Педесет и деветтото издание на фествалот „Охридско лето“  ќе биде отворен в петок, на 12 јули, со спектакуларен концерт на светски популарната виолинистка Ванеса Меј што ќе се одржи на Антички театар во Охрид со почеток во 21 часот.

Мегапопуларната Ванеса Меј ќе приреди неповторливо доживување за љубителите на уметноста за кое, се бара карта повеќе.

Ванеса Меј е родена во Сингапур на истиот ден со виртуозот на виолина Николо Паганини. На четири годишна возраст се сели во Лондон и  започнува да учи виолина за на 8 години да замине во Пекинг.  Таму ги развива талентот и виртуозноста во класата на Лин Јао Џи.  Во Лондон се враќа  да ги продолжи студиите по виолина на Кралскиот колеџ за набргу во 1998 година да дебитира на Фестивалот Шлезвиг-Холштајн  со одличен прием кај светската музичка јавност,  а на само 11 години дебитира со оркестарот „Филхармонија“ во Лондон по што веќе нема запирање за кариерата на Меј која од тој миг натаму  е во постојан подем.

На 13-годишна возраст „чудото од дете“,  Меј,  веќе има издадено три комплетни албуми на кои се поместени концертите од Чајковски и Бетовен, но и виртуозни пиеси од Виењавски, Сарасате и Паганини. Набргу потоа го наоѓа својот стил снимајќи го албумот „Виолинистка“ издаден во 1995 година кој се продава во милионски тираж, наоѓајќи сосем нова публика различна од онаа традиционалната. До денес има продадено повеќе од 10 милиони албуми и добиено 40 интернационални награди за нејзините поп и класични снимки, додека пак концертите се пренесувани во повеќе од 100 земји во светот. Соработува со различни артисти меѓу кои и  Џенет Џексон и Принс, а нејзиниот календар е исполнет со настапи со кои досега ја има обиколено земјината топка повеќе пати. Посетила повеќе од 50 земји, а свирела на атрактивни локации како: Кремлин во Москва, Хајд Парк во Лондон и Акропол во Атина.

Предавање на тема „Музиката денес“ се одржа синоќа во црквата „Света Софија“ во Охрид, во организација на Националната установа „Охридско лето“ и  генералниот спонзор на оваа музичко-сценска манифестација „Македонски телеком“.

На оваа тема говореше познатиот македонски композитор, аранжер, продуцент, диригент и организатор на спектакуларни музички проекти,уметникот Емин Џијан кој укажа на  различните перцепции во музиката, а се задржа и на начините на кои таа се создавала во минатото и денес.

-Се обидов да дадам свое појаснување на одредени проблематики за да можат слушателите на убав начин да ја примат музиката и да можат на некој начин да ја разберат онаа квалитетната  или некомерцијална музика, рече Џијан.

Овој уметник е познат по тоа што создава фузија од секакви музички жанрови, но сосредоточени во силен авторски израз и музиката ја дели на добра и лоша, поточно на вистинска и  комерцијална.

-Одговорот на прашањето како може да се разликува квалитетната  музика е многу мистериозно. Впрочем и самата музика е најмистериозната појава. Не постои, освен ако не се запише на хартија, но и таа хартија е мртва. Музиката е временска уметност. Самиот концерт или настан што се случува во моментот, и’ дава една посебна димензија и само луѓето кои се присутни во тој момент и на тој простор,  можат вистински да ја уживаат музиката и да ја почувствуваат магијата бидејќи не е исто како носач на звук кој се слуша дома, во фотелја или во автомобил, појасни Џијан.

Според него, авторот не ја прави музиката за себеси, туку за луѓето, и мора да најде најдобар начин како да ја презентира за да може публиката да ја открие вистинската вредност на делото, а истовремено и на изведувачот.

-Технологијата денес како и во секојдневието, помага и во креирањето музика, но постои страв дека компјутерите ќе ја преземат целата работа. Секако, ние кои се занимаваме со правење музика на традиционален начин, ќе продолжиме да го правиме тоа. Таа борба ќе трае. Светот на квалитетната музика ќе биде во минус, но потоа ќе следи откровение, додаде Џијан.

