По свеченото отворање  со спектакуларен концерт, фестивалот „Охридско лето“ денеска ја започнува драмската програма со театарската претстава „Стаклена Менажерија“ од Тенеси Вилијамс, во режија на Софија Ристевска-Петрушева, а во изведба на актерите од  Народниот театар  од Охрид.

„Стаклена Менажерија” е едно од најинтересните дела на славниот Тенеси Вилијамс. Тој ја отсликува својата автобиографија во односите помеѓу самите ликови во драмата. Доминантната мајка ги измачува своите деца со нејзините константни планови за иднината. Таа неможе никако да разбере дека нејзините желби не се желби и на луѓето окулу неа. Том цело време планира бегство од домот полн со агресија. Тој е поет што сака авантури и затоа сака да ги напушти мајка му и сестра му, само  и само за да го следи својот млад и немирен дух. Лора е девојка со хендикеп која никогаш не почувствувала љубов и никогаш немала надеж дека некој ќе ја сака. Токму затоа доаѓањето на младиот Џим е главниот момент во пиесата што го предизвикува сринувањето на Лора. Таа разбира дека може да љуби, а потоа го губи тоа право.

-„Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот. Во ова време на либерален капитализам, хуманоста полека исчезнува. „Стаклена менажерија“ е емоционално патување низ комплексноста на семејните односи. Претставата е болен крик за големата неспособност на човекот да љуби, вели режисерката Софија Ристевска – Петрушева

Ристевска – Петрушева дипломирала театарска режија на Националната академија за театар и филм, „Крсто Сарафов” во Софија, Бугарија. Досега режирала над триесет театарски претстави во институционални и независни театри низ Македонија, Бугарија и Србија. Со ансамблот од Охридскиот театар има соработувано на три претстави: „Граница”, „Валкани приказни” и „Европа”, сите три реализирани пред театарот да стане официјална, државна институција. Од 2013 г. е сопственик и уметнички директор на Интимен театар во Битола. Тоа е независен театарски простор, во којшто Ристевска -Петрушева, продуцира свои претстави, но исто така,  кани и гостувачки продукции. Театарот прима до педесетина луѓе публика и е простор за презентација како на професионални продукции, така и на млади луѓе што работат во склоп на младинската сцена при самиот театар. Претстави на Ристевска – Петрушева досега гостувале во Бугарија, Србија, Турција, Босна, Словенија, Албанија, Ерменија и Аргентина.

Претставата „Стаклена менажерија“  ќе се одигра на малата сцена во Ценатрот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот. Во неа играат Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ –Тодороска и Филип Кипровски.

Со спектакуларен концерт  на големата оперска дива Елена Мошук започна 58-то издание на фестивалот „Охридско лето“.

Фестивалската историја стана побогата со имињата на оперските ѕвезди, познатиот светски сопран Елена Мошук, тенорот Калин Братеску и диригентот Николае Молдовеану кои приредија спектакуларно отворање на 58-то издание на „Охридско лето“ на  Античкиот театар во Охрид.

Грандиозниот настап на двете оперски ѕвезди под диригентската палка на маестро Николае Молдовеану, придружувани од оркестарот на Македонската филхармонија уште еднаш ја потврдија репутацијата на Мошук како еден од најразновидните и најекспресивните сопрани во светот, но и на уметникот Братеску, како еден од најбрилјантните тенори на денешницата.  Публиката која го исполни големиот Амфитеатар уживаше во најпознатите и најпопуларните  оперски арии од Џакомо Пучини, Чарлс Гуно, Пјетро Маскањи,Винченцо Белини и од Џузепе Верди. Како посебно изненадување оперската дива Мошук ја изведе композицијата „Македонско девојче“ со што ги воодушеви посетителите на Антички театар.

Прогласувајќи го за отворен фестивалот„Охридско лето“, Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов кој е покровител на најголемиот македонски културен бренд рече дека уметниците коишто ќе настапат на фестивалот, со себе  ќе го донесат светот, а потоа, во светот ќе го понесат Охрид како македонско огледало на европската култура.

