Во рамки на традиционалната Европска вечер на фестивалот „Охридско лето“, синоќа во црквата „Света Софија“ се одржа концерт на саксофон квартетот „Сигнум“од Германија.  Европските уметници изведоа дела од Равел, Шостакович, Гершвин, Барбр, Пјацола, Корија и Зарвос.

Квартетот „Сигнум“ го сочинуваат четворица млади саксофонисти за кои критиката вели дека во својата музика носат смеса на мажевност и сензитивност.
 
 И синоќа во црквата „Света Софија“, свирејќи без ноти, младите саксофонисти успеаја да и’ се „наметнат“ на публиката на „Охридско лето“ која уживаше во нивниот настап.
 
 „Акустиката е фантастична. Ова место овде има многу голема традиција и затоа сме благодарни што „Охридско лето“ ни дава можност да го доживееме тоа извонредно искуство и да свириме на вакво место каде со  генерации и генерации се пишувала историјата. Многу ни е мило што со нашите прекрасни инструменти влегуваме во еден ваков простор како што е акустичната „Света Софија“, рече Словенецот Алан Лужар, дел од овој музички состав.
 
Блаж Кемперле, Ерик Нестлер, Алан Лужар и Гуерино Белароса го формираа квартетот во 2006  година. Тие се академски музичари кои се образувале на музичките универзитети во Келн, Виена и Амстердам.
 
  Зад квартетот „Сигнум “ стојат многу настапи на престижни сцени во светот, но и бројни награди. Оваа сезона настапите ги водат во новоотворената концертна сала во Хамбург, во големата сала на Филхармонијата во Санкт Петербург, како и на гостувања во Полска, Белгија, Италија, Бугарија, Австрија, Германија и во Јужна Кореја.   

Aмбасадорот на Европската Унија, Самуел Жбогар, вечерва ќе присуствува на Европската вечер на Охридско лето на која настапуваат СИГНУМ Саксофон квартет од Германија. Европската вечер на Охридско лето започна да се организира во 2007 година со настапот на Барокниот Оркестар на Европската Унија. Оттогаш, Делегацијата на Европската Унија дава финансиска помош за учество на европски музичари на овој реномиран фестивал со цел да ја поддржи културната соработка и размена.

Со концертите на германскиот саксофон квартет „Сигнум“ во црквата „Света Софија“ и на „Гоце Стефкоски септетот“ на сцената Долни Сарај продолжува музичката програма на фестивалот „Охридско лето“.

„Сигнум“ со сочинуваат четворица саксофонисти, четворица млади уметници за кои критиката вели дека во својата музика носат смеса на мажевност и сензитивност. Свирејќи главно без ноти пред себе, тие спонтано се наметнуваат на публиката, во линија со самата музика што ја изведуваат. Нивната перфекција во изведбите се восприма како нешто очекувано…

Уметниците Блаж Кемперле, Ерик Нестлер, Алан Лужар и Гуерино Белароса го формираа „Сигнум“ во Келн во 2006 година. Тие се академски музичари дипломци на музичките универзитети во Келн, Виена и Амстердам, со бројни награди и настапи на повеќе фестивали и престижни сцени низ Европа.

На програмата на концертот што ќе почне од 20:30 часот се дел на Равел, Шостакович, Гершвин, Барбр, Пјацола, Корија, Зарвос.

На сцената Долни Сарај со почеток од 22 часот концерт во рамки на „Охридско лето“ и на „Гоце Стевкоски септетот“.

Гоце Стевковски важи за еден од најквалитетните и најбараните македонски тапанари и перкусионисти. Тој е познат по неговите настапи со исклучителните уметници и бендови како Кирил Џајковски, „Леб и сол“, „Архангел“, „Ласт експедишн“, „Проект Жлуст“, „ДНО“, Никола Коџабашија, Бодан Арсовски и „Езгија“, Шаревски квартет, Зоран Маџиров и др. Неговиот прв албум насловен „Седум приказни“ носи индивидуален стилски и музички печат, а е реализиран со некои од најквалитетните македонски џез-музичари: Крие Кузманов, Иван Иванов, Трајко Велков, Дамир Имери, Сашко Николовски, Александар Николов и Оскар Салас. Изданието е објавено од „Пасворд продукција“ и содржи седум композиции напишани од Стевковски.

