Традиционалната Полска вечер на фестивалот „Охридско лето“  годинава беше во знакот на познатиот Варшавски хармоникашки квинтет кој синоќа одржа концерт во црквата „Света Софија“ .

 

 

Овој музички состав го сочинуваат виолинистките Марија Маховска-Залах и Јустина Баран, Марек Чех на виола, виолончелистката Александра Охар- Справка, како и Клаудиуш Баран на  хармоника и бандонеон.  За публиката на „Охридско лето“, тие донесоа композиции од Дворак, Швидер и Пјацола.

 

 

– Прекрасно е чувството да се биде овде, на ова место кое е посебно убаво,  исто како и просторот каде што настапивме. Ја читав историјата на црквата „Света Софија“ пред да дојдеме и многу ме воодушеви. Многу сме задоволни од концертот. Акустиката во црквата е одлична, а публиката внимателно не следеше, изјави  уметникот Марек Чех.  

 

 

Варшавскиот хармоникашни квинтет првпат настапува пред публиката на фестивалот „Охридско лето“, но и во Македонија.  

– Јас  претходно сум слушнал за фестивалот. Сум гледал и слики  од градот, но искрено, градот е поубав во живо, додаде Чех, кој по настапот на „Охридско лето“,  исто како и неговите колеги од квинтетот заминува на одмор.  

 

 

Почесниот конзул на Република Полска во Република Македонија, бизнисменот Коста Костовски, истакна дека од година во година, на фестивалот „Охридско лето“ доаѓаат се ’ подобри и подобри уметници од Полска.

 

 

 

– Охридско лето“ како еден од фестивалите што имаат најдолга традиција заслужува вакво нешто и се надевам дека во иднина, соработката што ја имаме со „Охридско лето“ ќе продолжи и понатаму. Ние како почесен конзулат и како Еуростандард банка ќе продолжиме исто така да го поддржуваме фестивалот. Присуството на најдобрите уметници од Полска на овој фестивал ќе биде направено од страна на професионалците, а нам ќе ни остане да им ја дадеме поддршката и за некоја година да имаме отворање на „Охридско лето“ со полски артисти, рече Костовски.

 

 

 

На концерот во рамки на  традиционалната Полска вечер на „Охридско лето“ присуствуваше и амбасадорот на Полска во Република Македонија, Јацек Мултановски.

 

 

 

 

 

 

Во рамките на традиционалната Полска вечер на фестивалот „Охридско лето“ вечерва концерт ќе одржи Варшавскиот хармоникашки квинтет.
На програмата на вечершаниот концерт што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 20 часот и 30 минути се дела од Дворак и Пјацола.
Овој квинтет го сочинуваат виолинистките Марија Маховска-Залах- и Јустина Баран, Марек Чех на виола, виолончелистката Александра Охар- Справка, како и Клаудиуш Баран на  хармоника и бандонеон.
.
.
.

Светски познатиот виртуоз на харфа, Емауел Сејсон од Франција синоќа имаше импресивен настап во црквата „Света Софија“ во Охрид, во рамките на фестивалот „Охридско лето“.

Со неговата моќна, виртуозна игра на харфа, Сејсон ги отстрани сите клишеа поврзани со неговиот инструмент. Преку неговиот „заразен“ ентузијазам и безграничната енергија, младиот уметник ја откри харфата во сета своја пенлива раскош, во свет во кој поезијата е во рима со темпераментот.

 

 

– Многу сум среќен што настапив во црквата „Света Софија“, многу мирно и волшебно место.Црквата е магична за концерти. Што се однесува до репертоарот, за публиката на „Охридско лето“ синоќа доловив малку поразнолика програма, од  постара музика, па се’ до помодерни дела. Од Бах, преку Шпор, до Рение, Дебиси,Форе и Салзедо. Многу е импресивно што може да направи  харфата  во вакви дела, истакна Емануел Сејсон.