-Од денеска па натаму светот е во Охрид и Охрид е во светот. Музиката и уметноста секогаш му помагале на човекот и кога е слаб да биде силен, и кога е сиромашен да биде богат, и кога е во пранги да биде слободен, и кога е исплашен да се охрабри. Во тој јазик на вистината нема простор за лагата. Во тој јазик на љубовта, нема простор за омразата. Впрочем, и двете најпознати песни во историјата на светот се посветени токму на љубовта. Песната над песните, напишана од старозаветниот Соломон, и химната за љубовта составена од новозаветниот Павле, рече Претседателот Иванов.

Претседателот Иванов потсети на Жан Моне,  еден од татковците на Европа, кој рекол дека ако Европа треба одново да се создава, тогаш треба да се започне со културата, со уметноста.

-Оваа мисла на Моне се однесува не само на Европа, туку и на сите геостратегии што се кројат во светските центри на моќ, особено имајќи предвид  дека годинава се слават 70 години од Универзалната декларација на човековите права. А едно од тие права е и правото на учeство вo културата и уживање во уметноста, додаде покровителот на фестивалот „Охридско лето“, Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов.

На свеченото отворање на фестивалот „Охридско лето“ кој се одржува со финансиска поддршка на Министерството за култура, се обрати и министерот за култура Асаф Адеми  кој кажа дека токму овој фестивал што постои 58 години, зборува на најуниверзалниот и најбожествениот јазик.

Уметноста е универзалниот јазик на светот. Велат дека јазикот е измислен од човекот за да ги искаже своите чувства, но реално го употребува повеќе за да ги сокрие истите, да лаже, да убие.Само во јазикот на уметноста сé е искрено, чисто…божествено. Овој фестивал роден и израснат во ова цивилизациско огниште, во нашиот Охрид, 58 години зборува со најуниверзалниот јазик, најискрениот, најбожествениот, и ќе продолжи да живее многу подолго од другите јазици, кои ги прикриваат  чувствата, истакна министерот Адеми.

Фестивалската уметничка порака годинава ја пренесе маестралниот македонски актер Никола Ристановски кој притоа нагласи дека уметноста нема да се предаде, зашто како што рече, таа е последната палуба каде што луѓето се заедно,а вонвременскиот Охрид  е нејзиното приридно пристаниште.

-Уметноста е последната хумана интернационала.Нејзината палуба е последното место каде навистина сме заедно.На нејзиниот кораб се распнати едрата на убавината, дарбата, прозрачноста, слободата и едноставната верба.Верба на дете што некогаш само за миг ја прекинува својата детска игра за да откине парче леб од ноќвите, колку да не заборави на животот.На оној кој навистина се случува, подвлече актерот Никола Ристановски, пренесувајќи ја годинава уметничката порака на фестивалот „Охридско лето“, рече актерот Ристановски, пренесувајќи ја фестивалската порака.

По грандиозниот концерт на Мошук и Братеску,  следуваше спектакуларен огномет над охридското небо, традиција која беше прекината повеќе години.

Приказната за успешната културна магија  која постои веќе 58 години и ги достигнува највисоките врвови во музичката и драмската уметност во светски рамки, годинава ќе исплете во својата историја уште 40 фестивалски вечери исполнети со 46 настани на кои ќе настапат над 800 уметници од 27 земји од светот. Ќе настапат звучни имиња од светот на музиката, но и најдобрите театарски продукции со извонредни драмски проекти. Предвидени се и три изложби,  ликовна, изложба на фотографии и на современ накит.

Под отвореното охридско небо на Античкиот театар во Охрид  започна 58-то издание на фестивалот „Охридско лето“, препознатливиот белег на македонскиот културен идентитет.

Од вечерва и во наредните 40 фестивалски денови, убавината на музиката и театарот  ќе создаваат трајни впечатоци кај публиката на „Охридско лето“.