Директорката на НУ „Охридско лето“ Наташа Поповиќ истакна дека предавањето беше одлично, а особено радува што беа изнесени информации за слушателите поврзани со музиката во минатото која всушност е база за се’ она што се создава денес како квалитетна музика музика.

-Бидејќи и самата доаѓам од светот на класичната музика, сметам дека се’ ова што се случува денес со новата технологија, иако е многу олеснето,  дава друга тежина. Сепак,  базата ја сочинуваат Бах, Бетовен, Моцарт, рече Поповиќ.

По синоќешното предавање се одржа и концерт на квартетот на Џијан во чиј состав се Гоце Стевковски на тапани, Кирил Кузманов на алт саксофон и флејта и Кирил Туфекчиески на контрабас, врвни мајстори на своите инструменти. Квартетот понуди авторски композиции на Емин Џијан прилагодени за овој состав.

Охридската публика го памети Џијан по реализацијата на спектакуларните проекти со Дерик Меј во 2014 година, како и со Хуан Аткин во 2018 година, кои настапија заедно со Македонската филхармонија.

Во катедралната црква Св. Софија денеска  со почеток од 18 30 часот во организација на Охридско лето и  Македонски Телеком ќе се одржи работилница на тема „Музиката денес“. Предавач на работилницата ќе биде Џијан Емин, еден од најдобрите македонски музички уметници.

На предавањето ќе се зборува за различните перцепции на музиката, начинот на кој се создавала низ историјата и како се восприемала, како се создава денес и како денес се доживува. Колку технологијата реално ја загрозува суштинската идеја на композиторот во процесот на создавање, како да распознаваме добра од лоша музика, квантитет наспроти квалитет.

Ова ќе бидат дел од прашањата на кои Џијан Емин ќе се обиде да даде одговори и објаснување за една од најмистериозните појави во уметноста – музиката.

По предавањето,  со почеток од 20  часот, следи авторски концерт на квартетот на Џијан Емин во состав : Кирил Кузманов – алт саксофон, флејта, Џијан Емин – пијано, клавијатури, глас, електроника, Кирил Туфекчиевски – контрабас  и Гоце Стевковски – тапани.

Охридско лето и генералниот спонзор на оваа наша најзначајна музичко-сценска манифестација, Македонски Телеком,  на 11 – ти јуни со почеток од 18:30 часот во катедралната црква Св. Софија  организираат работилница на тема „Музиката денес“. Предавач на работилницата ќе биде Џијан Емин, еден од најдобрите македонски музички уметници.

На предавањето ќе се зборува за различните перцепции на музиката, начинот на кој се создавала низ историјата и како се восприемала, како се создава денес и како денес се доживува. Колку технологијата реално ја загрозува суштинската идеја на композиторот во процесот на создавање, како да распознаваме добра од лоша музика, квантитет наспроти квалитет.

Ова ќе бидат дел од прашањата на кои Џијан Емин ќе се обиде да даде одговори и објаснување за една од најмистериозните појави во уметноста – музиката.

По предавањето,  со почеток од 20  часот, следи авторски концерт на квартетот на Џијан Емин во состав : Кирил Кузманов – алт саксофон, флејта, Џијан Емин – пијано, клавијатури, глас, електроника, Кирил Туфекчиевски – контрабас  и Гоце Стевковски – тапани

    

 Џијан Емин, умешно прави една нова музичка перцепција, наметнува нова звучна естетика која се базира на неговото навистина огромно искуство како мултимедијален музичар – многу години како прв хорнист во Македонска филхармонија, клавијатурист, гитарист, композитор, аранжер, сега и диригент. Зад себе има богата кариера со заеднички настапи со големи светски и домашни ѕвезди.  Масовните концерти со Феми Кути и Македонската филхармонија, „Скопје за Боуви“ и „Пинк флојд“ во Градскиот парк на манифестацијата „Види музика, слушни слика, добиј книга“, музичко-сценскиот спектакл „Музика универзалис“ во охридскиот Антички театар со еден од пионерите на детроитската техносцена Дерик Меј и повторно Македонска филхармонија, проект со кој го прошета светот (САД, Австралија, Европа), потоа настапот со Белградскиот симфониски оркестар и кумот на техното Јуан Аткинс – уште еден експериментален влог во кој фузијата на електронската и класичната музика се покажа мошне инспиративна, концертот „Париз те сакам“ по повод Денот на вљубените на кој француски познати шансони беа во негови аранжмани, проект со кој, исто така, излезе надвор од нашите граници (Прага, Будимпешта), мултимедијалниот проект „Neuland Sensorium“ што се одржа во „Мала станица“, а кој се издвои како еден од иновативните звучни проекти и во авторска, но и во продукциска конотација, како диригент на Симфониски концерти за деца, на новиот и мошне активен ансамбл на Здружението на џез-музичари на Македонија…