 

 

Од 2005 година неговата успешна кариера го води во некои од најпрестижните концертни сали како „Вигмор хол“ во Лондон, салата „Гаво“ во Париз, „Карнеги хол“ во Њујорк, „Концертхаус“ во Виена, салата на Берлинската филхармонија и многу други  каде редовно неговите настапи  во рецитал, концертен репертоар и камерна музика добиваат високи пофалби од критиката.

 

 

– Првпат настапувам на фестивалот „Охридско лето“, но слушнав дека  е најреномиран фестивал со многу концерти на звучни имиња од светот на музиката. Инаку, во Македонија сум настапувал трипати заедно со Македонската филхармонија, додаде Сејсон.

 

 

Неговата непоколеблива посветеност кон харфата, му ги заработи највисоките меѓународни признанија. Во моментов, тој е соло-харфист на операта „Метрополитен“ во Њујорк и предава харфа во школата за музика „Менс“.

 

Светски познатиот виртуоз на харфа Емануел Сејсон вечерва ќе настапи на фестивалот „Охридско лето“. На програмата се дела од Бах, Шпор, Рение, Дебиси, Форе и Салзедо

Харфистот Емануел Сејсон е роден во 1984 година во Франција. Студира харфа на Конзерваториумот во Лион, а подоцна и на Парискиот конзерваториум во класата на Изабел Морети. Од 2005 година неговата успешна кариера го води во некои од најпрестижните концертни сали како „Вигмор хол“ во Лондон, салата „Гаво“ во Париз, „Карнеги хол“ во Њујорк, „Концертхаус“ во Виена, салата на Берлинската филхармонија и многу други. Во 2004 година Сејсон се закитува со златниот медал на Интернационалниот натпревар за харфисти во Блумингтон (САД), каде ја добива и специјалната награда за најдобра изведба.

 

 

Тој е добитник на прва награда и шест специјални награди на аудициите за млади музичари во Њујорк во 2006 година, а во 2009 година победува на престижниот натпревар „АРД“ во Минхен. Во 2010 година е номиниран во категоријата „Најдобар инструменталист “ на изборот „Викторис де ла музик класик“ во Франција, а во 2011 година е добитник на наградата за развој на кариерата од страна на Францускиот институт за уметности. 
 
 
Во периодот од 2006 до 2015 година Емануел е соло-харфист во оркестарот на Париската национална опера. Тој е редовен гостин на фестивалот во Картагена (Колумбија), одржува мајсторски курсеви во Ница и е главен предавач на мајсторскиот курс поддржан од Фондацијата „Салви“. Во моментов Емануел Сејсон е соло-харфист на операта „Метрополитен“ во Њујорк и предава харфа во школата за музика „Менс“.
 
 
Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“, со почеток во 20 часот и 30 минути.
.

 

 

Во продукција на реномираниот Турски театар од Скопје, а во рамките на драмската програма на фестивалот „Охридско лето“, синоќа премиерно се одигра една од најпознатите шекспирови драми „Кралот Лир“.

 

 

Врвниот режисер Диего де Бреа, кој веќе е докажан и во Македонија, го прикажа Кралот Лир на свој, автентичен и воодушевувачки начин. Низ претставата  Лир го истражува човековото патување во темнините и бездните на смртта. Преку овој проект, на невообичаен и автентичен начин, како што умеат само режисерот и актерите, беше прикажано како стариот крал се откажува од власта и моќта.

Главниот лик го игра актерот Џенап Самет кој вели дека процесот на подготовка на самата драма, иако исцрпувачи, сепак бил феноменален.

 

 

– Ликот и улогата на кралот Лир бара огромна претходна подготовка и посветеност. Подготовката за претставата траеше околу четири месеци, а јас се приклучив пред околу еден месец до самата премиера, што е навистина огромен предизвик и тешка задача. Процесот на подготовка беше феноменален, иако беше премногу исцрпувачки. Искуството со режисерот Де Бреа е едно неповторливо и уникатно искуство и сметам дека секој актер барем еднаш во својата кариера би требало да искуси ваква невообичаена подготовка. Режисерот е редок со еден збор, не велам дека е толку различен, но неговиот систем на работа е различен. Сака чувства, но и  целосна психолошка анализа. За разлика од сите други верзии на ликот на Лир, овојпат кралот е значително помлад, но тоа се некои стари размислувања. Диего де Бреа режира живот, според него ова не е театар, туку живот,  зашто се случува изјави актерот Самет.