Уметничката порака годинава на свеченото отворање пред многубројната публика ја пренесе маестралниот македонски актер Никола Ристаноски кој рече дека  вонвременскиот Охрид  е природното пристаниште на уметноста.

-Уметноста можеби нема да го спаси светот, но може да нè поучи како да останеме благодарни и возвишени во несовршеното.Исправени пред праќите и стрелите на бесната судбина, и мудри за да разбереме дека збеснетиот космос или разулавеното општество не ни влегуваат дома во кујна преку отворениот прозорец, туку напротив, оттаму ни излегуваат, за повторно некогаш да ни се вратат низ неправдата зготвена од лажните богови или низ насилството на нивните завладеани пророци,чија што претстава за самите себеси напати станува поважна од која било универзална или човечка вистина, дури и од онаа, најличната, рече актерот Ристановски.

Уметноста, додаде Ристановски,  нема да се предаде зашто, како што рече, таа е последната палуба каде што луѓето се навистина заедно.

-Уметноста е последната хумана интернационала. Нејзината палуба е последното место каде навистина сме заедно.На нејзиниот кораб се распнати едрата на убавината, дарбата, прозрачноста, слободата и едноставната верба.Верба на дете што некогаш само за миг ја прекинува својата детска игра за да откине парче леб од ноќвите, колку да не заборави на животот.На оној кој навистина се случува, подвлече актерот Никола Ристановски, пренесувајќи ја годинава уметничката порака на фестивалот „Охридско лето“.

Фестивалот „Охридско лето“ и помагателите на овој најголем културен бренд во Република Македонија денеска ја запознаваа јавноста со програмата на фестивалот што свечено ќе започне вечерва во 21 часот на Антички театар во Охрид со концерт на оперските ѕвезди Елена Мошук и Калин Братеску, под диригентската палка на Николае Молдовеану, а во придружба на оркестарот на Македонската филхармонија.






Големата светска оперска дива Елена Мошук, една од петте најдобри сопранистки, денеска на прес-конференција во хотелот „Инекс Горица“ во Охрид заедно со своите колеги, уметниците Калин Братеску и Николае Молдовеану,  го најави концертот за свеченото отворање на фестивалот „Охридско лето“. Сопранистката Мошук, скромна во своите побарувања околу престојот и настапот во Охрид, сепак не го криеше задоволството што е дел од еден голем културен бренд, фестивалот „Охридско лето“, но и што престојува во, како што рече, во прекрасен град како Охрид.

-Првпат сум во Македонија. Немав многу слушнато за фестивалот „Охридско лето“ но кога прочитав на интернет видов дека е фестивал со огромна традиција на кој настапиле многу светски имиња. Исто така многу ми се допадна и вашата земја. Среќна сум што сум дел од програмата на „Охридско лето“, изјави оперската певица Елена Мошук која пред да пристигне во Македонија, настапила на затворањето на еден романски фестивал, но таму интерпретирала програма  со помодерни дела, за разлика од репертоарот за отварањето на „Охридско лето“.

-Одбравме репертоар од најпознати, најпопуларни оперски арии и се надеваме дека ќе уживате во прекрасната вечер на која ќе настапиме заедно со оркестарот на Македонската филхармонија, додаде Мошук.

Романскиот тенор Калин Братеску кој исто така првпат е во Македонија, изјави дека е почестен што е поканет на толку голем и значаен фестивал, како што рече, токму во убавиот град Охрид.

-Со Елена соработуваме долго време. Првпат настапивме со операта  „Трубадур“ . Ви ветуваме заедно со маестро Молдовеану  и оркестарот на Македонската филхармонија  еден прекрасен концерт, најави  тенорот Братеску.

Николае Молдовеану под чија диригентска палка ќе настапат оперските уметници и оркестарот на Македонската филхармонија изјави дека е голема честа што заедно со неговите колеги ќе придонесат на уметнички начин во убавината на фестивалот „Охридско лето“.