Како дел од неговите проекти се и концертите како хорнист со Македонска филхармонија, но и со Белградската, концертите како класичен солист, камерен музичар, активностите во другите жанрови со бендовите како што се „Проект жлуст“, „Д.Н.О.“, Квартетот на Георги Шарески, „Скопје конекшн“, многу проекти со „Архангел“, соработките со Бодан Арсовски, Тони Китановски, Кирил Џајковски, „Фолтин“ и Никола Коџабашија, бројните дискографски изданија, ангажманите со оркестарот за снимање филмска музика „Фејмс“, каде е потпишан како оркестратор на повеќе од 80 проекти,  меѓу кои се најде и неговата оркестрација на музиката на Мет Феди која го одбележа најголемиот новогодишен огномет кој се случи во Дубаи, соработки со добитници на Оскар и Греми награди како Малколм Брн, продуцент кој работел и со „Ју ту“, Питер Габриел или Боб Дилан, потоа со А.Р. Рахман, Џеф Милс, Франческо Тристано.,  Вилијам Паркер, Грег Хопкинс, Питер Херберт, Дамо Сузуки, Џовани Фалцоне, Френк Лондон, Боб Стјуарт, Џанлука Петрела, Лука Аквино, Ернст Рејсегер…

Programa O.L MK 2019

Programa O.L2019 ENG

 

„Охридско лето“ и годинива ќе понуди квалитетна и атрактивна програма со ексклузивни уметници со што се очекува да привлече бројна публика, не само од државава, туку и од регионот и пошироко. Честа да го отвори 59-тото фестивалско издание, на 12 јули на Античкиот театар, ја има мегапопуларната британска виолинистка Ванеса Меј, а фестивалската завеса на 20 август ќе ја спушти Народниот театар од Белград, со театарската претстава „Иванов“ од Антон Павлович Чехов и во режија на Татјана Мандиќ Ригонат. Охрид, од 12 јули до 20 август ќе биде уметничка сцена за големите уметници од светот и културно прибежиште за љубителите на уметноста.

 

 

 

Mега популарната виолинистка, светски славната Британка Ванеса Меј, на 12 јули на Античкиот театар во Охрид ќе го отвори 59-тото издание на фестивалот „Охридско лето“.

Уметничка која го носи епитетот светско чудо ќе приреди спектакуларен почеток настапувајќи заедно со оркестарот на Македонската филхармонија и вокалните солисти од Македонската опера и балет и под диригентската палка на маестро Иван Кожухаров.

Како што најави директорката на НУ Охридско лето, Наташа Поповиќ, на речиси два месеци пред отворањето на фестивалот, со посветена и професионална работа се завршени  подготовките во делот на програмата за 59-тото издание.

-Со гордост можам да најавам дека не’ очекува уште едно успешно Охридско лето, богата и квалитетна уметничка понуда со врвни уметници. Низ 40-те фестивалски денови, љубителите на уметноста ќе имаат прилика да уживаат на фестивалската сцена каде ќе се слави врвната уметност. Покрај светските уметници почит и белег ќе дадеме и кон нашите македонски уметници, истакнати поединци и творци од областа на уметноста. Тука се и традиционалните вечери кои ги правиме во соработка со Амбасадите. На сцената на Античкиот театар, во предворјето на црквата „Св. Софија”, во црквата „Св. Софија”, на Долни Сарај и во Центарот за култура ќе се одржат преку 40 културни настани, најави Поповиќ.

Таа додаде дека посебно е задоволството што годинава оваа Национална установа  организира концерти преку целата година, што според неа, претставува новина  и нуди побогата и поквалитетна програма на фестивалот кој ги следи светските трендови, а истовремено ја продолжува и традицијата веќе 59 години.