Гоце Стевковски настапува на бројни интернационални фестивали меѓу кои „Егзит биар фест“ (Exit beer fest) и „Умбрија џез“ во Белград, „Грин фест“ во Инџија, на фестивали во Загреб, Париз, Италија, Канада и др. Учествува во повеќе работилници и проекти, театарски претстави и музика за филм.

Со концертот на холандско-британското „Доминик Маршал трио“ вечерва на сцената Долни Сарај започнува џез-викенд програмата, Охрид џез бриз, на годинешното 57-мо издание на Фестивалот „Охридско лето“.

Станува збор за новитет во фестивалската програмска шема, со настап на врвни уметници од светот на џез музиката.

Селекторот на музичката програма на „Охридско лето“ Ѓорѓи Цуцковски истакна дека престојниот настан претставува обид за збогатување на програмата на фестивалот, со музичко-уметнички збиднувања замислени да ги комплетираат уметничките доживувања на се поразличната фестивалска публика .

Програмата за престојниот џез-викенд предвидува по два концерти дневно во текот на наредните три  вечери, со почеток од 21 и 22:30 часот на сцената Долни Сарај. На програмата се целовечерни концерти на македонско-данскиот бенд „МОМБ и Памперс од д фол“, преку данскиот гудачки квартет „Т.А.О.“, финската уметничка на бандеон и хармоника Хели Сиекинен и американско-британскиот „Project Hideaway“, до финалето в недела со настапот на американскиот бенд предводен од Лери Дан, инаку поранешниот клавијатурист на светски познатата група „Earth, wind and fire“.

      –Почестени сме што сме дел од фестивалот „Охридско лето“, во овој прекрасен град исполнет со култура, на уште поубавото езеро…Ова е мое прво гостување во Македонија, со нетрпение и големо возбудување го очекуваме настапот со останатите членови на мојот бенд „Лери Дан и пријателите“. На прекрасната сцена покрај самото езеро ќе изведуваме наши авторски композиции, класични џез дела, секако и дел од светските хитови на „Earth, wind and fire“, рече Дан.

Финската уметничка на хармоника и бандеон Хели Сиекинен која инаку е изведувач на класични музички композиции, рече дека специјално за „Охридско лето“ ќе настапува со програма малку поразлична од нејзиниот вообичен репертоар.

    – Мошне сум среќна што ја добив можноста да настапувам тука со нова програма, очекувам забавна вечер за сите што ќе дојдат на мојот концерт, рече таа.

 

Лоран Таргенсен од Данска исто така откри дека е особено почестен што е дел од овие врвни имиња.

    –Последниот мој албум има неколку синглови. Во моментов свирам класична џез форма на музика, а исто така бев и писателски партнер на Кајли Миног и други познати уметници. Многу сум среќен што сум тука. Нашата програма е утре навечер после 20 часот и започнуваме со акустичен гудачки квартет, истакна Таргенсен.

 

Фестивалската публика ќе може да ужива и во некои композиции што светските џез-уметници ќе ги изведуваат во 7/8 такт, карактеристичен за македонската музика.

Велешкиот театар „Џинот“ синоќа во Предворјето на Света Софија ја воодушеви публиката со изведбата на претставата Ана Комнена работена по истоимениот драмски текст на Сашо Димоски во режија на Ненад Витанов и Васил Зафирчев. 

Одличната актерската екипа, Кети Борисовска, Васил Зафирчев, Јордан Витанов, Весна Димитровска Бобевски, Зорица П. Панчиќ, Жарко Спасовски, Александар Велјановски, Самоил Стојановски, Фаик Мефаилоски, Даријан Петров, Талија Настова, Андреј Серафимовски, Маја Љутков, Александар Ѓеоргиев, Кирил Гравчев, Марија Стефановска и Румена Шопова , ја пренесоа својата креативна енергија во гледалиштето со што публиката уживаше во изведбата и покрај ладното време.

Големата перфекција со која беше донесена оваа комплексна и многу атрактивна претстава е само потврда за квалитетот на  селектираната драмска  програма на ова 57-мо фестивалско издание.

„Видовме еден визуелен, драмски, ликовен, музички спектакл. Претстава  која вклопена во прекрасниот амбиент на оваа сцена донесе голем уметнички квалитет “, рече селекторот Љутков.

Претставата ја донесе  личната драма на византиската принцеза Ана Комнена која иако легитимен престолонаследник, не успева да застане на чело на империјата само затоа што е жена. Ана Комнена не е историска драма ниту драма на историјата, туку современ драмски прочит кој го преиспитува историскиот контекст и феноменот на власта, ќе рече авторот на текстот.