-Чест ни е што сме поканети на овој фестивал и сме среќни што ќе имаме можност да придонесеме на еден уметнички начин кон убавината на овој фестивал. Јас веќе имав можност да соработувам со Македонската филхармонија, пристигнав вчера и веќе имавме една проба. Концертот ќе го  почнеме со една увертира, а потоа продолжуваме со италијански оперски дела, и со неколку француски арии од опери. Би кажал дека ќе стане збор за еден популарен репертоар којшто е познат на сите, бидејќи вакви концерти од отворен тип не се обични културни настани, туку имаат и свое политичко значење затоа што ние уметниците сме еден вид амабасадори на културата  кои пробуваме  на своевиден начин да помогнеме во  зачувувањето на мирот, рече маестро Молдовеану.

 

 

 

Шефот на оркестарот на Македонската филхармонија, Горан Муратовски,  изрази задоволство, но додаде дека е и голема чест што  Македонската филхармонија е традиционален гостин на фестивалот „Охридско лето“.

-Оваа година ја имаме честа да го отвориме  фестивалот. Задоволство е да се соработува  со уметници од ваков калибар, со извонредниот диригент маестро Молдовеану, со  оперската дива Мошук и тенорот Братеску.  На свечното отворање на Антички театар очекуваме голем спектакл, рече Муратовски.

Селекторот на музичката програма на „Охридско лето“  Васо Ристов, на прес-конференцијта им изрази огромна благодарност  на големите уметници што прифатиле да бидат главни учесници на спектакуларното отворање на  најголемата културна манифестација во Македонија.

-На моја голема чест како музички селектор на свеченото отворање на годинешното 58-мо фестивалско издание на „Охридско лето“, успеавме да донесеме тројца светски уметници, етаблирани, докажани во својата професија, присутни сè повеќе и повеќе на  европските и светските оперски сцени.  Елена Мошук, една од најдобрите сопрани на денешницата, брилјантниот тенор Калин Братеску и големиот диригент, маестро Николае Молдовеану, подвлече музичкиот селектор на „Охридско лето“ Васо Ристов.

Градоначалникот на Општина Охрид, Јован Стојаноски, им посака добредојде на уметниците што ќе го отворат„Охридско лето“, и најави дека општината и натаму ќе ја дава безрезервната поддршка на фестивалот како голем македонски и европски културен бренд.

-На сите уметници коишто ќе присуствуваат во Охрид им посакувам топло добредојде, да си поминат убаво во нашиот град, и да придонесат за уште едно успешно издание на фестивалот „Охридско лето“. Како Локална самоуправа отсекогаш сме го поддржувале овој фестивал, а тоа ќе продолжи и понатаму заради тоа што НУ „Охридско лето“ е најпознатиот бренд којшто го претставува и го зацртува Охрид како културна дестинација во светот, рече охридскиот градоначалник Јован Стојаноски.

Најзначајната музичко-сценска манифестација во Македонија, „Охридско лето“, традиционално, ќе започне, на 12.јули, на Античкиот театар во Охрид, со почеток во 21 часот. Големите оперски ѕвезди, сопранистката Елена Мошуц и тенорот Калин Братеску, под диригентската палка на Николае Молдовеану и во придружба на оркестарот на Македонската филхармонија ќе приредат незаборавно доживување за посетителите на Антички театар. За отворен, Фестивалот ќе го прогласи покровителот, Претседателот на државава д-р Ѓорге Иванов, а ќе се обрати и Министерот за култура на Република Македонија, Асаф Адеми. Уметничката порака годинава ќе ја пренесе познатиот македонски актер Никола Ристановски.

Во текот на четириесетте фестивалски вечери, „Охридско лето“ ќе донесе совршен спој на музиката, театрот и воопшто на уметноста. Ќе настапат звучни имиња од светот на музиката, но и најдобрите театарски продукции со извонредни драмски проекти. Предвидени се и три изложби,  ликовна, изложба на фотографии и на современ накит. Фестивалот и градот Охрид ќе бидат домаќини на над 800 уметници од 27 држави од Европа и целиот свет.