Поповиќ истакна дека Охридско лето веќе ги финализира и  организациско -техничките  работи за подготовка на фестивалските сцени.

-„Долни Сарај“, една од најубавите и најрепрезентативни сцени во Охрид доби нов функционален и модерен изглед со реконструкцијата што се правеше изминатиов период. Сцената претпрпе комплетна и темелна санација со нивелирање и зголемување на површината за 10 проценти, како и вградување полиуретански под за подобрување на перформансот но и заштита од атмосферски влијанија. Извршена е и комплетна санација на гледалиштето со што капацитетот наменет за публиката се зголеми за околу 40 отсто. Комплетно санирана е и терасата на „Долни Сарај“ која лежи над самото Охридско Езеро. Неколкукратно е зголемен и капицитетот на електричната моќност со што на овој простор  ќе може да се поставуваат настани со најсовремени технички побарувања, рече директорката Поповиќ, појаснувајќи дека целокупниот проект за реконструкција и санација на сцената „Долни Сарај“ вреди 2,3 милиони денари, од кои 1,4  милиони денари ги обезбеди Министерството за култура на Република Македонија преку програмата за култура за 2018 година, а останатите средства, фестивалот ги обезбеди  претходно, со цел сцената да добие модерен изглед според сите светски стандарди.

Новина годинава ќе биде и  воведувањето туристички водич  за уметниците кои ќе учествуваат на фестивалот и ќе се запознаат со културното наследство, но и историските знаменитости на Охрид.

Најавувајќи ги музичките настани на годинешното фестивалско издание, селекторот на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ Васо Ристов, рече дека и годинава е предвидена квалитетна и атрактивна програма  во текот на 40-те фестивалски денови.

-На претстојното издание на „Охридско лето“ ќе имаме учесници –уметници од Италија, Австрија, Русија,  Бугарија, Германија, Чешка, Словенија, Албанија, Норвешка, Хрватска, Франција, Србија, Косово, Финска и други земји. Би ги издвоил еден од најпознатите виолончелисти на светската сцена, Русинот Денис Шаповалов, неповторливата сопранистка Инва Мула од Албанија која ќе настапи заедно со  македонскиот тенор Ѓорѓи Цуцковски и сопранот Дешира Крлиу, тука е пијано-дуото Гелебешеви, познатиот српски виолинист Стефан Миленковиќ, ансамблот Дорицо од Италија, гудачкиот квартет Асасело од Германија, како и Камерниот оркестар од Државната филхармонија од Бријанск , Русија. Посебно уметничко доживување за публиката ќе приредат извонредните словенечки уметници, виолончелистот Клемен Хвала и кларинетистот Дарко Брлек. Годинава во обемната програма со врвни уметници на „Охридско лето“ ја има и албанската флејтистка Јонела Големи. Публиката ќе ужива и во  звуците на пијаното што ќе ги приреди светски познатата уметница Виолета Егорова од Русија, а концерт на фестивалот ќе одржи и  нејзиниот колега и сонародник, пијанистот Александер Гаџиев, најави Ристов.

Музичката младина на Македонија и годинава, традиионално, ќе настапи на „Охридско лето“, а на фестивалската програма е и Македонската опера и балет со гала-оперски концерт под диригентската палка на Бисера Чадловска. Во соработка со амбасадите, ќе бидат организирани и традиционалните вечери на Европската унија, Полска вечер, Украинска вечер….

-Посебен предизвик e изборот на концертот што ќе се одржи на 4-ти август по повод роденденот на фестивалот „Охридско лето“. Оваа година на роденденскиот настан ги имаме уметниците Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ, виртуози на своите инструменти. Затварањето на музичкиот дел на 19-ти август ќе биде во знакот на  jубилејот, 85 години од  раѓањето на македонскиот композитор, Томислав Зографски, на кој ќе настапат учесници на македонски уметници, докажани и етаблирани во својата професија, најави селекторот на музичката програма Васо Ристов.