 

 

Турскиот театар од Скопје  е чест гостин на на фестивалот „Охридско лето“. Поранешниот директор на театарот, Атила Клинче, кој е и организатор на проектот „Кралот Лир“, е задоволен од фестивалската публика што доаѓа секоја година на нивните претстави, но и од менаџментот на „Охридско лето“.

 

 

– Турскиот театар има одлична соработка со фестивалот Охридско лето и секако, со драмскиот селектор Зоран Љутков. Како резултат на таа долгогодишна соработка, излезе премиерата на „Кралот Лир“ токму на ова 57. издание на фестивалот. Турскиот театар има позитивен повратен ефект и контакт и со публиката на Охридско лето“. Константна беше посетеноста и на  останатите наши претстави на овој фестивал. Особен придонес за тоа има и обезбедениот превод на секоја од претставите, што го доближува театарот близу до публиката од различна јазична припадност, појаснува Клинче.

 

 

Театарската претстава „Кралот Лир“ е проект одобрен од страна на Министерството за култура за годинава. Уште пред да биде премиерно изведена во Охрид, Турскиот театар доби покани за соработка и учество со оваа драма на фестивали во државава и надвор од нашите граници. Нејзината следна изведба ќе се одржи во октомври во Нови Сад, Република Србија, во рамките на првото издание на Фестивалот на малцински театри.

 

 

 

 

 

Турскиот театар од Скопје вечерва во рамки на фестивалот „Охридско лето“ премиерно ќе ја изведе театарската претстава „Кралот Лир“ од Вилијам Шекспир, а во режија на Диего де Бреа. Претставата ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот.
 
Според драмскиот селектор на „Охридско лето“, Зоран Љутков, концепцијата на фестивалот годинава се базира на домашните премиери.
– Многу сум среќен што речиси сите шекспирови текстови имаат странски режисери кои режираат во Македонија. Тие ги направија своите планови да режираат во лето, така што ми беше многу полесно да ги донесам на „Охридско лето“. Да не зборувам дека на сите им е чест да имаат своја премиера на овој реномиран фестивал, вели Љутков.
Заради интимноста што ја има претставата, таа ќе се одигра во затворен простор, на сцената на Центарот за култура во Охрид. Ќе има минимална сценографија, мошне едноставна костимографија, одлични актери и еден од најдобрите балкански но и европски режисери, Диего де Бреа кој е чест гостин на „Охридско лето“.
 
– Очекувам дека ќе имаме многу силен Шекспир, многу силен Крал Лир иако првпат ќе видиме Кралот Лир да го толкува млад актер зашто во принцип, Кралот Лир има 70-тина години. Овојпат него ќе го игра актер кој има триесеттина години, појаснува драмскиот селектор на „Охридско лето“, Зоран Љутков.
 
Во театарската претстава „Кралот Лир“ ќе играат актерите Џенап Самет, Несрин Таир, Осман Али, Зубејде Али, Ерман Шабан и Ебру Мусли.  Сценографија и костимографија се на  Благој Мицевски, а музиката е избор на режисерот де Бреа.

Директорот  на Новосадскиот театар, Валентин Венцел, деновиве е гостин на фестивалот „Охридско лето“ .
 
Како што информира селекторот на драмската програма на „Охридско лето“, Зоран Љутков, целта на посетата е да се разменат идеи и искуства кои ќе помогнат во успешно креирањето на репертоарите на двете установи.
 
-Директорот Венцел доаѓа на „Охридско лето“ за да погледне неколку театарски претстави на фестивалот, а најмногу да ја гледа претставата „Кралот Лир“ во изведба на Турскиот театар од Скопје затоа што во Нови Сад годинава ќе формираат фестивал на малцински театри, вели Љутков.
 