Како посебни доживувања на 58-то фестивалско издание се очекуваат концертите на пијанистот Николај Лугански, челистот Александар Књазев, виолинистот Сергеј Крилов, потоа пијанистот Александар Маџар, виртуозот на усна хармоника Антонио Серано, акапела-секстетот  „Д’Квин Сикс“  од Велика Британија,  како и неколку концерти што ќе се реализираат во соработка со амбасадите во Македонија. Традиционалната Полска вечер на фестивалот ќе донесе концерт на барокниот ансамбл „Вроцлав“, во рамки на Француската вечер ќе настапат светски познатиот пијанист Мишел Бурдонкле и неговиот син Николас, а во соработка со Амбасадата на Шпанија во Скопје ќе настапи сопранистката  Еугенија Боикс и пијанистката Ана Ферер.

Драмската програма започнува еден ден по свеченото отворање, а ќе понуди театарски креации од домашните театарски куќи, како и гостувања на театри од Србија, Хрватска и Словенија.

По традиција, во рамки на „Охридско лето“ ќе настапат и голем број домашни уметници од Македонската филхармонија, Македонската опера и балет и Музичката младина на Македонија.

Според директорката Вренцовска, сите сцени и простори каде што годинава ќе се одржуваат музичко-сценските настани на фестивалот се оспособени за уметниците, како  и за посетителите кои секоја година ги има во голем број, а како што најави,  од следната година е планирана  изградба на монтажно гледалиште кое ќе може да се поставува насекаде, со што ќе можат да се одржуваат настани на секое соодветно место во градот.

Фестивалот „Охридско лето“ се одржува со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, а помогнат од Општина Охрид, како и од бројни спонзори.

-Во мигот кога најавуваме незаборавно фестивалско издание дозволете да изразам благодарност пред се до Министерството за култура без чија поддршка  не може да се замисли успешната реализација на фестивалот, до нашиот генерален спонзор Македонски телеком, останатите спонзори и помагатели, пријатели на фестивалот, благодарност до Локалната самоуправа, благодарност и до вас медиумите кои придонесувате  „Охридско лето“ да биде нашиот најголем бренд  по кој не препознаваат и по кој не вреднуваат и надвор од државата, истакна на денешната прес-конференција, директорката на фестивалот „Охридско лето“, Сузана Вренцовска.

На скопскиот аеродром доцна попладнево пристигна оперската дива Елена Мошук која ќе го отвори годинешното издание на фестивалот „Охридско лето“.

Сопранистката Мошук се очекува вечерва да допатува во Охрид и ќе биде сместена во апартман во хотелот „Инекс Горица“, а утре, ќе се обрати на прес-конференција на која ќе го најави својот настап заедно со романскиот тенор Калин Братеску и диригентот Николае Молдовеану.

По прес-конференцијата, покровителот на „Охридско лето“, Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, за Мошук и останатите уметници кои на 12.јули, на Античкиот театар ќе го отворат фестивалското издание ќе организира свечен коктел во Вила „Билјана“.

Без какви било посебни побарувања околу нејзиното сместување и настапот на фестивалот „Охридско лето“ големата оперска певица  Елена Мошук денеска ќе пристигне на скопскиот аеродром, по што ќе биде сместена во апартман во хотелот „Инекс Горица“ во Охрид.

Романско-швајцарската сопранистка Мошук која има репутација на еден од најразновидните и најекспресивните сопрани во светот, доаѓа првпат во Македонија и вели дека е  многу возбудена што ќе го отвори фестивалот „Охридско лето“  за кој слушнала дека е важен настан во регионот.

– Знам дека многу популарни музичари биле често поканувани и секогаш доаѓале со огромно задоволство да музицираат на овој популарен фестивал во Европа. Дури и јас имам  некои подалечни роднини во Охрид и среќна сум  што ќе пеам за нив и за сите луѓе.  Судбината на уметникот  е да им донесе радост на сите луѓе во целиот свет,  и сум благодарна што сум поканета на  еден ваков прекрасен фестивал. Тоа е голема чест, вели оперската дива Елена Мошук.