„Претставата е градена на три основни концепти, како што се родовото устројство на светот, позицијата на жената во власта и преиспитување на концептот верба, позицијата на Бог, прочитана од сите можни перспективи што го засегаат човековото битие. Овие три концепти се особено сериозни, на нив почива цивилизацијата“, вели авторот на текстот Димоски.

Насловната улога во претставата Кети Борисовска  со експресијата на емоции  ја донесе  Ана Комнена  како најголемиот воин во борбата за добивање на нештата со право што следува по природен пат. Нејзиното најсилно оружје е тоа што е апсолутна жена.

„И во денешно време постојат сегрегирањата по основа на пол и затоа е интересна животната приказна на Ана Комнена. И покрај перипетиите што ѝ се случуваат во борбата за престолот, нејзиниот прогон, на крајот, сепак, таа успева да извојува морална победа, од која произлегува главната поента на претставата дека човекот не го прави позицијата општеството, туку душата и срцето“, вели режисерот Ненад Витанов.

Сценографијта за претставата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Раде Василев, авторската музика на Сашко Костов, а видео-дизајнот на Данчо Стефков.

 

Со концертот на холандско-британското „Доминик Маршал трио“ утревечер на сцената Долни Сарај започнува џез-викенд програмата, Охрид џез бриз, на годинешното 57-мо издание на Фестивалот „Охридско лето“.

Како што беше истакнато на денешната прес-конференција, станува збор за новитет во фестивалската програмска шема, со настап на врвни уметници од светот на џез музиката.

Селекторот на музичката програма на „Охридско лето“ Ѓорѓи Цуцковски истакна дека престојниот настан претставува обид за збогатување на програмата на фестивалот, со музичко-уметнички збиднувања замислени да ги комплетираат уметничките доживувања на се поразличната фестивалска публика .

Програмата за престојниот џез-викенд предвидува по два концерти дневно во текот на наредните три  вечери, со почеток од 21 и 22:30 часот на сцената Долни Сарај. На програмата се целовечерни концерти на македонско-данскиот бенд „МОМБ и Памперс од д фол“, преку данскиот гудачки квартет „Т.А.О.“, финската уметничка на бандеон и хармоника Хели Сиекинен и американско-британскиот „Project Hideaway“, до финалето в недела со настапот на американскиот бенд предводен од Лери Дан, инаку поранешниот клавијатурист на светски познатата група „Earth, wind and fire“.

  • Почестени сме што сме дел од фестивалот „Охридско лето“, во овој прекрасен град исполнет со култура, на уште поубавото езеро…Ова е мое прво гостување во Македонија, со нетрпение и големо возбудување го очекуваме настапот со останатите членови на мојот бенд „Лери Дан и пријателите“. На прекрасната сцена покрај самото езеро ќе изведуваме наши авторски композиции, класични џез дела, секако и дел од светските хитови на „Earth, wind and fire“, рече Дан.

Финската уметничка на хармоника и бандеон Хели Сиекинен која инаку е изведувач на класични музички композиции, рече дека специјално за „Охридско лето“ ќе настапува со програма малку поразлична од нејзиниот вообичен репертоар.

  • Мошне сум среќна што ја добив можноста да настапувам тука со нова програма, очекувам забавна вечер за сите што ќе дојдат на мојот концерт, рече таа.

Лоран Таргенсен од Данска исто така откри дека е особено почестен што е дел од овие врвни имиња.

  • Поседниот мој албум има неколку синглови. Во моментов свирам класична џез форма на музика, а исто така бев и писателски партнер на Кајли Миног и други познати уметници. Многу сум среќен што сум тука. Нашата програма е утре навечер после 20 часот и започнуваме со акустичен гудачки квартет, истакна Таргенсен.

Фестивалската публика ќе може да ужива и во некои композиции што светските џез-уметници ќе ги изведуваат во 7/8 такт, карактеристичен за македонската музика.

 

Драмската програма на „Охридско лето“ продолжува вечерва со театарската претстава „Ана Комнена“ на Сашо Димовски, во изведба на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес.

Кога за протагонистката на својата пиеса ја избрал Ана Комнена, автентичната византиска принцеза од ХI/ХII век, Сашо Димоски не тргнал да пишува нешто што колоквијално би можело да се нарече „историска драма“, дури ни нешто што феноменолозите би го нарекле „драма на историјата“. Пишувајќи ја „Ана Комнена“, Димоски не ги театрализира само некои од фактите што ја создаваат биографијата на една нестандардна историска персона, туку го истражува и она што теоријата на рецепција го нарекува „хоризонт на очекување“: имено, начинот на кој гледачите го декодираат таканареченото театарско уметничко дело.