Драмскиот селектор на „Охридско лето“ е поканет да го следи фестивалот во Република Србија.
 
-Се надевам дека  и од тој фестивал ќе извлечеме нешто за селекцијата на драмската програма на „Охридско лето“ за следната година, додава Љутков.
 
Фестивалот на малцинските театри во Ниш ќе се одржи од 5-ти до 20-ти октомври.

Винарската визба „Тиквеш“, на уметниците од гудачкиот квартет „Диотима“ од Франција кои настапија синоќа на „Охридско лето“ им подари вино „Вранец Special Selection   брендирано со логото на фестивалот.

Виното „Вранец Special Selection“ од бербата 2015-та на винарската визба „Тиквеш“ неодамна се закити со „Трофеј за најдобро црвено вино од Македонија“ на интернационалниот вински натпретвар што се одржа во Лондон, Велика Британија.
 
Ова е првпат винарница од Македонија, па и од регионот на Југоисточна Европа, да добие вакво престижно признание, што е уште една потврда дека „Тиквеш“ е во светскиот клуб на елитни производители на вино.
 
„Тиквеш“ е првата винарница од регионот која го добива ова признание, а кое е доделено за вино произведено од автохтона сорта на грозје, со што „Вранец Special Selection“ се издигнува на рангот на најпопуларните светски вина, кои најчесто се произведуваат од познати интернационални сорти.

Дела избрани за гудачки квартет од Франц Шуберт и Морис Равел, како и „Лирската свита“ од Албан Берг беа изведени синоќа во рамките на фестивалот  „Охридско лето“.

Публиката во црквата „Света Софија“ уживаше во гудачкиот квартет „Диотима“ составен од виолинистите Јун – Пенг Жао и Констанца Ронцати, од Франк Шевалие на виола и виолончелистот Пјер Морлет.  Музичарите од овој квартет третпат настапуваат во Македонија, но синоќешниот концерт беше нивно прво претставување пред публиката на „Охридско лето“.

 

 

– Неколку години со ред се обидувавме да учествуваме на „Охридско лето“ преку познатата композиторка Јана Андриевска. Таа долго ни зборуваше колку е успешен и реномиран фестивалот. Токму затоа сакавме да дојдеме, и еве не’, конечно сме тука и сме многу среќни, изјави уметникот Шевалие.

Настапот на фестивалот „Охридско лето“ е последен ангажман на квартетот „Диотима“ за оваа сезона.
 
– Се радуваме што на „Охридско лето“ го одржавме нашиот последен концерт за оваа сезона. Сега одиме на заслужен одмор, додаде Шевалие.

 

 

Во сезоната што следи овој гудачки состав ќе настапи  во новата концертна сала во Хамбург, во „Концертгебау“ во Амстердам, во Лондон, Вашингтон, Варшава, Букурешт, како и на турнеи во Велика Британија, Шпанија, Русија, САД, Кореја и Јапонија. 

 

 

Квартетот „Диотима“ е основан во 1996 година од музичари-лауреати на Националниот конзерваториум за музика во Париз и оттогаш е еден од најбараните ансамбли во светот. Иако се познати по нивните читања на современите композитори, како и по соработките со некои од најголемите музички имиња на денешницата како Хелмут Лахенман, Тошио Хосокава, Брајан Фернејхаф  и други, „Диотима“ своите програмски концепти ги комбинира со дела од стандардниот репертоар – особено оние на Равел, Дебиси , Барток, Шуберт, Бетовен, композиторите на Новата виенска школа и Јаначек.

 

 

Квартетот настапува на сите европски сцени и фестивали како Берлинската филхармонија, концертните сали во Мадрид, Лондон, Виена, како и во САД, Азија и Јужна Америка,  а во периодот од 2012 до 2016 година се матичен ансамбл на театарот „Комедија“ во Париз.

 

 

Тие се добитници на бројни музички награди и признанија, како за нивните настапи, така и за снимените изданија. Во 2016 година одбележаа 20 години од постоењето со ексклузивно ЦД-издание на музиката за квартет на Виенската школа.