Романскиот тенор со неверојатно активна концертна кариера,  Калин Братеску, кој ќе настапи на свеченото отворање заедно со Мошук, пристигна во текот на вчерашниот ден.

Двете оперски ѕвезди , под диригентската палка на маестро Николае Молдовеану, а во придружба на оркестарот на Македонска филхармонија, на 12.јули, на Антички театар, со почеток во 21 часот, свечено ќе го отворат годинешното 58-мо по ред издание на фестивалот „Охридско лето“.

„Охридско лето“  заедно со уметниците, спектакуларниот почеток на фестивалот ќе го најават на утрешната прес-конференција што ќе се одржи во хотелот „Инекс Горица“, по што претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов кој е покровител на фестивалот „Охридско лето“, ќе приреди свечен прием во вилата „Билјана“ во Охрид.

Пред почетокот на годинешното фестивалско издание,  „Охридско лето“ заедно со Општина Охрид и Јавното претпријатие „Градски гробишта“  реализираа успешен проект  за санација на гледалиштето во предворјето на црквата „Света Софија“.

 

Во текот на изминатиот период комплетно беа  заменети  дрвените седишта  на гледалиштето кои беа оштетени од забот на времето.

 

Новиот лик на гледалиштето не само што е добар од естетска гледна точка, туку е важен и од безбедносни причини бидејќи старите и веќе дотраени талпи претставуваа опасност за гледачите.

Предворјето на црквата „Света Софија“ со децении се користи како една од сцените за врвните уметници кои настапуваат на фестивалот „Охридско лето“.

Започна online продажбата на билетите за годинешното фестивалско издание на „Охридско лето“ на MK Tickets.

Online постапката за купување билет може да се реализира преку нашата веб- страна www.klinika.unet.mk од каде автоматски може да се поврзе на интернет-продажбата за настанот кој корисникот го има избрано од фестивалската програма.

Физичката продажба на влезниците во Дирекцијата на „Охридско лето“  и Билетарницата на Кеј „Македонија“ ќе стартува наскоро.

Во тек се резервациите кои можат да се направат на тел +389 46 262 304 / +389 46 261 304 или на е-маил адресата: reservation@klinika.unet.mk

12.7.2018 Свечено отворање
Сопран – ЕЛЕНА МОШУК, Романија/Швајцарија

Тенор: Калин Братеску, Романија
Диригент: Николае Молдовеану, Романија/Швајцарија
Оркестарот на Македонската Филхармонија

– Антички театар

13.7.2018 Театарска претстава
„ Стаклена менажерија“ од Тенеси Вилијамс

Режија: Софија Ристевска Петрушева
Продукција: Народен Театар – Охрид, Македонија

– Центар за култура „Григор Прличев“

14.7.2018 Д’ Квинс Сикс, aкапела секстет,

Виндзор кастл – Велика Британија
Контратенори: Даниел Бритеjн, Тимоти Карлстон
Тенори: Николас Маден, Доминик Бланд
Баритон/Бас: Ендрју Томсон, Сајмон Вајтли

– Црква „Св. Софија“

15.7.2018 – 16.7.2018 Изложба на фотографии „Oд уметничкиот пат на Георги Божиков“, Македонија

– Дирекција на НУ „Охридско лето“

16.7.2018 Квартет  „Филхармонија“, Македонија

Анна Кондратенко – прва виолина
Бојан Илкоски – втора виолина
Бојан Талески – виола
Марија Михајловска – виолончело

– Црква „Св. Софија“

17.7.2018 Пијано 4 раце, Македонија

Ана Гацева
Татјана Џорлева

– Црква „Св. Софија“

18.7.2018 Полска вечер

Вроцлавски барокен ансамбл
Анджеј Косендиак – диригент
Алдона Бартник – сопран
Пјотр Ликовски – контратенор
Бенјамин Глаубиц – тенор
Јержи Бутрин – бас