Теaтарскиот дел на „Охридско лето“, како што рече селекторот на драмската програма Александар Поповски, во своето видео-обраќање, годинава ќе биде посветен на човекот којшто е заслужен за генераци и генерации театарски уметници, драмскиот писател и драматург, покојниот Горан Стефановски.

-За него Охридско лето беше нешто посебно, Охрид беше нешто посебно, и мислам дека треба да најдеме начин, и сеуште барам вистински начин, како да му се оддолжиме и како да оставиме поголем печат за она што тој го правеше за сите нас, рече Поповски.

Тој најави  дека годинава фестивалската програма на „Охридско лето“ годинава ќе донесе театарски претстави од Словенија, Хрватска, Казахстан, Турција, Португалија, Србија, како и драмски проекти од домашна продукција.

– Отворањето на драмскиот дел  ќе биде со претставата „Самрак на Боговите“ според оној филм на Висконти, кои сите добро го познаваме. Доаѓаат СНГ  Драма Марибор, претстава којашто веќе гостува на неколку фестивали, и којашто на фестивалот во Ниш ги освои сите награди. Затварањето е со Народниот Театар од Белград, со преставата „Иванов“ од Антон Павлович Чехов каде што ќе можеме да го видиме во главна улога нашиот Никола Ристановски, рече драмскиот селектор Александар Поповски.

„Охридско лето“  е еден од најстарите и најпочитуваните фестивали во семејството на Европската  Асоцијација на фестивали(ЕФА). Охрид, следната година, кога Фестивалот Охридско лето слави јубилеј, 60 години успешно постоење, ќе биде домаќин на Генералното собрание на бордот на директори на ЕФА,  кој брои 23 делегати од цела Европа.

– Охридско лето е меѓу најдобрите на европската културна сцена. Звучните светски имиња и успешната традиција од 58 години  не’ искачија на високото трето место во Европската Асоцијација на Фестивали. Ова е само потврда дека сме надалеку познат и признат Фестивал, ценет од најголемата културна Асоцијација, еден од најстарите и најпочитуваните фестивали во тоа семејство. На Лисабонскиот самит од сите земји членки на ЕФА добиваме бројни честитки и пофалби за големината на уметниците кои поминале низ годините, но и за изборот на уметниците кои ќе настапат годинава. Тоа не’ прави горди но и не’ обврзува секоја следна година, секој следен чекор, да се качуваме скалило погоре како во поглед на програмата, така и во целокупната организација на Охридско лето, нагласи директорката на оваа Националана установа, Наташа Поповиќ која на денешната прес-конференција им се заблагодари за поддршката на Министерството за култура, на Општина Охрид, на  генералниот спонзор на „Охридско лето“ Македонски телеком, како и на бројните спонзори и помагатели на фестивалот.

     

Директорката на Охридско лето, Наташа Поповиќ го поздрави папата Франциск пред Спомен куќата на Мајка Тереза каде Поглаварот на Римокатоличката црква се сретна со верските лидери. Според протоколот во овој простор влез е дозволен само за граѓаните со покана и обезбедена влезница од католичката црква.

Папата Франциск  ја посвети оваа апостолска посета и на големата светица Мајка Тереза, родена и израсната во Скопје, која преку благодатта Божја, стана храбра мисионерка на Христовата милост во светот, давајќи утеха и достоинство на најсиромашните меѓу сиромашните.

Централниот настан, светата миса е на плоштадот Македонија во Скопје каде Папата беше пречекан од мноштвото собрани граѓани. По литургијата папата ќе одржи Екуменска и меѓурелигиска средба со младите во Католичката црква, а потоа и со свештениците и нивните семејства. По официјалниот пречек, Папата се сретна со претседателот во заминување Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев, со претставници од граѓанскиот сектор и со дипломатскиот врв.

Во Скопје за прв пат допатува Папата Франциск, а неговата посета се совпаѓа со 25- годишнината од воспоставување на дипломатските односи меѓу нашата држава и Ватикан.

 

Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, фестивалот „Охридско лето“ синоќа во црквата „Света Софија“ организира  голем велигденски концерт  на кој настапи вокалниот ансамбл „Ноктурно“ од Белград, Република Србија.

Програма беше составена според значењето на Великата Седмица во која се наоѓа православниот христијански свет, со духовна музика од српски и руски композитори. Црковната акустика даде  дополнителен амбиент и измами бурни  овации и бисеви за ансамблот со кој диригираше маестро Ѓорѓе Станковиќ.