Тој преку протагонистката Ана Комнена го застапува и жестоко го брани своето елементарно женско право на силина. Во некои од своите прози, Димоски тоа го маркира како платформата на „третиот пол“.

Претставата „Ана Комнена“ е режисерска поставка на Ненад Витанов и на Васил Зафирчев, додека актерската екипа ја сочинуваат Кети Борисовска, Васил Зафирчев, Јордан Витанов, Весна Димитровска Бобевски, Зорица П. Панчиќ, Жарко Спасовски, Александар Велјановски, Самоил Стојановски, Фаик Мефаилоски, Даријан Петров, Талија Настова, Андреј Серафимовски, Маја Љутков, Александар Ѓеоргиев, Кирил Гравчев, Марија Стефановска и Румена Шопова.

За изведбата на „Ана Комнена“ е резервирана сцената на Предворјето на црквата „Света Софија“, а почетокот е закажан за 21 часот.

Во рамки на фестивалот Охридско лето, вчера вечер на летната сцена Долни сарај, концерт одржа Здружение на џез музичари Биг бенд, Македонија. Во одличен амбиент македонските џез музичари приредија вистинска концертна магија.

 

Фестивалот Охридско лето вечерва продолжува со театарската претстава „Ана Комнена“ во продукција на театарот Јордан Хаџи Константинов Џинот од Велес, а во режија на Ненад Витанов и Васил Зафирчев.

Претставата се игра во предворјето на Св. Софија со почеток во 21 часот.

 

http://www.ohridnews.com/vesti/107671

 

Со посебно внимание се пристапува кон драмската програма. Охрид нуди многу сцени, па од тој аспект се правеше програмата и можам да видам колку е шаренолика и колку е за сечиј вкус. Изненаден сум од првата претстава „Жаба“, имаше многу повеќе публика и силни реакции. Фестивалот „Охридско лето“ е многу подобар од она што го очекував. Ако овој успех се случи и со претставата „Ана Комнена“ вечер, а верувам дека ќе се случи затоа што е претстава која како да е специјално правена за овој простор. Се поклопи точно со просторот во „Св. Софија“ и верувам дека вечерва ќе биде посебно доживување, вели Љутков.

Новиот селектор на драмската програма на „Охридско лето“, Зоран Љутков истакна дека годинава фестивалот ќе понуди четири претстави од домашни театри, од кои три премиери и четири претстави од меѓународната сцена, при што акцентот ќе биде ставен на трите премиери на македонските театри.

Емисијата „Радио Корнер“ на Супер радио со водителката Александра Алексијевска се емитува во живо од популарното Бистро „Корнер“ во Охрид на Супер радио, секој работен ден во терминот од 12:00 до 14:00 часот.

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

Во рамки на манифестацијата Охридско лето, вечерва на Долни Сарај со почеток од 20:30 часот, концерт ќе одржи ЗЏМ Биг Бенд Оркестар.

Биг Бендот кој повеќе од една година работи во рамки на Здружението на џез музичари и слободни уметници – ЗЏМ Скопје, успеа да го привлече вниманието на публиката на џез музиката уште по првиот настап во декември 2016 година.  Овој состав имаше свое премиерно претставување во декември, 2016 година со концертот одржан во МОБ, под диригентство на австрискиот диригент Зиги Фајгл, по што следеа повеќе успешни настапи и концерти на Виенскиот бал во Скопје, Денови на македонската музика, манифестацијата Денес сѐ е џез.

Концертот во Долни Сарај ќе биде реализиран под диригентство на Емин Џијан.

Здружението на џез музичари и слободни уметници – ЗЏМ – Скопје, преку своите активности и самата работа на ЗЏМ Биг Бендот, континуирано работи на афирмација и популаризација на македонската џез музика во земјата и надвор од неа како и подобрување на статусот на џез музиката во земјава.  Здружението работи на подобрување на музичката продукција, се залага за едукација на млади таленти и ентузијасти, за афирмирање на џез музиката преку организирање на џез фестивали и настани кои ќе помогнат во негување на џез културата во Македонија.

Во Здружението членуваат дел од најреномираните џез музичари од Македонија, студенти и професори на џез академиите во Скопје и Штип, како и слободни уметници, љубители и помагатели на овој вид уметност.