– Црква „Св. Софија“

19.7.2018 Еуген Сковородников – пијано, Канада

– Црква „Св. Софија“

19.7.2018 Премиера на театарската претстава „Мизантроп“ од Молиер

Режија: Ана Вукотиќ
Продукција: Театар Комедија – Скопје, Македонија

– Центар за култура „Григор Прличев“

20.7.2018 Алена Баева – виолина, Русија
Вадим Колоденко – пијано, Русија

– Црква „Св. Софија“

21.7.2018 Вадим Колоденко – пијано, Русија

– Црква „Св. Софија“

22.7.2018 Театарска претстава „Смртта на Дантон“ од Георг Бихнер

Режија: Дино Мустафиќ
Продукија: НУ Албански Театар – Скопје, Македонија

– Центар за култура „Григор Прличев“

23.7.2018 „176 Клучеви“
Боите на црното и белото

Сун Хи Јоу -пијано, Кореја
Марко Чампи – пијано, Италија

– Црква „Св. Софија“

24.7.2018 Дуо пијано

Иво Варбанов, Бугарија
Фиамета Тарли, Италија

– Црква „Св. Софија“

25.7.2018 Шпанска вечер

Еугениа Боикс – сопран
Aна Ферер – пијано

– Црква „Св. Софија“

26.7.2018 Француска вечер

Пијано 4 раце
Николас Бурдонкле
Мишел Бурдонкле

– Црква „Св. Софија“

 26.7.2018 Театарска претстава „ТОБИ“

според текст на Флоријан Зденек
Режија: Драгослав Тодоровиќ
Продукција: Театар за деца и младинци –
Скопје, Македонија

– Центар за култура „Григор Прличев“

27.7.2018 Вечер на ЕУ

„Романтична Виена”
Роберт Лербаумер – пијано, Австрија

– Црква „Св. Софија“

28.7.2018 „Скриеното, чудесно“

Изложба на современ накит, инспириран од ендемскиот вид
на микроскопски фотосинтетизирачки алги
во Охридското Езеро, Дијатомеи
Марта Пејоска, Македонија
Билјана Клекачкоска, Македонија

– Галерија „Марта Пејоска“

29.7.2018 Руденс Турку – виолина, Германија
Милана Чернјавска – пијано, Украина

– Црква „Св. Софија“

29.7.2018 Театарска претстава „Странци“ од Филипо Болоња

Режија: Нела Витошевиќ
Продукција: НУ Драмски театар – Скопје, Македонија

 – Центар за култура „Григор Прличев“

30.7.2018 Камерен оркестар на Музичка Младина на Македонија (МММ)

– Црква „Св. Софија“

31.7.2018 Александар Маџар – пијано, Белгија/Србија

– Црква „Св. Софија“

01.8.2018 Aлександар Књазев – виолончело, Русија

– Црква „Св. Софија“

02.8.2018 Трио: Крилов – Лугански – Књазев, Русија

Сергеј Крилов – виолина
Николај Лугански – пијано
Aлександар Књазев – виолончело

– Црква „Св. Софија

03.8.2018 Николај Лугански – пијано, Русија

– Црква „Св. Софија“

04.8.2018 Музички концерт на „Синтезис“, Македонија

– Антички театар

05.8.2018 Сора Дуо

Учида Шиори – саксофон, Јапонија
Фати Фехмију – хармоника, Македонија

– Црква „Св. Софија“

06.8.2018 Џузепе Нова – флејта, Италија
Џорџо Коста – пијано, Италија

– Црква „Св. Софија“

06.8.2018 Кубанска вечер
„Фламенго игра“
Кубански бенд ЕКОС, Куба

– Центар за култура „Григор Прличев“

07.8.2018 Театарска претстава „Девојчето со жиците“

од Марјан Неќак и Маја Хрговиќ
Режија: Марјан Неќак
Kопродукциски проект: СНГ Драма Љубљана, Словенија и
Подвижен Музички Театар – Битола, Македонија