 

 

 

 

 

 

Основан во 1996 година од страна на лауреатите на Националниот конзерваториум Национален настапник на музика од Париз, квартетот “Диотима” стана еден од најбараните ансамбли во светот. Името го одразува двојниот идентитет на групата: зборот “Диотима” е референца за германскиот романсинизам – Фридрих Холдерлин го дал името на љубовта на својот живот во својот роман Хиперион – а истовремено е и нота на музиката на нашето време, Потсетувајќи се на делото на Луиџи Ноно Фрагмент-Стил, на Диотима.

Квартетот на Диотима има чест да соработува со неколку големи композитори денес, како што се Хелмут Лахенман, Брајан Фернихау и Тошио Хосокава, додека редовно пуштаат нови дела од широк спектар на композитори, како што се Тристан Мураил, Алберто Посадас, Жерар Песон, Ребека Саундерс и Паскал Дусапин. Додека бил жестоко посветен на современата класична музика, квартетот не е ограничен исклучиво на овој репертоар. Во програмирањето на големите класични дела, заедно со денешната нова музика, нивните концерти нудат нов изглед на дела од големите композитори, особено Барток, Дебуси и Равел, покојните квартети на Шуберт и Бетовен, композитори од виенската школа, а исто така и Јаначек.

 

 

Квартетот “Диотима” настапува нашироко на меѓународната сцена и на сите поголеми европски фестивали и концертни серии (како на пример во Берлинската филхармонија, Берлин Конзертхаус, Реина Софија, Мадрид, Cité de la musique Paris, Лондонската Wigmore Hall и SouthBank Center; Виенскиот концерт, и така натаму). Како и редовно турнеи низ Соединетите Американски Држави, Азија и Јужна Америка, тие исто така престојуваат во Париз Театарот на Буфс ду Норд од 2012 до 2016 година.

Нивните интерпретации редовно ги навестуваат меѓународните медиуми, меѓу кои и во Германија (за нивниот концерт за квартет и оркестар од Шенберг), во Шпанија, исто така и во Франција, каде што нивната дискографија е наградена со пет Диапонини или од кои два добија Diapasons d’or de l’année – за нивните снимки на дела од Лахенман / Ноно во 2004 година и дела од американски композитори, вклучувајќи ги Крамб, Рајх и Барбер, во 2011 година.

Критичниот и јавниот успех на албумот на квартетот Диотима на квартетите Онслоу, кој излезе во 2009 година на Наив (вклучувајќи го и Диапосон или на настанот на месецот во Диапосон, исклучително во магазинот Шерцо) го зацврсти ексклузивното партнерство меѓу ансамблот и Издавачка куќа, во соработка која стана долгорочна и енормно успешна. Покрај тоа, по покана на етикетата Мегадиск, квартетот направи широко признати снимки на “Livre pour quatuor révisé” на Пјер Булез во 2015 година, кои добија награда во Télérama и Choc de l’année во списанието Classica.

Во 2016 година, за да се прослави 20 години од формирањето на квартетот, беа планирани два настани за снимање: прво, боксет посветен на Виенската школа за музика, а потоа и издавање на нова серија портрети на современи композитори. Првиот во колекцијата е посветен на делата на Мирослав Срнка, по што следат оние на Герард Песон, во соработка со симфонискиот оркестар на ВРД.

Идните два проекта за снимање, наредните години ќе бидат богати со ангажманите за квартетот, вклучувајќи го и циклусот на Beethoven-Schoenberg-Boulez во Wien Modern, концерти во различни земји, во кои го претстави новиот гудачки квартет на Ено Попе (Wittener Tage für neue Musik , Хадерсфилд фестивалот за современа музика, ноември Music’s-Hertogenbosch, Транзит фестивал Левен, фестивал на д’Атомен на Париз), целосните гудачки квартети на Bartok во една вечер во Театарот на Bouffes du Nord во Париз и четири меѓународни тури низ цела Јужна Америка , Јапонија, Соединетите Американски Држави, како и првата турнеја на ансамблот во Русија.