но­ми­ра­ни­те ре­про­ду­ктив­ни умет­ни­ци од об­ла­ста на кла­сич­на­та му­зи­ка, ме­ѓу­тоа да има мал­ку по­ши­ро­ки жа­нро­ви за си­те љу­би­те­ли на му­зи­ка­та и на умет­но­ста. Ту­ка спа­ѓа­ат џе­зот, ори­ент кла­си­ка­та, та­ка што ќе се по­тру­дам за се­кој што ба­рем мал­ку са­ка му­зи­ка, да има мож­ност да ку­пи би­лет и да по­се­ти не­кој од на­ши­те на­ста­ни.

Уште на ра­на во­зраст ста­на­вте дел од ан­самб­лот на МОБ, во ме­ѓу­вре­ме по­ле­ка но си­гур­но изо­де­вте долг пат кон ус­пе­хот… Сти­пен­дист на Фон­да­ци­ја­та „Му­зич­ки те­а­тар“ од Ви­е­на, со­лист во МОБ со оди­гра­ни мош­не зна­чај­ни уло­ги на ма­тич­на­та сце­на, умет­нич­ки ди­ре­ктор, се­га се­ле­ктор за му­зич­ка про­гра­ма на Охрид­ско ле­то… Бе­ше ли те­шко да се по­стиг­не се­то тоа? Има­ше ли одре­ку­ва­ња? Жа­ли­те ли мо­же­би за не­што?

Цуц­ков­ски: Јас не­мам чув­ство де­ка ра­бо­там, ту­ку де­ка го жи­ве­ам сво­јот жи­во­тен сон. Зна­чи мо­жам да ре­чам де­ка ра­бо­там хо­би, од­нос­но не­што што на­ви­сти­на го са­кам. Од нај­ма­ла во­зраст поч­нав со му­зич­ка­та еду­ка­ци­ја и бла­го­да­ре­ние на се­бе, на се­мејс­тво­то и на др­жа­ва­та ко­ја се­ко­гаш ми по­ма­га­ше, се­ко­гаш до­би­вав мож­ност да се до­ка­жу­вам сѐ по­ве­ќе и по­ве­ќе. На­пор­на­та ра­бо­та е со­ста­вен дел од на­ши­от ус­пех, но ние умет­ни­ци­те сме на­вик­на­ти на тоа и, во прин­цип, ме­не не ми прет­ста­ву­ва ни­ка­ква те­шко­ти­ја да ра­бо­там и по че­ти­ри­на­е­сет или пет­на­е­сет ча­са днев­но за­тоа што се­то тоа е ли­чен ус­пех, ус­пех на се­мејс­тво­то, на ку­ќа­та – Ма­ке­дон­ска­та опе­ра и ба­лет, и на др­жа­ва­та во­оп­што. Та­ка што се­ко­гаш сум бла­го­да­рен, се­ко­гаш одам на­пред и не сме­там де­ка тре­ба ту­ка да се за­ста­не. Лич­но сме­там де­ка тре­ба да да­дам ма­кси­мум за Фе­сти­ва­лот „Охрид­ско ле­то“ и по­тоа, ако има не­ка­ква дру­га мож­ност или не­ка­де ка­де што, исто та­ка, мо­жам да при­до­не­сам, со за­до­волс­тво го при­фа­ќам исто­то.

 

До­се­га сте на­ста­пу­ва­ле на ре­но­ми­ра­ни сце­ни во Ру­си­ја, Гер­ма­ни­ја, Ав­стри­ја, Ита­ли­ја, Швај­ца­ри­ја, Ал­ба­ни­ја и во дру­ги зем­ји и има­те од­лич­на со­ра­бо­тка со нив. Мо­же ли да оче­ку­ва­ме не­ка­ква со­ра­бо­тка со овие ку­ќи ко­ја би ре­зул­ти­ра­ла со на­стап на Ан­тич­ки те­а­тар или во МОБ?

Цуц­ков­ски: Да. Ве­ќе ид­на­та го­ди­на ќе има­ме не­што од тој тип. На­ши­те лич­ни кон­та­кти се го­ле­ма пред­ност, јас ка­ко сти­пен­дист на Вла­да­та на Ав­стри­ја, по­тоа со мо­и­те ин­тер­на­ци­о­нал­ни го­сту­ва­ња од Ко­ре­ја до Ита­ли­ја, имам го­лем број кон­та­кти ка­ко со умет­ни­ци, та­ка и со аген­ти на умет­ни­ци кои мо­жат да ни по­мог­нат исти­те свет­ски умет­ни­ци да дој­дат во Ма­ке­до­ни­ја, но под раз­лич­ни ус­ло­ви. Ние сме др­жа­ва со огра­ни­че­ни ре­сур­си, но мо­рам да истак­нам де­ка за ед­на ва­ка ма­ла др­жа­ва има­ме на­ви­сти­на спе­кта­ку­лар­ни умет­нич­ки на­ста­ни и ма­ке­дон­ска­та пуб­ли­ка има мож­ност мно­гу че­сто да ги гле­да нај­го­ле­ми­те свет­ски му­зич­ки умет­нич­ки ѕвез­ди, та­ка што мис­лам де­ка тре­ба да би­де­ме гор­ди на на­ша­та кул­ту­ра и на на­ши­те кул­тур­ни збид­ну­ва­ња, во­оп­што. Не за­о­ста­ну­ва­ме зад свет­ска­та сце­на. Се­то она што ѝ е до­стап­но на свет­ска­та му­зич­ка и умет­нич­ка јав­ност, ние, Ма­ке­дон­ска­та опе­ра и ба­лет, Ма­ке­дон­ска­та фил­хар­мо­ни­ја, „Охрид­ско ле­то“, си­те ка­ко ин­сти­ту­ции од кул­ту­ра­та, го да­ва­ме сво­јот ма­кси­мум и мис­лам де­ка ма­ке­дон­ска­та пуб­ли­ка е ви­стин­ски за­до­вол­на.