– Сцена „Долни сарај“

07.8.2018 Камерен оркестар „Академија на солисти“

Диригент: Гудјон Емилсон, Исланд
Солисти:
Марко Скиаво – пијано, Италија
Серџо Маркеџани – пијано, Италија
Ајман Мусакјајева – виолина, Казахстан

– Црква „Св. Софија“

08.8.2018 Димитрије Бужаровски – Радомировиот псалтир оп. 47, Македонија

Весна Ѓиновска Илкова – сопран
Славица Петровска Галиќ – сопран
Благој Нацоски – тенор
Владимир Саздовски – бас
Оркестар и хор на Македонска опера и балет
Детски хор „Пиколо“
Диригент: Бисера Чадловска

– Предворје на црквата „Св. Софија„

09.8.2018 „Вечер на камерна музика со ансамблот на Игњац Фукс“, Хрватска

Фросина Богданоска – виолина, Македонија/Австрија
Хрвоје Филипс – виола, Хрватска
Илин-Диме Димовски – контрабас, Македонија/Хрватска
Дарио Голчиќ – обоа, Хрватска
Александар Тасиќ – кларинет, Србија
Јана Павловска – клавир, Македонија/САД

– Црква „Св. Софија“

10.08.2018 Роберт Биша – пијано

– Црква „Св. Софија“

10.8.2018 „Зад виножитото“

Ликовна изложба – масло на платно
Калина Брајковска, Македонија

– Центар за култура „Григор Прличев“

11.8.2018 Жана Марчинска – виолончело, Украина
Гана Гусиева – пијано, Украина

– Црква „Св. Софија“

12.8.2018 АМИРА ТРИО

Амира Медуњанин – вокал, Босна и Херцеговина
Анте Гело – гитара, Хрватска
Звонимир Шестак – контрабас, Хрватска

– Црква „Св. Софија“

13.8.2018 Дрилон Чочај – гитара, Косово

– Црква „Св. Софија“

14.8.2018 Театарска претстава „Во Агонија“ од Мирослав Крлежа

Авторски проект на: Нела Кочиш, Озрен Грабариќ и Дарко Стазиќ
Продукција: ПУК-Патувачки театар
и Сцена Рибњак- Младински центар Рибњак, Хрватска

– Предворје на црква „Св. Софија“

15.8.2018 Елвис Руди – флејта, Албанија
Марин Ѓолма – пијано, Албанија

– Црква „Св. Софија“

16.8.2018 „Потполно нешто друго“
Балкан Нуево, Словенија:

Горан Бојчевски – кларинет
Јан Север – клавир
Томаж Марчич – хармоника
Јошт Лампрет – контрабас

Гудачки квартет, Македонија:

Владимир Цветковски – прва виолина
Елена Талевска- втора виолина
Илза Бафтиари – виола
Дејан Теодосиевски – виолончело
Димитар Михајловски – соло виолина

– Црква „Св. Софија“

17.8.2018 Антонио Серано – усна хармоника, Шпанија
Констанца Лехнер – клавир, Шпанија

– Црква „Св. Софија“

18.8.2018 „Божествениот звук на бамбусовата флејта и Ксиао“

Кинески оркестар на бамбусовата флејта

– Црква „Св. Софија“

19.8.2018 Јубилеј од раѓањето на Македонските уметници Ристо Аврамовски, Драгослав Ортаков и Стојан Стојков

Горан Начевски – баритон
Јасна Аврамовска – пијано
Васил Атанасов – обоа
Тодор Светиев – пијано

Скопски дувачки квинтет:
Васил Атанасов – обоа
Марија Јаќимовска – флејта
Ристо Ѓоревски – кларинет
Даниел Апостолов – фагот
Александар Гошев – хорна

– Црква „Св. Софија“

20.8.2018 Свечено затворање
Tеатарска претстава „Илијада“ од Хомер

Режија: Јернеј Лоренци
Копродукциски проект: Словенечки Народен Театар – СНГ Драма Љубљана, Цанкариев Дом и Градски Театар, Словенија

– Антички Театар