 -Првата половина од програмата со која настапивме беше заснована  на страдањето на Исус Христос до Велики Петок, а потоа следуваше и голема литургиска радост  за Христовото Воскресение. Навистина се потрудивме, таа енергија и радост за најголемиот христијански празник, однапред да ја споделиме со публиката на „Охридско лето“, вели диригентот Станковиќ.

 Овој исклучително вреден и професионален музички состав  воспостави блиска врска со публиката уште со воведната композиција „Оче наш “  од православниот композитор и руски оперски пејач Николај Николаевич Кедров која траеше се’ до последната композиција „Радујте сја људије“ од Џузепе Сарти и Захарија Мјасњиков. На репертоарот беа и дела од Дмитриј Дворецки, Александар Андреевич Архангелски, од српскиот композитор и диригент Александар Гавански, потоа од Петр Иванович Турчанинов, од Артемиј Лукијанович Ведељ, од Георгиј Максимовиќ, Димитриј Бортањски, како и од композиторот Леонид Дмитриевич Малашкин.

 -Огромна е честа што сме поканети да учествуваме  на овој голем фестивал, но сме и многу радосни што токму овде добивме голема инспирација од амбиентот на самата црква и од публиката која не’ пречека со чисто срце, истакна Станковиќ.

 Вокалниот ансамбл „Ноктурно“ е формиран кон крајот на 2005 година, а членовите на овој состав, пред се’,  се професионални членови на хорот во Операта на Народниот театар во Белград. Ансамблот во зависност од потребите настапува како октет, двоен октет, проширен хор или како поединечен машки или женски состав.

– Членовите  учествуваат во сите оперски претстави што се на нашиот репертоар,но ги негуваме и духовните композиции. Од една страна, ваквите црковни композиции можат да се изведуваат во амбиент каков што е „Света Софија“, па дури некогаш да се побара и благослов од свештенството. Од друга страна, изведуваме и композиции што имаат целосно духовен карактер, но ги прилагодуваме на концертните подиуми каде што настапуваме, додава Станковиќ.

Концертот на кој настапи машкиот ансамбл  „Ноктурно“  се организира во рамките на дополнителната програма на фестивалот „Охридско лето“ надвор од стандардниот фестивалски термин во лето.

Во катедралната црква Св. Софија денеска со почеток од 18 часот ќе се одржи концерт на духовна музика со ансамблот „Ноктурно“ од Србија во рамките на дополнителната програма на Охридско лето а по повод големиот христијански празник Велигден.

Билетите по цена од 150 денари можат да се набават во Дирекцијата на Охридско лето и пред почетокот на концертот, на самиот влез од црквата „Света Софија“.

Со овој концерт на кој фестивалската публика ќе ужива во музиката на православието ќе се заокружат концертите кои Охридско лето ги организира надвор од стандардниот термин 12 јули- 20 август.

Вокалниот ансамбл „Ноктурно“ настанал кон крајот на 2005 година како потреба на домашна сцена да се претстават музички дела од различни жанрови. Членовите на ансамблот „Ноктурно“ се пред се се професионални членови на хорот на Операта на Народниот театар во Белград. Ансамблот во зависност од потребите настапува како октет, двоен октет, проширен хор или како поединечен машки или женски состав.

До сега наспаувале на различни настани во земјата и странство а како најважни се гостувањето на ансамблот на фестивалот БАМ во Бруклин Њујорк во 2006 година, кога ја изведуваат претставата „Виолетов оган“ за Никола Тесла.

Исто така во серија на независни продукции настапувале на свеченото отворање во рамките на промоцијата на Уника осигурувањето, проектот на компанијата Јафа, фестивалот БЕЛЕФ. Голем број на самостојни концерти одржува ширум Србија во организација на собранијата на градовите Краљево, Белград, Нови Сад, Бечеј, Сомбор и др….

Често настапуваат како гости на концертите на ревиалниот орекестар Метрополис.

Сметаќи дека музиката е универзален јазик излегуваат во пресрет на многу оперски и естрадни уметници во својство на пратечки хор.

Нивниот репертоар и опус е широк и се движи од класичниот оперски репертоар преку опусот на духовната музика па се до нумери на популарната музика прилагодени за хорска музика.

Членовите на ансамблот „Ноктурно“ како поедници или како дел од ансамблот настапуваат во претставите на Југословенскиот Драмски театар, Мадленианум, театарот Звездра, како и во целосниот оперски репертоар на Народниот театар во Белград.

Фестивалот Охридско лето е на високото трето место во Европската Асоцијација на Фестивали која вклучува 100 фестивали од 40 земји, оценија делегатите на годинешново Генерално Собрание на Асоцијацијата што се одржа од 14-ти до 17-ти во Лисабон, Португалија. Ваквото признание за нашата најголема музичко сценска манифестација пред се, се должи на квалитетот на програмата кој се нуди изминативе  59 години, врвните светски имиња кои настапиле на фестивалската сцена како и фактот што Охридско лето е еден од најстарите Фестивали меѓу сите членки на Асоцијацијата.

Директорката на Охридско лето, Наташа Поповиќ која заедно со претседателката на Управниот одбор, Нина Момировска, беше дел од овој голем собир, вели дека европските делегати едногласно ја дале поддршката Охридско лето да биде меѓу најдобрите на европската културна сцена токму поради големината на  богатата историја на Фестивалот.

– Ова е само потврда дека сме надалеку познат и признат Фестивал, ценет од најголемата културна Асоцијација, еден од најстарите и најпочитуваните фестивали во тоа семејство. Добиваме бројни честитки и пофалби за големината на уметниците кои поминале низ годините но и за изборот на уметниците кои ќе настапат годинава.  Навистина ми претставуваше гордост во својата презентација да ги спомнам големите имиња кои со свои маестрални дела оставиле печат во  фестивалската историја како легендарниот руски виолинист Леонид Коган , виолончелистот Андре Навара од Франција, светскиот  Хозе Карерас, Енио Мориконе и многу други кои учествувле  на  нашиот фестивал, нагласи директорката на Охридско лето.

Претставниците на европските фестивали-членки на Асоцијацијата исто така биле едногласни и во одлуката Охрид да биде домаќин на Генералното собрание на бордот на директори на ЕФА,  кој брои 23 делегати од цела Европа, следната година кога Фестивалот Охридско лето слави јубилеј, 60 години успешно постоење.

-Со првите луѓе на ЕФА, претседателот Јан Бриерс и генералниот секретар Кетрин Девентер, веќе ги започнавме првичните преговори за ваквата одлука со која ни е дадена честа  да бидеме домаќини на вака значајни преставници на ЕФА во 2020 година. Заедно со претседателката на УО на Охридско лето, Нина Момировска, изразивме уверување дека сме спремни  да организираме еден вака голем настан во годината кога ќе го славиме 60-то издание на Охридско лето. Токму поддршката која ја имаме од сите институции на  државата, посебно, поддршката од страна на Владата на преку Ресорното министерство за култура, Претседателот на државата кој воедно е и Покровител на Фестивалот како и поддршката од стопанството преку одделни фирми и претпријатија кои финансиски го помагаат фестивалот ни дава за право да изразиме уверување дека целосно и професионално ќе се ангажираме целиот настан да помине во беспрекорна реализација со содржини кои успешно ќе ја надградат културната репутација на сите членки насекаде во светот, вели Поповиќ.

На Лисабонскиот самит директорката Поповиќ презентирајќи ја големината на Охридско лето го потенцирала и значењето во поглед на развојот на туризмот преку  бројните  гости кои пристигнуваат во Охрид токму поради квалитетот на фестивалската програма која се нуди од 12 јули до 20 август.

-Од оваа година започнуваме со новините за збогатување на културната понуда. Направивме неколку концерти надвор од фестивалската рамка, чекор со кој веруваме дека ќе придонесиме кон развојот на туризмот преку цела година. Охридско лето ќе биде дел и од туристичката понуда на агенциите а промоцијата од оваа година ќе биде збогатена и со воведување туристички водич за уметниците, вели Поповиќ.

На годинешново 67-мо генерално собрание на ЕФА учествуваа 230 делегати од 80 европски фестивали.